Македонски легенди

Крум Томовски

krum-tomovski

krum-tomovskiКрум Томовски (1924 – 2010) е македонски архитект, конзерватор, професор и академик. Тој е еден од првата повоена генерација дипломирани македонски архитекти кој работи не само на создавање на нови кадри, туку и на дефинирање на основните вредности на македонската архитектонска историграфија. Истражувајќи го континуитетот на традиционалната архитектура во Македонија, тој во своите трудови ги открива и афирмира вредностите на народното градителство, специфични за македонскиот национален идентитет.

Крум Томовски е роден на 21 декември 1924 година во Скопје. Основно и гимназиско образование стекнува во родниот град, а потоа се запишал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. По дипломирањето во 1952 година, Томовски бил избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 година е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, а од 1963 до 1965 година Крум Томовски бил основач и прв директор на Заводот за заштита на спомениците на културата во Скопје.

Во меѓувреме, Томовски се вклучил во обновата на средновековните градби. Од 1953 година работел на конзервација и реставрација на црквата Св. Софиј, Св. Богородица Заумска, како и на други сакрални објекти во Охрид. Во овој период соработува со својот белградски професор  Ѓорѓе Бошковиќ и во 1961 година по повод тогашниот Византиски конгрес ќе објават заеднички труд под наслов „Средновековната архитектура на Охрид“.

Во 1965 година Крум Томовски бил избран за вонреден професор, а од 1970 година го раководи Архитектонскиот оддел. Наредната 1971 година тој бил избран за редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во 1977 и 1978 година Томовски бил декан на Архитектонскиот факултетот, а од 1978 до 1982 година бил проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Од 1986 до 1991 година Томовски бил претседател на Собранието на Републичката заедница за култура, а бил и претседател на Архитектонската академија на Македонија од нејзиното основање во 1997, па се` до 2000 година.

Напоредно со формирањето на стручни кадри преку работата на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет, а подоцна и Архитектонски факултет, Томовски се впуштил во дефинирање на основните вредности на архитектонската историографија. Со своите трудови тој е еден од основоположниците на интересот за архитектонските традиции, како и за афирмација на вредностите на народното градителство.

Неговата научно-истражувачката работа била забележана, па на 26 декември 1974 година Томовски бил избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а за редовен член бил избран на 14 мај 1979 година. Томовски бил секретар на Академијата и тоа во периодите од 1984- 1987, 1988 – 1991 и 2004 – 2007 година, а бил избран и за член на Претседателството на академијата од 2000 до 2003 година. Тој раководел со повеќе проекти на МАНУ, давајќи свој придонес кон градење на архитектонскиот континуитет во Македонија.

Работејќи на конзерваторско-реставраторската проблематика, во текот на својата богата професионална кариера, Томовски реализирал бројни проекти и ги надградувал своите научно-истражувачки искуства. Пристапувајќи студиозно кон истражувањата на архитектонските споменици од разните историски или стилски периоди, Томовски ја истакнува традиционалната архитектура во Македонија и афирмативно ги претставува пред домашната и странската научна и стручна јавност.

Томовски се посветил на истражување на архитектурата од разните историски периоди, вклучувајќи ги тука античкиот период, средновековната и исламската, како и народната архитектура во Македонија. Така тој работел и на обновата на „Куршумли – ан“, на Лесновскиот манастир, на Кратовските кули, на зачувување на безистените во Штип и Битола, прв започнал да го заштитува Чифте-амам во Скопје, а бил и автор на проекти за обнова на Северната базилика и на термите во Стоби.

Томовски ги проучувал македонските мајстори градители и нивниот придонес во развојот на архитектурата во текот на XIX и XX век. Ја истражувал и архитектурата на другите балкански народи, задржувајќи се притоа на градбите на македонските мајстори. Тој прв го истражил делото на Андреј Дамјанов и тоа е еден од позначајните објавени трудови во 1966 година. Во овој труд се дадени вредностите и спецификите на македонското преродбенско градителство од XIX век и оваа труд, како и други негови студии, претставува појдовна точка за истражување на македонскиот национален идентитет.

Огромен е опусот на студии и статии на Крум Томовски (повеќе од 200 единици). Од големиот број трудови објавени во земјата и странство како позначајни се издвојуваат: „Средновековна архитектура во Охрид“ (1961), „Мајстор Андреја Дамјанов 1813 – 1878“ (1966), „Велешките мајстори и зографи од 19 и почетокот на 20 век“, „Протомајсторот Ѓорѓи Новаков Џонгар – животот и делото“. Потоа, тука се и трудовите: „Руско-македонските врски во областа на етнографијата во 19 и 20 век“, „Македонските мајстори градители во 19 век“, „Христијанската сакрална архитектура во Македонија во 19 век“, како и други.

Томовски учествувал во редакции на повеќе публикации, а бил член и одговорен уредник на Годишниот зборник на Техничкиот, односно подоцна на Архитектонско-градежниот факултет, потоа член на редакцијата на публикациите на Заводот за студии и проектирање, на списанието „Културно наследство“, како и на др. Притоа Томовски имал огромно влијание кон своите студенти и соработници на кои им ја всадил љубовта кон историјата на архитектурата, како и кон заштитата и ревитализацијата на архитектонското наследство.

Во последните деценија од својот живот, како експерт работел на реконструкција на црквата Рождество на Св. Богородица во Скопје, потоа на возобновување на Светиклиментовата црква и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, во обновата на куќата „Уранија“ во Охрид, а бил член на комисии и одбори за подигање на споменици и нови културни објекти кои се дел од Скопје 2014. Сепак не дочекал да ја види нивната реализацијата на голем дел од овие проекти. Починал во Скопје на 8 јули 2010 година.

За својата работа Крум Томовски е одликуван со Орден на трудот со златен венец и добитник е на наградата „11 Октомври“, „Климент Охридски“, а во 1989 година прв ја добива наградата „Андреј Дамјанов“.

Најново од: Македонски легенди

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

Михаил Чаков – војводата што ги зачува светите мошти на Гоце Делчев

Михаил Чаков е роден на 16 март 1873 година во Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија, а починал на 17 септември 1938 година во Софија. Михаил Чаков бил македонски револуционер, илинденски војвода, соработник на Гоце Делчев и човекот што ги пронашол, прибрал и со години ги чувал неговите посмртни останки. Михаил Чаков е една од оние […]

Волф Ошлис – „духовен воин“ за македонското прашање ширум Европа и светот

Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога македонската посебност […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Најнови вести

To top