|
|
Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио |
На трети Септември 2012 лето Господово, Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио, беше домаќин на висока државна делегација од Република Македонија, предводена од Премиерот Никола Груевски. Премиерот Груевски придружен од министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павловски, Амбасадорите на Р. Македонија во Канада Љубин Тевдовскииво САД Зоран Јолевски, парламентарецот Владимир Ѓорѓев и директорот на Дирекцијата за технолошко индусријски развојни зони Виктор Мизо, беше дочекан во црковните простории од парохискиот свештеник Протоставрофор Д-р Александар Мустеников, претседателот на Црковниот Управен Одбор Томе Дамчески, претседателката на Женската секција Милица Апостоловска како и на голем број верници родољубиви македонски иселеници. Членовите на Управниот Одбор организираа получасовен коктел во салата “Филип Втори”, на кој премиерот и членовите на делегацијата имаа можности да се сретнат со локални политичари, стопанственици, повеќемина македонци – сопственици на локални компании како и поранешни претседатели на црковно управни одбори и носители на активности во заедницата. Во чест на Премиерот беше организиран свечен банкет во салата “Александар Македонски”, каде што добредојде му посакаа претседателот Томе Дамчески,градоначалникот на општината Ла Салле Кен Антаја, пратеникот во федералниот парламент од конзервативната партија Џеф Ватсон, од име на Митрополитот Американско – Канадски г-дин Методиј поздравот го пренесе нашиот свештеник А. Мустеников.Секратарот на У. О. Славе Трпевски беше водител на церемонијата која се одвиваше во екслузивно свечено декориран амбиент збогатен со вкусната вечера на познатиот домашен куварски тим. На членовите од делегацијата им беа врачени спомен плакети и благодарници. Меѓу повеќето од 300 гости беа конзулот на Република Македонија во Торонто Драган Ѓорѓевски, генералниот менаџер на Интерграм Сеатинг Мајк Магри, бизнисмени од Торонто, Детроит, Рочестер и други места. Премиерот Груевски им се обрати на присутните со порака да останат единствени и да ги заборават меѓусобните разлики кога станува збор за доброто на Македонија и ги образложи постигнувањата, можностите за развој и инвестирање во Македонија, како и улогата на дијаспората во тие процеси. Многумина од присутните лично го поздравија, поразговараа и се фотографираа со премиерот, некриејќи ја радоста и задоволството што Премиерот и неговиот тим најдоа време во нивната кратка посета на овој континент да ја посетат и оваа Црковна Заедница. Стефанов |