|
|
Свечено прославен патрониот празник Свети Никола во Виндзор |
Виндздор, Канада Во неделата, на 16 декември 2012 година, Македонската православна црковна заедница Свети Никола од Виндзор свечено го одбележа својот храмовен празник посветен на најпочитуваниот христијански светител Свети Николај архиепископ Мирликиски и Чудотворец. Беше отслужена Света Архирејска Литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј во сослужение со Прота-ставрофор д-р Александар Мустеников. По светата литургијата учениците од црковното училиште завршувајќи го полугодието се преставија со краток програм, покажувајќи ја на дело успешната ангажираност на учителките Сенди Илиевска, Мелани Тановиќ и Виолета Стојановска. Кумови за овогодишната црковна слава беа фамилијата на Милица Апостоловска, а за идната година желба за кумство изрази фамилјата на Лилјана Ѓуровиќ. Митрополитот Методиј кој срдечно беше дочекан од голем број парохјани во своето беседање ги објасни значението на блаженствата и милосрдието. По заедничка братска трепеза нашиот локален Дедо Мраз (Иљо Вартукопли) им додели пригодни поклони на најмладите. За многу години нека ни храмовиот празник и Господ по молитвите на нашиот патрон Свети Никола да ни го дарува секое добро. Амин. Информира: Г. Стефанов. |