На прво место

Никој не му се плаши на Мицкоски – рече Филипче и се оддалечи на безбедно растојание

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Изјавата на Венко Филипче дека „никој не му се плаши на Мицкоски“ ме потсети на деновите од младоста, кога двајца тинејџери ќе се скараа во маало, а работата ќе дојдеше до работ на тепачка.

Во таквите ситуации, послабиот обично најгласно се обидуваше да покаже дека е силен. Ќе ги подвиткаше ракавите, ќе го кренеше гласот и храбро ќе викнеше:

„Никој не ти се плаши!“

А потоа, без многу церемонии, ќе почнеше да се повлекува наназад. Прво еден чекор, потоа уште два, па ќе се најдеше на другиот крај од улицата. Се разбира, не затоа што се плаши, туку затоа што „не сакал проблеми“.

Од безбедна далечина повторно ќе довикнеше: „Дојди, ако смееш!“ Но само под услов посилниот да не тргне навистина кон него.

Така некако звучи и политичката храброст на Венко Филипче.

Филипче зборува за сила, решителност и непоколебливост, но најчесто од прес-конференции, партиски говорници и однапред подготвени настапи. Таму е лесно да се биде храбар. Микрофонот не возвраќа, говорницата не поставува прашања, а партиската публика аплаудира по команда.

Вистинската политичка храброст, сепак, не се докажува со извикување дека „никој не се плаши“. Таа се покажува во директна дебата, со аргументи, пред јавноста и со конкретни предлози за проблемите на граѓаните.

Кога некој постојано чувствува потреба да објаснува дека не се плаши, кај народот веднаш се јавува сомнеж дека можеби токму стравот е причината за толкава бучава.

Зашто храбриот човек обично не вели дека е храбар. Тој едноставно застанува и се соочува.

А оној што вика „никој не ти се плаши“, додека полека се повлекува наназад, само се надева дека другиот нема да забележи дека веќе ги врзал патиките за трчање.

Затоа изјавата на Филипче повеќе личи на маалска закана отколку на сериозна политичка порака: „Никој не му се плаши на Мицкоски!“

Само, за секој случај, нека не му се приближува премногу. Најверојатно токму затоа Филипче го нема ни во Собранието – таму растојанието до Мицкоски е значително помало.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top