Среда, 01 Мај 2013   
Нова драмска престава од Австралиско-македонскиот театар

ivan-trpovski
Иван Трпоски

Повод на разговорот е најновата драмска продукција на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Поведовме разговор со Душан за неговото најново дело.

borenje-so-mecka

  • Секогаш нудите нешто ново за македонската заедница. Сега, која е темата што се обработува во оваа драма со малку чуден наслов?

Треба да се дојде и да се види за да се разбере името на драмата, но воглавно е приказна што една постара жена ја раскажува за храброста и борбеноста на еден човек соочен со непобедлив ѕвер. Ние луѓето често пати се соочуваме со животни предизвици и од нас самите зависи како истите ќе ги решиме или одгатнеме. Големо влијание имаат нашите родители како и средината во која сме пораснале и средината во која живееме. Драмата „Борење со мечка“ обработува тема воглавно за гордоста, а и тврдоглавоста на мажите, за нивната маженственост и скриена слабост, а и страв да се признае дека се’ не се победува со мускулести раце и јаки нозе. Мошне познато е дека мажите на поинаков начин комуницираат од жените. Многу жени ги критикуваат мажите дека истите имаат лоша персоналност или табиет без да влезат подлабоко и да ги разберат „сигналите“ на машката комуникација.

borenje-so-mecka-2

  • По твоето кажување ова како да е психолошка драма за да се разобличат машките суети?

Мажите мислат дека се недопирливи, никаква болест не може да ги легни в кревет, не им треба лекар ниту пак медицина. Мислат дека депресивноста е само за жените, превентивните мерки или рутинските прегледи се непотребни и дека се’ се лекува со ракија или пак со тревки и чаеви. Како пример, во Австралија, мажите во просек помалку живеат од жените и мажите повеќе умираат од рак отколку жените. Исто така мажите помалку одат на рутински прегледи и не се сериозни при лекувањето на болестите. Исто така треба да се забележи дека Македонците, во споредба со другите етнички групи, најмалку прават рутински прегледи како превентативна мерка. Секако сето ова зависи од нашата неинформираност, образование и културна позадина дека ако речеме „скраја нека е“ ја спречуваме болеста и дека „од пишаното не се бега“.

  • Тогаш зошто се боледува во тајност кога овде имаме добри лекарски служби и третмани?

Поради тврдоглавоста, поради незнаењето како да се комуницира, поради стравот да се покаже слабост  и стравот дека тешко човек може да се „бори со мечка“ и дека „ако се умира да се умре машки“. Но, исто така, мажите сакат да си ги заштитат своите семејства до последен момент, не сакаат да ги загрижуваат своите најмили и ја кријат својата болест. Доколку некој треба да страда, чувствуваат дека тие треба да страдаат, а не нивните жени/партнерки или деца.

  • Кои се „борачите“ во оваа драма?

Улогите ги толкуваат Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котевска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

  • Кога е премиерата на „Борење со мечка“?

Премиерата е на 11-ти мај. Претставите се закажани во следниве места:

Рогдаел: Сабота, 11-ти мај и петок, 31-ви мај во Македонскиот културен центар Илинден, 65 Railway Street, Rockdale.

Банкстеон: Петок, 24-ти мај во Bankstown Polish Club, 15 East Terrace, Bankstown.

Квинбијан: Сабота, 25-ти мај во Македонскиот општински центар, 266 Crawford Street Queanbeyan.

Волонгонг: Сабота, 1-ви јуни во Port Kembla RSL, Cnr Allen St. and Military Rd. Port Kembla.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.