|
|
МКУД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ од Мелбурн, по четврти пат во Македонија |
Годинава, членовите на МКУД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ од Мелбурн, Австралија, по четврти пат доаѓаат во Македонија, како гости на Ансамблот „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ од Скопје. Од 14- ти до 28- ми јули, гостите од Австралија ќе приредат повеќе концерти во Прилеп (Пиво фест), Охрид, Вевчани, Демир Хисар, Ресен, Берово и Скопје, а ќе учествуваат и на фестивалот „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ во Битола. На концертите ќе земат учество и повеќе афирмирани интерпретатори на македонската народна песна, а целокупната програма ќе биде во придружба на народниот оркестар на Ансамблот „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ од Скопје. МКУД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ од Мелбурн, Австралија, е формирано во далечната 1982- ра година и годинава го слави својот јубилеј- 30 години од формирањето. Тое е едно од најактивните КУД во дијаспората и досега има приредено околу 1000 концерти. На репертоарот негува песни и ора од сите краеви на Македонија. Организатор е и на бројни културно- уметнички манифестации во Австралија, што се организираат по повод чествувањето на голем број црковно- верски празници и значајни настани и личности од македонската историја. |