|
|
КОРЕНИ на георги (ЏОРЏ) томов ВО МАКЕДОНИЈА (7) |
Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН Според биогравските податоци, Георги (Џорџ) Томов е роден во Струмица, Македонија, на 18 март, 1933 година. Во 1944 целото семејство Томови се преселува во Скопје каде Томов го продолжува своето образование, а 1952 матурира на средно-техничко училиште, шумарско-градежен отсек. Од 1953 до 54, Томов ја посетува школата за резервни официри во Задар, Хрватска Корените на Георги (Џорџ)Томов од страната на татко му Иван водат до познатиот македонски град Крушево. Тоа е мало градче и место на турбулентното минато на македонскиот народ. Тоа е сместено на Бушева Планина, на 1.250 м надморска височина, со што веројатно е највисокиот град на Балканскиот Полуостров, со околу 4.000 жители. Крушево е оддалечено само 30 км од Прилеп и околу 50 км од Битола, а е поврзано со асфалтни патишта. Тоа е познато туристичко место со блага и пријатна клима што овозможува на туристите да имаат пријатен престој и во зимскиот и во летниот период. Во текот на летото буковата шума нуди извонредна рекреација, а во текот на зимата, пак, има идеални терени за скијање. Во македонската национална историја Крушево е забележано како средиштен на првата Република на Балканот-Крушевската Република прогласе на 2 август 1903 година, кога македонските востаници во текот на познатото Илинденско востание, го ослободија Крушево и востановија своја власт со Претседател на Републиката. Таа постоеше само 13 дена, но остана во историјата како голема инспирација и поттик за македонскиот народ. Покрај македонските православни цркви и манастири, во Крушево го свртува вниманието Градскиот мусеј со саркофагот на претседателот на Републиката, Никола Карев. Исто така, старата архитектура и другите споменици заслужуваат посебно внимание. Легендарниот Мечкин Камен со споменикот на востаниците на Питу Гули во Илинденското востание е во непосредна близина на Крушево, каде секоја година се прославува Илинденското востание. Георги (Џорџ)Томов, речиси целиот свој живот го помина во иницирање, организирање, воспоставување и во негување на македонската култура и во Соединетите Американски Држави и во бројни земји низ целиот свет во кои тој промовира добра волја и подобро разбирање меѓу различни етнички групи. Неговите енергични настапи и учества во бројни културни настани, особено во целата Америка, Канада и Австралија, го направија омилен, почитуван и го зближија со други меѓународни експерти во истите или слични области, поттикнувајќи ги да учествуваат со поглема енергија и ентузијазам во меѓу-размената на фолклорот, народните ора и песни меѓу земјите и народите. Герги (Џорџ)Томов е роден во Струмица, Република Македонија, на 18 март 1933 година (почина на 5 август 2008 година), од татко Иван Ангелов Томов (1888) и мајка Анета Патарова (1896). Семејството Томови се состоело од четири деца: неговите сестри, Марија (1922), Загорка (1926) и братот Јанко (1938). Неговиот татко дошол од Крушево, а неговата мајка била родена Струмичанка, од каде било нејзиното цело семејство. Таткото на Георги работел како патувачки претставник за една компанија за електрични апарати, а неговата мајка, домаќинка, понекогаш придонесувала во домашниот буџет со тоа што вршела презентации на машините за шиење “Сингер” во нивниот дом. Иако таткото на Георги никогаш ниту играл ниту пеел, неговата мајка сакала да учествува во сите празници и свечености со народни игри и песни, кои отсекогаш биле голем настан во македонските заедници. Радиото и телевизијата требало допрва да се појават, така што во тие денови градските луѓе се собирале пред куќите на соседите да играат и пеат. Како што се стемнувало луѓето носеле инструменти и следеле игри и песни. Свечените игранки биле голем настан во младоста на Георги. И неговите сестри биле играорки и песнопојки. Во тоа време, во Македонија на младите жени не им било дозволено да излегуваат по заоѓање на сонцето без придружба. Бидејќи токму тој бил во улога на придружник, иако сеуште мал, народните игри и народни песни набргу го освоиле момченцето. Сакал да гледа како другите играат и набрзо и тој, исто така, пеел и играл. Поради недостиг од доволно мажи, 'побарувачката' за неговата достапност продолжила да се зголемува, особено во игрите во двојка. Играњето во свечени сали било популарно во попладневните часови, но орото “Елено моме” му останало во извонредно сеќавање на Георги Томов како прво народно оро што тој го запаметил. Тоа се случило во Струмица каде го поминал детството, заедно со сестрите Марија и Загорка и со братот Јанко.
Струмица Георги (Џорџ)Томов, неговите две сестри Загорка и Марија, како и брат му Јанко се родени во Струмица, во ѕвездениот град, како е наречен овој карневалски центар во источниот дел на Република Македонија. Инаку, родниот град Струмица, под името Астрион (ѕвезден град), се среќава во првата половина на 6-от век, како еден од осумте градови на Римската провинција - Втора Македонија. Настанувањето на старовековна Струмица е сврзано со тврдината Цареви кули, чии остатоци и денес гордо се издигаат над градот. Во Струмица се наоѓа и една од најстарите ранохристијански базилики на Балканот, врз чиишто темели подоцна е изградена црквата Свети 15 Тивериополски маченици. Црквата е изградена во чест на свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици дојдени од Тивериопол (Мала Азија), според кој еден период и градот Струмица го носел името Тивериопол. Светите 15 Тивериополски маченици се патрони на градот Струмица и негови заштитници. Традицијата и културата во Струмица се почитуваат и негуваат како трајни вредности и со посебно внимание. Посебен акцент се става на културниот живот и културното наследство и на спомениците на културата како инспиратори на денешниот богат општествен живот во градот. Веќе неколку децении, Струмичката ликовна колонија е домаќин на многу познати ликовни творци од републиката и странство. На Струмичката театарска сцена и во рамките на одржувањето на театарот “Ристо Шишков”, со свои претставници се појавуваат врвни ансамбли, а богатството на фолклорот и песната во континуитет ни го прикажуваат постојните културно уметнички друштва. Продолжува Пишува СЛАВЕ КАТИН |