Среда, 16 Јануари 2013   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (17)

Пишува: Јанко ТОМОВ

Основање на Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија

На 19 Август 1990 година во населбата Туарт Хил (Tuart Hill) во Перт, во просториите на Гренвил Хол (Grenville Hall), се одржа Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ за Перт и Западна Австралија. Најхрабрите Македонци кои ги имаше преку 60-тина, сложно и со голем успех, наспроти лукавноста на поединци про-социјалисти го одржаа Основачкото Собрание.

Во организацијата за основање ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија, потребно е да се каже дека Јанко Томов, член на Координативниот Совет на ДПМНЕ во соработка со потпретседателот на Координативниот Совет на Австралија, Панко Стамкоски, како и со членот Јонче Трајчевски, согласно  договорот со лидерот Драган Богдановски со правни акти и стручно организирање на Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Западна Австралија успејаа и ја постигнаа целта. За разлика од тој огранок во Перт, другите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ по останатите метрополи на државите на Австралија ги организира со делумно правно  и  стручно основање. Причината беше наметнувањето на опозициони, про-комунистички влијанија од организирани македонски субјекти, под влијанија на УДБ-а од тогашната Матица на иселениците на Македонија (тогашна Југославија) и Министерството за односи со странство на СР Македонија, а секако и од поединци, членови на Организацијата за Македонски човекови права во Австралија.

Тој отпор на поединци во видно се одрази на масовниот одзив на македонските патриоти во Австралија и Европа да пристапат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, тој отпор се одрази на меѓусебното поврзување и недоволно користење на испратените напатствија и материјали до некои активни патриоти за кои се мислеше дека ќе се ангажираат и превземат соодветно спроведување на планираните активности на Координативниот Совет на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија. Во тоа спаѓаат: соопштенија, пристапници, деловници за оснивачките собранија, Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, Политичката платформа и други материјали и упатства за барање на дозволи од надлежните градски правосудски органи, полицијата и се’ што е поврзано со јавните настапи на македонската емиграција за организирање на иницијативни одбори и Основачки Собранија на ВМРО-ДПМНЕ. На лукав начин тоа беше попречувано со што се одрази врз поголемиот број на предвидените Задгранични Комитети, со задоцнување да се основаат или пак воопшто да не бидат создадени. Исто така, што е многу важно, не се подготвија потребни записници и документи за формирање на ограноците на ВМРО-ДПМНЕ или ако се изготвија, тие беа непотполни, лишени од потребни податоци кои би ги користеле идните генерации и историчарите.

osnovaci
Претседателството на Оснивачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија, 19 Август 1990 година


delegati
Дел од делегатите на Оснивачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Перт, 19 Август 1990 година, на паузата, следат видео информации за основањето на ВМРО-ДПМНЕ

Администрацијата на Координативниот Совет на ВМРО-ДПМНЕ за Австралија, која ја водеше Јонче Трајчевски, малку задоцни во редовното доставување на документација, што доведе до пролонгирање на договорите и поедини испратени инструкции и материјали од страна на организаторот Јанко Томов за оснивачките конференции на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија, со што не се запази планираниот рок.

Потоа во Мелбурн, Викторија, на 07 Август 1990, се основа огранок на чело со Панко Стамкоски и Јонче Трајчевски, каде исто така, нема подетални информации и документи, иако има доволно доброволи финансиски средства, АУС $10.000, каде имало најголем интерес и присуство на собранието.

Во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Спасе Трпоски, кој добил полномошно од Драган Богдановски, заедно со поранешниот претседател на огранокот “Обединети Македонци”, основаа огранок на ВМРО-ДПМНЕ на 24 Август 1990 година.

Без претходно знаење на Координативниот Совет се пренесе глас, дека во Вулонгонг, Нов Јужен Велс, во Август 1990 се формирал огранок на ВМРО-ДПМНЕ, за кој досега нема никаков документ.

П р о д о л ж у в а   со последниот 18-ти дел: Негативни реакции на поедини основачи на поранешни политички македонски организации и бивши лидери кон ВМРО-ДПМНЕ, пред, за време и по неговото основање.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.