Среда, 20 Февруари 2013   
Локална самоуправа во Србија го прогласи македонскиот јазик за официјален јазик

makedonsko-srpsko-znameОпштината Пландиште во Србија, која е дом на голема македонска заедница, го прогласи македонскиот јазик за службен јазик на општината. Локалното население во Пландиште ја поздрави иницијативата со надеж за подобрување на односите помеѓу Македонија и Србија. Оваа иницијатива е охрабрувачки пример за другите општини со големо македонско население во Србија, како и во Албанија, Грција и Бугарија.

 

 

"По распаѓањето на Југославија, јазичните и малцинските права кои Македонците во Србија ги уживаа во голема мера беа укинати. Драго ми е да видам дека работите може да се променат на подобро за нашата македонска заедница во Србија. Прогласувањето на македонскиот јазик за официјален укажува на фактот дека локалните власти имаат капацитет да вратат некои од укинатите права", рече претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов. "ОМД се надева дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како на пример Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на општина Пландиште. Ќе биде потребна многу добра волја за да се решат и преостанатите билатерални проблеми меѓу Србија и Македонија, како што е континуираното непризнавање на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква. "

Регионалениот претставник на ОМД за Грција Евгенија Нацилиду додаде: "Теритиријата на нашите предци денеска и припаѓа на земји членки на НАТО и ЕУ, и во овие земји различните култури и јазик се подложени на секојдневни напади од страна на ултра-националистичките политики на асимилација од страна на Тирана, Софија и Атина. Но, бидејќи забележуваме мали напредоци на правата на Македонците во Србија, се надеваме дека состојбата на Македонските заедници во земјите членки на НАТО и ЕУ исто така ќе се подобри. Можеби општинските власти ќе бидат иницијатиорите на потребните социјални промени, а не националните парламенти на овие држави."

Според извештаите во медиумите, српскиот закон укажува дека малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се се прогласи македонскиот јазик за официјален.

Унгарскиот, словачкиот, романскиот, хрватскиот, рутеријанскиот, чешкиот, бугарскиот и црногорскиот јазик беа претходно прогласени за официјалени јазици во различни српски општини. Во Македонија, албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, српскиот и босанскиот јазик делат сличн статус во општините каде тие јазични малцинства сочинуваат 20 проценти од популацијата.

ОМД смета дека е иронично што земјите кои не се членки на ЕУ како на пример Србија ја имаат имплементирано Европската повелба за регионални и малцински јазици, додека членките на ЕУ, како Бугарија и Грција ја немаат имплементирано оваа повелба. Европскиот парламент официјално и целосно го призна македонскиот јазик во февруари 1994 година. Сепак, Бугарија и Грција, и Албанија ги контролираат териториите кои им припаднаа на нив по распоаѓањето Отоманската Империја по 1913 година, каде Македонците и денеска преставуваат мнозинство. Во секоја од овие територии, националните влади целосно негираат признавање на македонското малцинство и нивните основни човечки права.

Во прилог на бројни други злоупотреби, македонска самоидентификација не е дозволена на националните пописи, а се применуваат и строги контроли на употребата на македонскиот јазик. Исто така, екстремистички групи - како што се нео-нацистичката Златна Зора во Грција, Атака во Бугарија, и црвено-црната алијанса во Албанија - редовно користат тактики на заплашување против своите македонски заедници, а истите соработуваат и со радикалните елементи вградени и финансирани од страна на државните институции, како што е Грчката Православна Црква.

 

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.