Историја

Документ е сопственост на Владата на Неговото Британско Величество

Македонска Нација

Македонска Нација

Документ е сопственост на Владата на Неговото Британско Величество

Бр. 8 – АРХИВИ
ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
ДОВЕРЛИВО

Архивска ознака: C 5022/101/92
Бр. 1
26 април 1926 година
Оддел 3

Г. Кенард до сер Остин Чембрлен

Примено на 26 април

Бр. 154

Белград, 21 април 1926 година

Господине,

  1. Имам чест во прилог да Ви доставам копија од извештајот што го подготви г. Галоп, трет секретар на ова дипломатско претставништво, како резултат на неговата неодамнешна посета на таканаречената „Српска Македонија“.
  2. Набљудувањата на г. Галоп ги потврдуваат другите извештаи што беа доставени во текот на изминатата година и укажуваат дека, иако српската управа во Македонија остава многу да се посакува, не постои големо незадоволство од сегашниот режим и дека главните поплаки во овој момент се од економска природа.
  3. Имам чест да побарам, во согласност со упатствата што се однесуваат на службените патувања, да ми биде одобрено на г. Галоп да му бидат надоместени трошоците што ги направил за време на ова патување.

Со почит,

Х. В. Кенард

Прилог кон документот бр. 1

Состојбите во Македонија

Вовед

  1. Следните белешки се составени врз основа на седумдневното патување низ Македонија. Првичниот план беше да се патува од Скопје до Охрид, преку Градско и Битола, а враќањето да биде преку Дебар, Гостивар и Тетово.

Немаше доволно време да се посети Косово за да се проучи „качачкото“ или колонизациското прашање, ниту, пак, Штип за да се испитаат состојбите на бугарската граница.

За жал, поради пропаѓањето на патот меѓу Дебар и Гостивар, враќањето од Охрид по таа маршрута беше невозможно. По кратката посета на Тетово, продолживме кон Битола и Охрид, а потоа по истиот пат се вративме во Скопје.

Општи забелешки

  1. Она што најмногу паѓаше в очи за човек што ја познава Северна Србија и што бил навикнат да слуша како Македонија се опишува како „Јужна Србија“, а нејзините жители како Срби, беше целосно различната атмосфера, која можеше да се забележи речиси веднаш штом ја преминавме границата од пред 1913 година, неколку милји јужно од Врање.

Се чувствуваше како да сме влегле во туѓа земја.

Службениците и офицерите од Северна Србија, се чинеше, го чувствуваа истото. Особено забележав дека во кафеаните и хотелите во Скопје тие се држеа во одделни групи и многу малку се мешаа со македонските Словени.

Оние од вториве со кои се сретнав еднакво упорно нагласуваа дека не се ниту Срби ниту Бугари, туку Македонци.

Тие, сепак, не изразуваа желба да видат независна Македонија. Како што самите кажуваа, ним им било сеедно кој ќе владее со нив, сè додека не биле угнетувани или запоставувани.

Од разговорите заклучив дека проблемите со кои се соочувала централната управа биле многу повеќе од економска отколку од политичка природа.

Во повеќето места, се чинеше дека не постои никаква наклонетост кон Бугарите. Нивната бруталност за време на војната направила да ги загубат симпатиите дури и на оние што пред Балканската војна им биле пријатели.

Само во Битола, каде што во првата деценија од овој век бугарската пропаганда била значително подоминантна од српската и каде што, според турските статистики, 80 проценти од населението било бугарско, слушнав пофални зборови за Бугарите.

Всушност, повеќето истакнати политичари и општински службеници во Битола биле токму оние што во минатото биле најактивни во бугарската кауза.

Нивниот сегашен став бил став на помиреност и лојалност кон Белград и кон Радикалната партија. Тие работеле на зближување со Бугарија и го поттикнувале непријателството кон Грција.

[Текстот продолжува на следната страница.]

Архивска белешка

Документот е дел од архивскиот фонд на британското Министерство за надворешни работи: The National Archives, FO 371/11405, стр. 91–95. Станува збор за писмото на Х. В. Кенард до Остин Чембрлен од 21 април 1926 година, со приложен извештај „Состојбите во Македонија“, составен од британскиот дипломат Р. А. Галоп по неговото патување низ Македонија.

Уредничка забелешка: Географските имиња во преводот се дадени во нивната современа македонска форма. Изразите „Српска Македонија“, „Јужна Србија“ и „македонски Словени“ се историски термини употребени во оригиналниот британски документ и се пренесени заради веродостојноста на архивскиот извор.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top