|
|
Во Стокхолм започнаа Деновите на македонската култура во Шведска |
Со проекцијата на македонскиот филм „Ова не е американски филм”, во режија на Сашо Павловски, во рамките на „Нов балкански филмски фестивал“ (Balkan New Film Festival), на 8 февруари во Стокхолм започнаа Деновите на македонската култура во Шведска, манифестација преку која во текот на оваа година со неколку културни содржини ќе бидат одбележани две децении дипломатски врски меѓу Република Македонија и Шведска. Манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и на Министерството за култура, за отворена ја прогласи амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Кире Илиоски, кој пред присутните и дипломатскиот кор изрази надеж дека „Balkan New Film Festival“ со својот уметнички концепт ќе прерасне во традиционална и препознатлива филмска манифестација што се темели на регионалната соработка и интеграција во доменот на културата. Тој во своето обраќање истакна дека очекува македонскиот филм сѐ повеќе да биде присутен на филмската мапа во Шведска и во Скандинавија. Министерство за култура |