На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев.
Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот јазик.
Во превод на македонски, извадокот гласи:
„Тој беден учител во Кукуш ја напушта службата кога ќе му текне и оди од град во град во крстоносен поход против книгите напишани на бугарски јазик… Во Охрид… неговите зборови беа полни со омраза кон сè што е бугарско. Велеше: ‘Едвај се ослободивме од Грците, зар сега Шопови да станеме?’
Од сето погоре изнесено јасно може да се разбере во каква пропаст сака да го турне народот тој таканаречен господин, поради што некои веќе се осмелија да изјават: Ние сме Македонци, а не Бугари!
„И порано сме слушале од патници за некои учители низ Македонија и за господинот Шапкарев: кој се трудел да ги убеди нашите македонски браќа дека едно е Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик. Меѓутоа, не поверувавме во тоа, зашто мислевме дека станува збор за грчко лукавство за поделба на нашата народност…“
„Право“, бр. 30, 30 ноември 1870 година, Цариград.