Среда, 20 Декември 2023   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОЕМВРИСКИОТ БР. 64 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

2sa2

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави ноемврискиот бр. 64 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура. Ова значајно списание успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска Австралија. .

Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетесата Љубица Поповска  од Мелбурн, на која во 2023 година се навршија 45 години од објавувањето на нејзината прва збирка песни “Битола, бабан, Битола” посветена на 4-ти Ноември, ослободувањето на Битола. Таа е родена во Битола. Дипломирала на Економскиот факултет и Филозовскиот факултет во Скопје. Автор е на петнаесет дела објавени во Македонија и Австралија.

Во овој број на списаниетo „Повод“, Гордана Димовска се осврнува на првото дело ”Меѓа на животот”, за кое пишува дека Љубица Поповска зборува за животот кој постојано и е исполнет со непредвидливи ситуации, и плете мрежа од која не знае како, но остава на судбината, на времето. Стиховите низ целата книга се произлезени од душа, со едноставност и смиреност ни зборуваат и чиниш се залеваш со сласт и учиш нова животна лекција.

Исто така, и Душан Ристевски-Македон пишува за најновото дело на Љубица Поповска под наслов „Меѓата на животот“. Тој вели дека во предговорот на книгата Љубица забележува дека пишувањето поезија не и’ дава мир. Пишува патриотски и лирски песни, со социјални и религиозни теми, но секако по преселувањето во Австралија преовладува темата поврзана со иселувањето и болката за родното огниште – Македонија.

Исто така, таа пишува и детска поезија инспирирана од своите деца и внуци. За Љубица, членувањето во Литературните друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн и Литературното друштво „Григор Прличев“ ја потсетува на нејзиниот поетски почеток како член во Литературниот клуб „Стале Попов“ во Битола. Нејзини книги се промовираат во овие градови како и во Битола, а тоа е и голем стимул и предизвик да продолжи и твори, да ги изнесува своите чувства и немир, својот восхит и сонови. .

Во продолжение е поместен текст за 11 Октомври од авторот на овој запис Славе Катин, во кој се вели дека на 11 Октомври 1941, пред точно 82 години, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Зато овој голем ден се прославува не само во Република Македонија, туку и во иселеништвото во целиот свет каде што живеат Македонци, каде традиционалните прослави секоја година се организираат со богата културно-уметничка програма.

Инаку, 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ од етничка Македонија проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Во овој број на „Повод“ Душан Ристевски-Македон, објави текст за делото на Славе Катин „Избор на трудови“, во кој се вели дека ова дело  е посветено на објавени трудови за македонското иселеништво ширум светот, за црковно-духовниот живот, за голем број познати личности и други текстови поврзани со етничка Македонија. Славе Катин е aвтор на шеесет и две публикации, од кои 22 со името Македонија, 21 монографии за познати личности од дијаспората и Македонија, 7 лексикографски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, нагласува Душан Ристевски-Македон.

Александар Донски го презентира текстот за делото „Беломорска“ од Марија Воденска. Во него се вели дека ова дело, чие прво издание е објавено уште во 1991 година од познатата писателка и поет Марија Воденска, сега како второ издание содржи раскази, песни и монодрама со теми од животот на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Марија Воденска е родена во селотоЦакони, Воденско, Егејска Македонија во 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, беше протерана од родното огниште, како и други жители кои имаат судбини како Македонците распрснати по светот.

Душан Ристевски-Македон пишува и за поетскиот опус и промоцијата на книги  на Оливера Јовановска, која се оддржа на 10-ти ноември во Македонската библиотека на Литературното друштво „Григор Прличев“. Промоторот Иван Трпоски го опиша богатиот поетски опус на Оливера Јовановска, која за само неколку години пред јавноста се појави со пет збирки поезија и еден роман преведен на три јазици, а со поезија и раскази е застапена во неколку антологии и зборници во Македонија. Нејзина поезија и проза е наградувана на повеќе конкурси во Австралија и Македонија, меѓу кои добила и први награди за поезија на конкурсите „Мајка Тереза“ и „Сплоти се Македонијо“.

