Среда, 03 Април 2024   
ПРИЗНАНИЕТО НА „ТОМОВ“ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЊУЈОРК И ВО ЊУ ЏЕРСИ (20)

1blc2ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Како истакнат лидер во македонските заедници во Њу Џерси и Њујорк, Георги Томов има дадено значаен прилог и придонес на Балот. Овие државни признанија се во исто време и признание за неговото учество на различни полиња во македонските заедници, особено за формирањето на ансамблот “Томов”.

Инаку, Георги (Џорџ) Томов има добиено државни благодарници за неговата кореографија и учеството за јубилејната 100-годишнина на Статуата на слободата, во 1986 и 1990 година, како и за учеството на неговиот ансамбл на повторното отворање на островот Елис, каде голем број Македонци прв пат стапнале на американско тло, токму на овој по многу нешта необичен и карактеристичен остров.

Во градот Њујорк со успех работеше Ансамблот за народни игри и песни “Томов”. Ансамблот “Томов” беше формиран 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот континент богатите игри и песни од Балканот, посебно од Македонија. Тој беше составен исклучиво од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф е Македонец.

Тоа беше единствен ансамбл во светот од ваков вид. Поголем број од членовите по занимање се професори, инженери, научници, кои своето слободно време го посветувале на убавите игри и песни од богатата македонска фолклорна традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” се познати на македонската јавност уште од 1979 година, кога првпат американските играорци со успех  гостувале во Република Македонија.

Ансамблот “Томов” во своето постоење имаше постигнато огромни резултати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одржувал од 6 до 14 концерти во најпознатите светски Сали: Карнеги хол и Линколн центарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и во многу други поголеми и помали градови во САД и во Канада; настапувал на повеќе телевизиски станици во САД; учествувал и на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид 1984 година и на специјалистичкиот концерт за свеченото отворање на Еллис Исланд 1990, но и на многу фолк фестивали во Америка.

Најпознатите весници: “Њујорк тајмс”, “Денс магазин”, “Дејли њуз”, “Ривердејл прес”, “Денс ривју”, “Балерт њуз”, “Д’тајмс хералд”, “Артс” и други без исклужок давале највисоки оценки за кореографијата, беспрекорната техника на изведување и одушевувањето кое го предизвикува ансамблот со сите изворни ора и песни од Македонија, а посебно со “Невестинското”, “Калајџиското” и др.

Ансамблот “Томов” гостувал во Македонија на сите фолклорни фестивали и пошироко на бившите југословенски простори, и тоа: 1974, 1975 и 1983 на Балканскиот фестивал во Охрид; 1976, 1977, 1979 на “Илинденските денови” во Ботола; 1975 и 1976 на Смотрата на фолклорот во Загреб; 1975 на Дубровничките летни игри; 1981 и 1989 година на “Скопското лето” во Скопје и 1991 на Семинарот за фолклор во Струга. Неговата активност била активно следена и од македонските јавни медиуми.

Георги (Џорџ) Томов.живееше во Њујорк (САД) повеќе од 40 години, а таму му се наоѓа и неговиот вечен дом. Тој беше добитник на Орденот на честа за 2005 год, што го доделува Владината орга­низација НЕКО (од Владата на САД). Ова највисоко Општествено признание, за првпат е доделено на Македонец за автентично презентирање на македонската култура.

Мегу досегашните добитници на Орденот на честа се шест досегашни претседатели на САД, како и извесен број познати американски државјани, меѓу кои: Џими Картер, Џорџ Буш, Роналд Реган, Бил Клинтон, Хилари Клинтон, Мохамед Али, Боб Хоуп, Френк Синатра и други, а меѓу нив е и Георги (Џорџ) Томов.

Во македонските заедници во Њујорк и во Њу Џерси постојат повеќе организации и друштва. Еден од нив што се формирал по Втората светска војна беше Националниот комитет за изградба на болница.

Имено, во февруари 1946 година, на еден свечен банкет во Њујорк, Болничкиот иницијативен комитет на Македонците од САД, во неговата голема желба да помогне на својот народ и на новата македонска држава, покренал иницијатива за изградба на болница во Скопје

Во летото 1946 година се одржала конференција од претставници на македонските организации од САД и Канада, како и делегати од повеќе македонски друштва, селски и црковно-спомагателни братства. Бил избран Национален комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на тогашна Народна Република Македонија, Скопје.

Со средствата на македонските доселеници од САД, Канада и Австралија бил изграден и опремен болничкиот комплекс во рамките на Државната болница во Скопје и на 8 јули 1958 година бил свечено пуштен во употреба.

1blc22Пред ООН

Според зборовите на господинот Томов, во овој Комитет еден од најактивните членови бил неговиот пријател д-р Живко Ангелушев. Исто така, овој истакнат Македонец бил и претседател на Комитетот на акцијата на македонските иселеници во САД за помош на Скопје по катастрофалниот земјотрес во јули 1963 година. Помошта на иселениците е вградена во новите објекти кои денес го красот градот на Георги Томов.

Исто така, според зборовите на Томов, фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” бил еден од најстарите и најдобрите македонски фудбалски клубови, кој работел надвор од црковната општина. Тој бил  формиран во 1972 година од група фудбалски ентузијасти. Овој фудбалски клуб имал постигнато најдобри резултати во првенството и во купот на Њу Џерси. Клубот имал свои простории, каде се собирало бројно македонско иселеништво. Тој бил еден од најважните македонски центри во Њу Џерси.

Фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” бил организатор на фудбалскиот турнир што се одржувал секоја година во август и на кој учествувале десетина македонски фудбалски екипи. Исто така, членовите на клубот биле постојани организатори на новогодишните и други празнувања, потоа учесници на бројни протести и манифестации, како и донатори на поединечни активности и на македонските православни цркви.

Георги Томов соработувал со сите друштва и други асоцијации во Њу Џерси и Њујорк. Меѓу нив посебно место заземаат медиумите. Така, тој беше поддржувач на гласилото “Македонски месечник”. Инаку, Македонската заедница во Њу Џерси го издавала “Македонскиот месечник”, на 14 страници, мал формат, посветен на актуелните проблеми на Македонците во регионот, со посебна нагласка на младинската организација од Њу Џерси, затоа се смета за прв младински весник на тие простори. Иницијатор и реализатор на весникот била Македонската младинска организација, која со негово издавање започнала во 1999 година. Во овој месечник се објавени бројни текстови за Георги Томов.

Исто така, Георги Томов, имал плодна соработка со “Македонски глас”, македонски неделен весник во САД и Канада. Тој излегол за прв пат на 5 ноември 2004 година. Весникот се печател неделно во Њу Џерси и претставувал многу сериозен и единствен месечен весник на Македонците во САД и Канада.

Продолжува

1slavek4Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.