Среда, 20 Февруари 2013   
Македонците во Албанија во текот на 100 години од албанската држава

debata1

Македонско-бугарски дуел на дебата за малцинствата во Албанија.

Правниот факултет при Универзитетот „Марлин Барлети", во соработка со албанскиот Институт за односи со јавноста при овој Универзитет, на 13-ти и 14-ти февруари организираа Меѓународна научна конференција „Албанија и националните и културните малцинства".

На ова конференција  земаа учество бројни домашни и странски автори од повеќе области.

На Конференцијата се разгледа положбата на националните малцинства кој живеат во Албанија, се разговараше, анализираше како и се дебатираше за разни прашања поврзани со малцинствата во Албанија.

Најмногу дебата и реакција имаше на секцијата „Социо-економскиот статус на малцинствата во Албанија". Имено во ова секција од Бугарија учествуваше Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на Науките и Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија.

Веселка Тончева во својот реферат „Традиционални песни и Идентитетот: Заедницата од Голо Брдо (Албанија) помеѓу Бугарија и Албанија" на Конференцијата истакна дека со формирањето на албанската држава 1912 година на Албанија и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле или Долни Дебар.

Статусот на бугарското населени во Голо Брдо не е како бугарско малцинство затоа што Албанија официјално не признава такво малцинство. Според историските податоци кон крајот на 19 и почетокот на 20 век Голо Брдо се сметаше за бугарско, како составен дел на регионот Македонија. Според бугарските истражувачи јазикот кој што се збори од овие луѓе е познат како бугарски и припаѓа на групата од најзападниот бугарски - македонски дијалект. Според бугарски поглед, песните на ова заедница се бугарски.-истакна Тончева во својот реферат.

Овие нејзини тврдења наидоа на реакција од страна на Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија, кој реплицираше дека ова е чиста бугарска пропаганда.

debata2

„Ова што госпоѓата Тончева го кажа е чиста бугарска пропаганда. Да се разбереме. Во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа не постои бугарско малцинство кој тука дошле за време на некоја војна и тука останале. Во овие региони има чисто македонско население кое по јазик, култура, традиција па и фолклор ништо не го врзува со Бугарија или поконкретно со градот Плевен од каде што доаѓа госпоѓата Тончева. Ова население има ист јазик, фолклор и обичаи со Македонците од другата страна на границата, на пример Македонците од Мала Преспа имаат ист јазик обичаи со Македонците од Ресен од Македонија и Преспа под Грција, Македонците од Голо Брдо има ист јазик и фолклор со Македонците од Дебар. Пред сто години овие региони беа дел од етничката територија на Македонија, но со поделбата на Македонија од 1912 и со формирањето на албанската држава овие делови подпаднале под Албанија.

Госпоѓа Тончева е само емисар на бугарскиот проект за воскреснување на “Голема Бугарија”. Овој проект воскреснат е после 90-те години на минатиот век, каде Македонија е една од главните претензии на бугарските националисти. Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да ја огради Македонија и да докажи дека неможи да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата Република Македонија е оградена од Бугари”,  истакна Стерјовски.

Васил Стерјовски во својот реферат насловен "Македонците во Албанија во текот на 100 години од албанската држава" истакна:

"Македонците во Албанија ја делеле судбината на Македонија и македонскиот народ кој со поделбата од 1913 година била поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција а подоцна со формирањето на албанската држава делови од етничката територија на Македонија подпаднале под Албанија.

Македонците во Албанија ги населуваат областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Долни Дебар и неколку села во околијата на Корча, Поградец и Билишта.

Освен селата Mакедонците се сконцентрирани во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Кукс, Корча, Поградец, Билишта, Либражд и други.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.