Среда, 18 Октомври 2023   
ЛУ ВЛАШО – ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА (38)

1por3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Бев еден од првобитните основачи на ОМД и служев во советодавниот одбор од неговото основање и го правам тоа до ден-денес. Младото раководство на организацијата направи извонредна работа во претставување на дијаспората во континуираната борба за слободна и независна Македонија. 

Тие ги преземаат клучните прашања и секогаш ја претставуваат својата страна на каузата на јасен и одлучен начин. Нејзиното присуство во Вашингтон никогаш не било подобро и групата во Конгресот на САД продолжува да расте.

ОМД стана организација број еден во светот која ја претставува македонската дијаспора. Претставништвото на ОМД во САД, Канада, Австралија и Европа е воспоставено на цврста основа и што е многу важно, полно е со млади и посветени Македонци. Тоа беше направено со посветена и несебична работа со многу ограничен буџет.

 Се оддалечувам овде од темата за да ви ги дадам моите размислувања за веикодушните Македонци. Тие ќе ви ја дадат кошулата од грбот за лична работа, но низ историјата никогаш не сакале да донираат за цели со кои целосно се согласуваат. Се надевам дека ќе дочекам тоа да се промени.

Бев среќен кога мојот пријател ми кажа дека може лично да му го предаде писмото на претседателот пред состанокот на НАТО во Букурешт, Романија во 2008 година. Иако претседателот Буш даде поддршка - тој рече дека ќе има две нови членки во НАТО, Албанија и Македонија - тоа не се случи. Тоа ми покажа колку е силно лобито на грчката влада.

ОМД ми даде уште една можност со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во мај 2012 година, кога му беше врачена награда и зборуваше на гала вечерата на Обединетата македонска дијаспора на Чикаго во Чикаго. При една од моите посети на Македонија се запознавме и разговаравме за извонредните македонски дипломци од Универзитетот во  Охајо кои имаа многу успешни кариери.

Меѓу нив беше и Ана Ставреска, исклучително успешен директор за инвестиции во хартии од вредност; Ирена Стравреска, сега директор на кредитната линија во Велс Фарго; Ана Гицова Њуман, која сега е во Арм Лтд. (Arm Ltd.), сектор на NVIDIA; Славе Јовановски, во Гугл; и Делфина Јовановска, која работи во Apple.

Ѓорге сакаше да ги запознае и предложи да ни се придружат во Чикаго. Тој оствари средба со нив пред гала вечерата и ми рече дека е импресиониран од секој од нив. Побара да ги искористат своите таленти за да им помогнат на Македонците и на Македонија.

Тие исто така беа претставени на гала вечерата и нивните биографии беа вклучени во програмата на таа вечер. Тие не ја заборавија својата земја и ѝ беа многу лојални и ја поддржуваа. Тие се пред се Македонци!

Во 2014 година ми беше голема чест што ОМД ми ја додели глобалната ОМД награда за македонско наследство во јавни услуги на 10-годишнината во Вашингтон.

Тоа беше еден од најисклучителните настани во мојот живот. Вечерта стана уште подобра затоа што на Пети и на мене ни се придружија сестра ми Кристин и нејзиниот сопруг Волт Јанг; мојот постар син, Винс, и неговата сопруга Џери, со нивните две ќерки Меган и Алексис

И за сето тоа да биде целосно, присуствуваа и моите „посвоени внуки и внуци“ од Универзитетот во Охајо.

За новите поборници на Македонија

Еве ја рамката на организацијата која со гордост ја поддржувам уште од почеток:

Обединета македонска дијаспора

ИЗЈАВА ЗА ИДЕНТИТЕТ

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е водечка меѓународна невладина организација која ги промовира интересите и потребите на Македонците и македонските заедници ширум светот.

Со седиште во Вашингтон, ОМД е присутно во САД, Австралија, Канада и Европа, со членство кое опфаќа шест континенти.

ВИЗИЈА

Замисливме една влијателна, почитувана и обединета македонска дијаспора посветена на градење и одржување на глобалната македонска заедница.

ЦЕЛИ

Заштита на правата на сите Македонци ширум светот

Обединување на македонската дијаспора

1por33

Соработка со поширока меѓународна заедница преку промовирање универзални идеали за мир, слобода, самоопределување, еднаквост и правда

Промовирање на етничкото македонско наследство и идентитет

Зачувување на македонските традиции преку едукативни, социјални и добротворни програми

Македонија 2025 година

Постои уште една организација која има за цел да донесе економски раст во земјата. Не сум бил инволвиран со нив, но сакав да понудам опис на организацијата, во скратена форма од нивната веб-страница.

ИЗЈАВА ЗА ИДЕНТИТЕТ

Македонија 2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на развојот на економијата и лидерството, која работи во соработка со бизнисот, владата и академската  заедница за да создаде можности и да изгради капацитети за економски раст, а со тоа помага во градење посилна нација.

ВИЗИЈА

Нашата визија е Македонија да стане водечка економија и најпросперитетна земја во регионот.

ГЛАВНИ СТРАТЕШКИ СТОЛБОВИ

Со забрзување на растот и конкурентноста на македонските бизниси

2. Да се забрза развојот на лидерството и поддршка на младите таленти

3. Да се изградат силни партнерства и врски ширум светот

4. Да се залага за подобрување на македонското деловно опкружување

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.