Историја

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА САНДАНСКИ: „Врвулица народ за човекот кој работеше за сиромасите и потиснатите!“

Наташа КОТЛАР на ФБ

На денешен 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански.

Тој бил личност за која се интересирал и странскиот печат, меѓу другите и англискиот. Особено во времето на неговото погибие, па натаму. Така еден британски автор пишува за илјадниците врвулици народ, кого го испраќале при неговиот погреб во Роженскиот манастир, бидејќи биле „длабоко нажалени од загубата на оној што работеше за сиромасите и за потиснатите“, во оригиналот, стои: „deeply grieved to lose one who had worked for the poor and oppressed“.

Сандански е претставен како маркантна фигура на македонското ослободително движење за кого луѓето во Македонија говореле со голема гордост, бидејќи го правел најдоброто за нив, бранејќи ги и заштитувајќи ги од мешање однадвор. Поради тоа, тој бил „голем херој и необично чесен водач“, односно „a great hero and scrupulously honest leader“.

Во однос на неговата политичка определба, за него, пишувале како за федералист, а идеолошки го вбројувале во „групата на анархистите и социјалистите“. За смртта на Јане известувал и британски „Тајмс“, а речиси во исто време во Лондон пристигнал и извештајот на британскиот дипломатски претставник од Софија, претставувајќи го Сандански како „познат поранешен револуционерен водач“ и определувајќи го местото на убиството во соседство на Неврокоп.

Во оригиналот стои: „…notorious ex revolutionary leader“. Кон овој извештај бил додаден и коментар од страна на администрацијата на Министерството за надворешни работи, дека ако тврдењето за убиството на Сандански било вистинито, тогаш „светот е ослободен од најпознатиот комита“, односно „the world is rid of the most notorious komitadji“.
[Христо Андонов–Полјански, „Неколку британски податоци за Јане Сандански“, Зборник Јане Сандански 1915–1975, ИНИ, Скопје, 1976, 149–150]

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top