|
|
Македонците во Квинсланд безбедни од циклонот Освалд |
27 Јануари 2013 година, Квинсланд, Австралија Циклонот Освалд кој дојде од Североисточното крајбрежје на Атлантикот, јужно од северните предели на Голф Канпентерија, во Квинсланд, Австралија, ја намали својата јачина на копното, но со поблага разорна снага. Така се нарече Поранешен циклон Освалд. Поранешниот циклон Осволд, кој отпочна Североисточно од Бризбен на повеќе од илјада километри, некаде во областа Голф оф Канпентерија, продолжува со јчина од околу 120 км на час, од 21 јануари 2013 година. Најголеми штети овој циклон направи во Бандабург, кој е околу 300-350 километри Северно од Бризбен на 25 јануари, со големи поплави во кои се евакуирани илјадници Австралијанци во побезбедни населби. Долу, скоро до Бризбен, останаа без електрична енергија околу 60 илјади домаќинства. Речиси половина од локалните патишта се поплавени и забранети за сообраќај. Големиот фривеј Гимпи Род, кој го поврзува Бризбен со северниуот дел на Квинсланд, се` уште е прооден, но поради недоволната прегледност од врнежите и ветерот, се вози од 40 км на час до 80 км на некои места. Овој циклон со ветришта од 120 км на час и со големи непрестани врнежи, кој остави пустош во Бандабург, а каде во градчето Хаври Бај е интензивен, пристигна во Саншајн коаст (160 км северно од Бризбен, во градчињата Гимпи, Борин Поинт, Тин Тин, Нуса, Маручидор, Каландра и други приморски места) на 25 јануари и се очекува деновиве да прејде преку Бризбен во Нов Јужен Велс. Пречникот на циклонот е околу триста км од источниот брег на Пацификот во внатрешноста и се очекува да биде најјак во Мерабра и Гимпи, а особено Западно од Бризбен околу градовите Тувумба и Ворик и близу до Ипсвич, каде се наоѓа преполнетиот воден резервоар од кој мора да се испушти голема количина вода, што ќе направи посебни катастрофални поплави во тие подрачја. После Бандабург, во понеделник на 28 јануари се очекуваат големи поплави во Хаври Бај, Саншанј Коаст, Бризбен и долу јужно во Нов Јужен Велс, бидејќи се работи за големи растојанија, каде водата се насобира и одлева катастрофално. Досега нема соопштенија за жртви и за штети во домовите на Австралијанците во Бризбен и на македонското иселеништво во Квинсланд. |