Друштво на Македонците во Полска
Гдањск, 28 мај 1994 година
До
Претседателот,
Владата и Парламентот
на Република Македонија
АПЕЛ
Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – симболот на древните Македонци и од записот во уставот, за кои единствено право да решава има македонскиот народ. Никој друг!!!
Ние најдобро ги познаваме грчките власти. Апелираме: не им верувајте ниту на еден збор. Доста злосторства ни направија.
Древните Македонци не беа Грци. Меѓувреме Македонците примија словенски јазик. Исто и Грците како и нивниот јазик поминаа голема метаморфоза. Овие факти добро ги знаат сите сериозни историчари. Исто така ги знаат и грчките власти.
Користејќи ја својата позиција (членство во НАТО и Европската Заедница), Грција ја натера Република Македонија во бескрајни разговори на измислени и нафрлени теми. Тоа го направи за да не се говори за букурештенскиот договор /10.08.1913 год./ и анексијата на егејскиот дел на Македонија. Да не се говори за положбата на обесправеното македонско малцинство како и за Македонците – бегалци од Грција.
Токму тоа треба да се бара од Грција!!!
Разговорите за измислените и нафрлените теми треба да се укинат.
Ние не ќе акцептираме никаква отстапка. Македонија е една!!!
Не прифаќаме „северна“, „скопска“, „бивша“ и т.н. Вардарскиот дел на Македонија НЕ Е ПОКРАИНА туку НЕЗАВИСНА ДРЖАВА и како таква можи и треба да има само едно име: „Република Македонија“, свое знаме, свој устав и свој симбол – сонцето на древните Македонци.
Од името на Друштвото
Алексовски Мито (претседател)
Мито Алексовски, кој го потпишал апелот од 28 мај 1994 година како претседател на Друштвото на Македонците во Полска, е татко на Петро Алексовски, режисерот на документарниот филм „Македонецот“ и автор на изложбата „Мајко мила“. Филмот ја раскажува животната приказна на Мито, кој како дете-бегалец од селото Шештево, Костурско, заминал во Полска. Македонска нација