Среда, 01 Мај 2013   
Фолклорните активности во дијаспората-фактор за интернационална дружба и почитување

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Бидејќи името Македонија е поширок поим, со оглед на тоа дека постои суверена држава Република Македонија, Пиринска Македонија (Република Бугарија) и Егејска Македонија (Република Грција), во кои живеат и староседелци Македонци, денес асимилирани или полуасимилирани, без право да ги користат јавно своите национални, културни обележја со кои се разликуваат од окупаторите, а исто така, во мали нијански во своите македонски песни и ора.

Во написот: Јанко Томов навлезе во 75 (Janko Tomov turn 75) во билтенот на Интернационалната фолклорна група од Нуса, Квинсланд, Австралија, број 188, од 18 Април 2013, во “Винова лоза” (Grapevine), уредникот публикува куса биографија, околу мојата играорна активност во оваа интернационална група, а посебно за мојата активност на национален македонски и политички план, со позначајните настани и историски дела, а како честитка за мојот 75-ти роденден. При моите генералии во врска со местото на раѓање стои: … Струмица, Македонија (сега ПЈРМ)-(now FYROM).

Без никакви лоши намери, уредникот, инаку наш близок пријател, кој е кореограф и инструктор, а истовремено водител на оваа фолклорна група во Нуса, со кој се познаваме уште од 1996 година, за да го одвои местото на моето раѓање Македонија, денешна Република Македонија, од другите делови на Македонија, кои се во состав на Грција и Бугарија, за Австралијанците кои се заинтересирани за фолклорните ора и танци, за да имаат поголема претстава за мене, бидејќи многу од членството во оваа група, како и членството на другите групи во Австралија, кои ги читаат фолклорните теми и информации, обично патуваат во Европа и ги посетуваат сите делови на Македонија, при што имаат повеќе сознанија.

Во врска со оваа проклета рефенеца ПЈРМ, која официјално се употребува, во поедини држави во светот, кои имаат притисок и влијание од страна на грчката шовинистичка влада, како во Австралија, која се` уште не го признала нашето уставно име -Република Македонија, ги навредува чувствата на македонското иселеништво. Од друга страна, подобро и попрецизно ги дифиренцира денешните званични родни места на македонската емиграција, според своите званични-уставни влијанија, на владите и институциите на Австралија, а и на поедини други Западни држави. Инаку за мојата македонска припадност сите мои фолклотни пријатели многу добро знаат, бидејќи некои од нив имаат и мои историски книги. Но, со години доаѓаат нови играорци кои ги другарството и практиката на ората. Исто така, има во тие фолклорни групи и Австралијанци од Бугарско, Грчко, Српско, Хрватско и од друго  потекла, каде се избегнуваат групни дискусии за политичка определба, верска и национална.

Многу пати на часовите за рекреација на интернационалните фолклорни групи, каде се користат македонските народни песни и ора, кои со поголем процент се застапени за разлика од ората и песните на другите националности во Австралија, а и во поголемите градови во западната хемисфера, се сретнуваат интересни македонски песни и ора, непознати за помладите генерации Македонци од Република Македонија. Но, добрите познавачи на македонските говорни наречја и акценти од сите македонски краеви со леснотија можат да ги разберат и откријат од кои делови на Македонија произлегуваат. Иако понекогаш кореографите и инструкторите по фоклор ги најавуваат како песни и ора од Бугарија и Грција, тие всушност се од Пиринскиот или Егејскиот дел на Македонија.

Животот на македонското иселеништво во дијаспората, како и новите македонски генерации, секојдневно е поврзан со своите сонародници од мултукултурното австралиско општество. Во Австралија се зборуваат околу 72 јазика, но официјален е англискиот јазик. Во Австралија има емигранти од околу 160 држави во светот. Така Македонците со нивните сограѓани секојдневно се дружат во основните, вишите и високите образовни институции, работни организации, колективи, фабрики, спортски организаци и сл. Австралиските власти и нивни институции, ги помагаат материјално и духовно сите пројавени желби на сите етнички групи подеднакво во формирање и активности на кулрурни, јазични, верски и спортски клубови и здруженија. Австралиските граѓани се мошне пријателски настроени и подготвени секогаш да помогнат во нормалниот живот на другите свои граѓани.

