Среда, 06 Март 2013   
ОМД го поздравува отварањето на канцеларија за верски слободи во Канада

5ти март 2013 година - Торонто

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува иницијативата од страна на конзервативната влада на премиерот Харпер да ја основа првата канцеларија за верски слободи во Канада.  Ова е втора институција од ваков вид во светот чија работа ќе биде да ја промовира верската слобода во светот, првиот е во Стејт Департментот на САД.  Меѓунадодната верска слобода во светот е клучен приоритет на Канадската надворешна политика.\

Огранокот на ОМД во Канада заедно со други етнички медиуми пред извесно време учествуваше во телефонски повик со канадскиот Министер за државјанство, имиграција и мултикултурализампочесниот Џејсон Кени, кој од неговата канцеларијиа во Калгари одговори на сите поставени прашањата.  Во телефонскиот повик тој изјави: "Ширум светот забележуваме се поголеми бранови на религиозни судења.  Ние веруваме дека верската слобода е основно право на сите луѓе во светот.  Ако една држава се обидува да ги контролира или ограничува верувањата на нејзините граѓани, тогаш тоа влијае и на сите други права што граѓанините ги имаат, и таа земја станува тоталитарна држава."

Министерот Кени издвои бројни примери на државна репресија против религиозните малцинства во целиот свет, и го пофали изборот на д-р Ендрју П.В. Бенет како "заслужен јавен службеник и научник."  Со годишен буџет од околу пет милиони канадски долари, канцеларијата ќе се фокусира на застапување на религиозните малцинства, анализа, развој на политика и програмирање, се во име на заштита на религиозните малцинства од верска омраза, како и промовирање на канадските вредности како што се плурализмот и разновидноста ширум светот.

"Одлуката на Канада да посветат ресурси за заштита на се поголемиот број на луѓе на кои им е одземено правото на верска слобода доаѓа во вистински момент", изјави директорот за канадски операции на ОМД Џим Даикос. "ОМД со години се бори во првите редови за верската слобода на македонските православни христијани во Грција, кои не можат спокојно да веруваат во својата религија, ниту пак можат да го користат својот мајчин македонски јазик во религиозни церемонии без последици од државата."

Во октомври минатата година, ОМД беше домаќин на делегација составена од реномираниот активист за човекови права архимандритот Никодим Царкњас и регионалениот претставник на ОМД за Грција, Евгенија Нацилиду. Делегацијата одржа средби на високо ниво во Вашингтон и Отава, во кои се потенцираше систематцкото угнетување од страна на грчката влада на автохтоната македонска заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ги следниве статии:

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/689-umd-human-rights-delegation-visits-ottawa

http://umdiaspora.org/index.php/en/archimandrite-tsarknias-meets-u-s-ambassador-at-large-for-international-religious-freedom-slider-en

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/411-umd-calls-on-greek-orthodox-church-to-condemn-priests-anti-macedonian-statements

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/410-umd-calls-for-greek-metropolitans-excommunication

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/748-umd-rep-receives-death-threats-files-lawsuit-against-greek-media
 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.