Среда, 13 Март 2024   
КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ (17)

1zive2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Многу историски моменти поврзани со древната и неодамнешната историја на Македонците не се случајно поврзани; нивниот одраз е екстремно видлив во добро познатите народни ора: Тешкото, Русалии, невестинското, комитското, калајџиското, беранчето, арамиското, жетварското, копачката и др.

Низ векови, па и денес, во двориштата на маркантните византиски цркви, селските куќи, собирите за време на одморите и на комеморативните историски датуми се собираат игроорци од оддалечени места за да го прослават и одбележат поводот, симбол на македонското минато, потсетување на идејата за заедничко живеење, да создадат идеална братска човечка заедница.

Исто така, Георги (Џорџ) Томов напиша дека народните игра и песни не познаваат граници меѓу народите. Народното оро води потекло од народите, од луѓето. Тоа им служи ним и воспоставува уникатна основа за нивно единство. Македонските народни ора имаа сличности со народните ора на соседните држави на Србија, Бугарија, Албанија и Грција.

Орото се игра во круг, во смер спротивен на стрелките на часовникот. Постојат машки, женски и мешани ора. Направена е поделба според одредени црти, целта и контекстот. Секое народно оро го води ороводец, таканаречен танчер, збор кој доаѓа од зборот танец- народно оро.

Ороводецот се смета дека е најдобриот игроорец. Слично, за да се постигне одредена правилна форма на прстен, има и друг добар игроорец на крај од прстенот, таканаречен “кец”.

Не е ретко да се биде сведок на инспиративна креативност на ороводоецот кој, придвижуван од емотивен полнеж и од задоволството, оддава признание на својот ентузијазам преку иновација на разнообразни движења и фигури.

Ете така Македонецот, понесен од виорот на енда песна поврзана со историски моментум, т.е. спомен од македонското минато на едно оро, му припишува специфична црта или главна особина која манифестира оригиналност помеѓу другите народни ора на Балканот.

Едно народно оро или група народни ора, вклучува екстремно раскошна поврзаност на елементи на чекори наменети да сугерираат карактеристични страни на идејата што стои зад  истото и на целта што е пред него.

Тешко е да се сфати генијалноста на човека која го инспирира во креативноста на орото. Постојат голем број чекори и ора кои ја скриваат необјаснивоста на феноменот на сликање на обичниот, секојдневен живот на Македонците.

Според Томов имињата на ората потекнуваат од лични, географски и религиозни референци, вештини, идентификации што им се припишуваат на револуцијата и сл. Карактеристиките на секое специфично оро зависат од изворот, потеклото и времето на создавање; од разноликоста и богатството на местото, етничките и другите аспекти на регионот.

Гледачот е изненаден од правилната формација на играорци и тој има нагон и тежнее да ги изрази своите исклучителни чувства во суперлативи. Тој ќе каже дека орото е елегантно, пластично, кореографски богато, флексибилно, суптилно, емотивно обоено, итн. Но, навистина никој не може да навлезе во основниот мотив - поттикот, потстрекот, кој е суштина и генератор на таквата импресивност.

Македонското оро е воздржано, претпазливо - имате неодоливо чувство дека стопалата, со секој чекор, бараат безбедно, сигурно место да се одморат. Орото често започнува со движења кои се слични на религиозни емоции.

На пример, во западниот дел на Македонија (Тешкото, Невестинското), на почетокот темпото  речиси е аритмично, за во подоцнежната фаза да се развие во едно високоритмично ниво во потрага по експлозивна веселост и, на точката на најдивото темпо, тоа престанува како симбол на погодена цел.

Игроорците не го напуштаат подиумот поради физичка исцрпеност, туку поради процесот на “оствареност, на постигнатост”. Кога би продолжиле со играњето, орото би ја изгубило својата смисла. Од посебен интерес е фактот дека кореогорафијата во македонските ора произлегува од секојдневниот живот.

1zive22

Ансамблот „Томов“

Го имаме случајот на калајџиско оро, кое вклучува професионални движења на калјаџискиот занает и кое е кореографирано во тој шаблон. Други ора се оро на жетварот, оро на орачите, итн.

Играорецот и кореографот Томов напиша дека е вредно да се спомене дека тоа се ора кои насликуваат чудесни, величенствени мимики на љубовта и борбите на овчарите и сите видови активности, тежнеења од секојдневното живеење.

Од друга страна, ората од источните делови на Македонија негуваат едно балансирано темпо без екстремни промени. Комплексноста и суптилноста на кореографиајата и ритмот на македонското оро се директно поврзани со музичкиот ритмички бит бидејќи орото, по правило, е поддржано од музиката и од песната.

Според податоците на Институтот за фолклор на Македонија,  стотици балетски групи прават напори да го задржат народното оро, а бројни фестивали во Македонија пружаат можност да се прикаже ова огромно национално наследство и, истоврмено, на културата ѝ даваат можност да излезе од анонимноста за да им овозможи на други народи, исто така, да уживаат во генијалноста на македонскиот народ преку неговите народни ора.

Меѓу другите работи, Томов во списанието Вилтис (Надеж), број    14-15, вели дека Македонците, последниот народ на Балканот кој ја доби својата национална слобода (а сепак не целосна, бидејќи Македонците во Грција и во Бугарија сеуште ја немаат почувствувано среќата на слободен народ), трпат социјална, општествена неправда како резултат на милитантните претензии на соседните држави.

Оваа македонска земја навистина била лулка на знаењето и е проголтана, опкружена, во рамките на Балканскиот Полуостров. Литературата и фолклорот на Македонија произлегува и се совпаѓа со развојот на самосвесноста и на националните чувства на овој народ.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.