Исто така, Иван Трпоски во текстот под наслов  „Сергеја Секуловски – македонски активист кој не треба да се заборави“, пишува дека Сергија е роден на 7-ми октомври 1933 година во неговото село Волино, Охридско. Роден е во време кога во Македонија владееше големо-српската хегемонија и во многу сиромашно семејство, но тој бил со интересна животна бунтовничка животна сторија. Затоа, Сергија бил приморан и на 17-ти септември 1966 година, ќе им рече збогум на своето родно Волино, на  Охрид и на Македонија и ќе се досели во гратчето Грингила - 100 км на југ од Сиднеј, во Австралија. Разделбата со Македонија и со најмилите роднини и пријатели, поготово со сопругата Даница ќе ја доживее мошне трогателно. Сергија како Македонец и патриот беше мошне познат во македонската заедница ширум Австралија, пишува Иван Трпоски

Посебно место е посветено на текстот на Славе Катин за „Заедницата на Македонците во Хрватска“ (ЗМРХ) која е формирана на 22.12.1991 година и слави 30. години од нејзиното постоење Во текстот е потенцирано дека основната дејност на Заедницата се состои во чување на националниот идентитет и ентитет, негување на јазикот, фолклорот, пишаниот збор, културните и природните богатства на Македонија, историските факти и вистината, како и одржување на тесни контакти со матичната држава и соработка со нејзините институции.

За одбележување е текстот под наслов „Пречек на светите мошти на Св. Димитрија Солунски“. Имено,  на 8 ноември 2023 година Македонската православна црковна општина „Свети (вмч) Димитрија Солунски’’ од Волонгонг, го прослави својот патрон „Св. Великомаченик Димитрија Солунски“ по повод храмовната Слава и торжествениот пречек на светите мошти на Свети Димитриј Солунски.

Во рубриката „Настани“, пак, е презентиран текст за турнејата на познатиот Симон Трпчевски во Австралија, во кој се вели дека Австралиската турнеја на македонскиот пијанист од светски глас, започна на 18 ноември, со концерт во Хобарт, Тасманија. Трпчески настапил со Тасманскиот симфониски оркестар, во Federation Concert Hall, изведувајќи го Концертот за пијано број 2, од Јохан Брамс, под диригентската палка на Едвин Одланд. Во вторник, на 21 ноември, Трпчески одржaл рецитал во Elder Hall North Terrace во Аделаид, а турнејата во Австралија ја завршил со концертот на 25 ноември, со Западно-австралискиот симфониски оркестар во Перт.

Во продолжение се дадени текстови за прогласувањето на документарецот на Ване Цргаров за најдобар и за организирањето на  традиционален пикник на членовите на Австралиско - македонскиот театар од Сиднеј кој се одржал во Carrs Park на 10 декемврн.

Посебен простор е даден за текстот на Весна Дамчевска под наслов „Со македонскиот јазик, поблиски до Татковината“, во кој се вели дека се одржа приредба во саботното училиште по македонски јазик Килор Даунс во Мелбурн. Притоа, учениците и учителите од овој центар во двочасовна програма исполента со рецитации, песни, драматизации и фолклорни настапи, покажаа што учеле и научиле во текот на учебната година.

Исто така, значајно место е посветено на текстот на Виктор Бивел на англиски јазик под наслов „Децата од грчката Граѓанска војна  бегалците и политиката на меморијата“ од Лоринг М. Денфорт и Рики Ван Боешотен (дел еден), потоа на историскиот текст под наслов „Автентичното бугарско Сведоштво за настаните во Прилеп од 11 Октомври 1941 година“ од Александар Донски, како и на текстот „Сензационални, досега непознати во нашата јавност сведоштва за теророт на Македонците за време на Ѓраѓанската војна во Грција“.од Душан Ристевски-Македон.

Списанието завршува со текстот за можноста за објавување на книги преку Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, со рубриката „Еден поет – една песна“, каде е објавена песната „На Гоце Делчев Војводата“ од Спасија Огненовска од Сиднеј, и во рубриката „Здравје“  Мена Ристевска го презентира текстот „Форми на деменција“, за да се заврши овој број со соопштението на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј  кое го организира својот традиционален награден конкурс за поезија и проза за возрасни и деца под наслов „Прличева награда“

1slavek4 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.