|
|
Седма македонска модна ревија во Виндзор |
Глигор Стефанов Во чест на Интернационалниот ден на жената 8-ми Март, Македоскиот Културен Центар “Свети Никола” од Виндзор, Канада, ја организираше седмата годишна модна ревија на 7-ми Март 2013 година во една од своите банкетни сали. Во елегантно декориран амбиент група од 38 манекенки и манекени волонтери под водство на кореографот Лилјана Ѓуровиќ ги презентираше пролетните колекции на одела, свечени фустани, венчаници и костими за капење од светски познатите Nygard, Sears, Hugo Boss како и на локалните дизајнери Ana Stulic Design, Victoria Boutique, Gabriela's Boutique, Monty Formal, Bridal Gallery итн. Програмата беше збогатена со вечера, музички настап на групата Трансео, акробатската група Sky Society и лото награди, донирани од повеќе од 20 локални бизниси. На фондација Hospice и беше дониран дел од паричниот приход од вечерта. Во името на управниот одбор овој настан го организираа и реализираа Маре Стефанова, Катерина Марентете, Лилјана Ѓуровиќ и Томе Дамчески помогнати од голем број волонтери членови на Македонската црковна Општина од Виндзор и други соработници. Македоскиот Културен Центар “Свети Никола” со овој настан уште еднаш покажа дека е рамноправно присутен на мултикултурната сцена на збиднувања во Виндзор и околината. |