Австралиските жители во последните неколку децении, покажуваат интерес за народни песни и ора од Источно Европските и Балкански народи. Македонските и поедини Турски, Хрватски, Српски и други фолклорни групи, кои настапуваат на јавни приредби и свечености предизвикуваат восхит и посебен интерест меѓу поканетите гости, пред се` политичари, просветни работници и други Австралијанци заинтересирани за други култури и јазици.

Првите македонски фолклорни ансамбли во дијаспората, како што беше фолклорниот ансамбал „Балкан“, во втората половина на 60-ите години од минатиот век, кој потоа премина во „Томов“, во Њујорк, како и Асоцијацијата на здружените фолклорни групи на Америка, кој го основа мојот брат Георге Томов, кој истовремено во неколку декади го водеше и професиналниот ансамбал на Америка „Томов“ со кад 400 играорци. Исто така и  во студиото  „Томов“ во Њујорк, преку кое илјадници Американци, љубители на Балканскиот и Македонски фолклор и мелос, ја слдеа наставата на неколку кореографи, раководени од Георге. Љубителите на фолклорот, имаа можност  еднаш во годината во група од 50-тина, да патуваат во Македонија (тогашна Југославија), на 2-3 недели. Посебни доживувања на тие љубители на фолклорот, се случуваа со посета на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид, каде учествуваа фолклорни репрезаентации од Балканските и некои Источно Европски држави. Истовремено, во тој период се одржуваа и Дубровачките летни фолклорни игри во Хрватска.

Горното го пишувам и со цел да потсетам да не се заборави Георге Томов, кој беше познат и како “Амбасадор на Македонската култура во Америка”, а годинава на 5-ти Август навршувааат 5 години од неговата смрт. Баш преку македонските и балккански фолклорни ора и песни, Георге ја прослави македонската националност, култура, а и со тоа и македонскиот јазик на американскиот континен, за што има видни признанија од високи американски институции, а нема од досегашните влади, освен благодарница од Министерството за култура на владата на ВМРО-ДПМНЕ, при промоција на монографијата “ТОМОВ”, од авторот Славе Николовски Катин, во Скопје 2007 година, каде учествуваше и славеникот Георге Томов.

Но, за нас, во врска со оваа статија е важно да се каже, дека Македонци како и Георге кои одржуваа предавање и часови по фолклорни ора во Америка, Канада и Австралија, беа посетувани и од љубители на фолклорот од други националности. Тие љубители на фолклорот станаа кореографи за спроведување, учење и практикување на Источно Европски, Балкански и Јужно Американски ора и танци, претежно на часовите од рекреативен карактер. Еден од познатите македонски кореографи и играорци е Јорго Капорис, со потекло од Егејска Македонија, а кореограф на фолклорната секција „Илинден“ од Мембурн. Јорго по неколку пати во годината со голем успех одржува часови по фолклор во Квинсленд, а и во други држави на Австралија.

Исто така фолклорните настапи имаат позитивни ефекти на разни свечености, претстави на јавни собири и прослави, внатрешни и надворешни мултикултурни свечености, претстави пред изнемоштени и стари сограѓани во институции за стари и сл. Поголем број на гледачи на споменатите настапи на играорните групи, се фаќаат на македонски ора, пред или после настапот со цел да се вклучи и публиката од секоја возраст. Многу од нив не ги интересираат детали за потеклото на овие културни дела, туку ги интересираат ората и песните кои го збогатуваат мултикултурниот живот на Австралија, а секако и на Америка, кои песни и ора влијаат на доброто расположение, здравје и на зближување и меѓусебно почитување на народите, кои ги практикуваат.

Во часовите за учење на ората, должност на секој кореограф е да даде извесни информации, од каде, од кој народ потекнува орото и песната оригинално, ако е корегирана кој е кореографот... Многу пати во мојата група во Нуса и Намбор, Квинсланд, јас им преведував зборови од македонските песни за да ја почувствуваат содржината на орото, било да е патриотска, жална, весела или хумористична за кое покажуваат посебна благодарност и интерес.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.