Среда, 18 Октомври 2023   
Руската изложба за Александар во Сиднеј

Пишува: Јанко ТОМОВ

alexander-1

Во организација на музејот од Сиднеј, Австралија, од 24 Ноември 2012 до 28 Април, 2013 година, се одржува изложба, за Александар Македонски Трети- Велики, во  сопственост на државниот Руски историски музеј од Петерсбург.

Изложбата за Александар Македонски, во музејот на Сиднеј, кој се наоѓа на Колич Стрит, наспроти Хајд Парк, воениот меморијал и до споменикот на Капетан Кук, е близу до центарот на Сиднеј и е мошне атрактивна и масовно посетувана античка изложба. Насловот на изложбата е “Александар Велики – 2000 години богатство”

alexander-2

Плакати, со ликот на Александар Македонски, се забележуваат пред влезот во музејот, а во првата просторија, каде се наоѓа рецепцијата, зидовите се обложени со големи цртежи, од Александар, со поедини негови војни униформи и со оружја. Одма до пристапот до рецепцијата, од десна страна, се наоѓа простор за експонати од времето на Александар Македонски. Првенствено воочливи се витрините полно со книги, за животот на Александар (неколку десетици изданија од минатиот, а  исто така и од овој век), од странски автори, пишувани на Англиски јазик, како за возрасни така и за деца, обично како сликовници. Потоа, во витрините се поставени делови од војни облеки, шлемови, копја, разни  орудија-оружје, со мал број на нузметика-стари ковани пари и сл. Се продаваат видео касети за Александар, фотографии, како разгледници, разни украси, со ликот на Алксандар и сл.

alexander-3

Низ ходникот се приваѓа до главниот влез на музејот, каде се собираат извесен број посетители и се влегува во дел од светот на Алекдандар Македонски, каде скоро секаде, овој голем Македонски војсководач,како што нагласив во почетокот, се преставува како Александар Велики. Со тоа се избегнува неговото право презиме Александар Трети Македонски. Во голем број простории на музејот, се експонирани хронолошки сите постојни археолошки наоди, од времето на Александар, кои ги поседува Рускиот музеј од Петерсбург, од античка Македонија, на Југ до бреговите на Црно Море и Средоземието. Во тоа спаѓаат поедини стари книги и написи од првите 2-3 века, пишувани од историчари од новата ера,  како и од времето на 17 век, кој е преставен, како почеток за интересот на тогашната интелигенција, за големината на најславниот, меѓу најславните лидери-државници, односно војсководачи, од античкото време,до денес.

На зидовите се наредени поголеми врамени уметнички цртежи во бои, од Француски уметници-сликари од 17 век, каде се  прикажуваат делови или цели композиции од настани, од походот на Алекссандар Македонски на Персија. Чисто и јасно е преставен ликот на Александар, според древните историчари, кои пишувале за него, во тие цртежи-композиции, на настаните при војувања, после борбите, при контакти со царските семејства, со кралските и провинцијските и градските преставници и жители на окупираната Персијска Империја.

Сето тоа прикажување на Александар Македонски, според видео коментарите, во кои учествуваат посебно, Австралијски историчари, археолози и научници, како Крис Форбе (Chris Forbes),возрасен Лектор за археологија во Маквари универзитет на Сиднеј, др. Кристофар Метју (Christopher Matthew), од Австралијанскиот Католички Универзитет и други, се чувствува дека  имаат желба да дојдат поблиску до историската вистина. Тие на поинтелигентен начин, но и автентичен начин, ја презентираат историјата, која е малку поблиска до фактите кои ги поседува постојната Македонска историографија. Таа е малку воочена  разлика, во споредба  од нивните предходници колеги, од западната хемисвера, кои тотално се уште се на страна на фалсификуваната Грчка историја од грците за Македонија и македонците. Донекаде и во експонатите, може да се каже дека е многу пореално, отколку во последната изложба, за Александар Македонски,  во Лувер, Франција, пред 2-3 години и уште повеке , во однос на шовинистичката и тенденциозна изложба на Грција, за Александар Велики, во Сиднеј, Австралија, во 1989 година.

 

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.