|
|
Мумба парада во Мелбурн |
Настапот на Македонците на Мумба парадата е иницијатива на Гордана Димовска во соработка со КУД Александар Македонски. Стотина илјади посетители го проследија настапот на 35 етнички групи и над 1400 учесници на Мумба парадата во Мелбурн. Ниту пеколните жештини не ги спречија учесниците и посетителите да докажат по којзнае кој пат дека знаат да го промовираат својот град, и да ја покажат својата креативност. Под мотото Мелбурн е креативен, организаторите имаа за цел да го истакнат најдоброто од областа на уметноста, филмот, музиката, театарот, културата, архитектурата и образованието. Исто така на овој настан се поздравуваат делата на најзаслужните мелбурнчани и појава на популарни лица од спортот и телевизијата.Кралската круна овојпат ја заслужија единиците на противпожарните екипи, амбуланта и викториската полиција кои беа поздравени со бурни аплаузи и извици од публиката со “Благодариме, благодариме“. Во креативноста не изостана ни претставникот на Македонската заедница КУД Александар III Македонски и членови на македонската играорна група Весели Македонки. Публиката се интересираше за традиционалната музика и преубавите носии на играорците. Честитки за учесниците и организаторите на овој настан. Мумба парадата е последниот чин од четиридневниот Мумба фестивал кој опфаќа голем број активности, музички настани во самиот град. Уште една прилика да се покаже убавината на Мелбурн и мултиетничкиот соживот. За наредната година заинтересираните треба да поднесат апликации во септември за да си обезбедат учество на најекстравагантната парада во светот. Македонска нација |