Историја

Како настанала денешната македонска нација?

Александар Донски

Александар Донски

Во однос на тоа како настанала македонската нација ќе се воздржам од сопствени толкувања и ќе ги пренесам официјалните ставови во врска со настанокот на македонската нација презентирани од партијата СДСМ (која често ја обвинува ВМРО ДПМНЕ за „антиквизација“, „романтизам“ и сл.). Официјалните ставови на СДСМ ќе ги презентираме од училишните учебници по историја објавени за време на нивните влади и нивните министри за образование и наука. Впрочем, само преку училишните учебници по историја  недвосмислено се определува официјалниот став на една влада во однос на случувањата во историјата и не случајно грчките и бугарските  шовинисти денес бараат  промена на нашите учебници по историја. Па да видиме какви се официјалните ставови на СДСМ во однос на создавањето на македонската нација. Веднаш ќе кажеме дека во ваквите ставови античките Македонци недвосмислено се прикажани како составен дел од денешната македонска нација (што впрочем целосно одговара на вистината и на историските факти).

Така, на пример, во учебникот „Историја за I клас“ (Природно-математичка гимназија и правна струка), објавен во „Просветно дело“ (Скопје, 1996) од авторите: проф. д-р Бранко Панов, д-р Симо Младеновски и   д-р Светозар Наумовски на стр. 162, сосема јасно пишува дека античките  Македонци се составен дел од денешната македонска нација и дека тие на Словените им го пренеле не само своето етничко име Македонци и името на земјата Македонија, туку и својата култура, обичаи и религија. Овде читаме:

„Од измешаните Словени и Македонци постепено во втората половина на Х век бил создаден новиот македонски народ… Древните Македонци им ги пренеле на Словените не само својата култура, обичаите, христијанската религија, туку и називите Македонија и Македонци со што ги издвоиле од другите балкански народи…“

Потенцирам дека ова е објавено во официјален учебник по историја, наменет за македонските ученици и финансиран од владата на СДСМ и тоа во 1996 година кога министерки за образование беа Емилија Симоска и Софија Тодорова – обете од СДСМ.

Уште подецидно и понедвосмислено  потенцирање на фактот дека античките Македонци се составен дел од денешниот македонски народ е претставено во учебникот по историја за прва година гимназиско образование (Просветно дело, Скопје, 2006) од група автори.  Овде јасно е спомнато дека доминантно население во Македонија, непосредно пред појавата на Словените, биле античките Македонци од кои Словените го прифатиле името Македонци, а потоа дошло до нивно меѓусебно мешање од кое бил создаден денешниот македонски народ. Овде читаме:

„По населувањето, Словените во Македонија ги затекнале античките Македонци. Во почетокот односите биле лоши, но постепено се подобрувале. Македонците биле христијани и со повисока култура. Словените за новата татковина го прифатиле името Македонија и почнале да се нарекуваат Македонци, а староседелците Македонци го прифатиле словенскиот јазик, а подоцна и словенското писмо. Со меѓусебно мешање постепено се формирал македонскиот народ“.

Патем, овој учебник е објавен пред самиот крај на тогашното владеење на СДСМ. Коалициски партнер на СДСМ во тоа време е и ЛДП. Секако дека постојат и други вакви примери, кои во итерес на просторот ќе ги оставме за некоја следна прилика.

Што се однесува до третманот на античка Македонија во учебниците по историја објавени од страна на СДСМ, веднаш ќе кажеме дека за време на нивното владеење, во учебниците по историја на античка Македонија е отстапен драстично поголем простор во однос на нејзиното изучување за време на југословенската држава. Оттаму навистина зачудува сервилниот негаторски однос кон нашата античка историја од страна на сегашни кадри на СДСМ, кој повремено се граничи и со талибанско лудило и повици и најави за рушење на  спомениците со античко-македонска содржина или нивно безобразно прогласување за „дел од хеленската историја“. Но, да видиме што пишува во учебниците по историја во однос на античка Македонија, објавени и финансирани од страна на владите на СДСМ.

Во гореспомнатиот учебник „Историја за I клас“ (Скопје, 1996) за карактерот на античките Македонци (стр. 72), читаме:

„Античките Македонци биле посебен  народ кој се оформил по долготраен процес од повеќето македонски племиња, расположени на природните заокружени области на Македонија… Античките Македонци имале свој посебен јазик од индо-европско потекло, свои обичаи, начин на живеење и облекување,   свои верувања и религија…“

Во учебникот „Историја за петто одделение“ (IV изменето издание, Просветно дело, Скопје, 1995) од д-р Симо Младеновски исто така е посветена  посебна тематска целина за античка Македонија под наслов „Старата македонска држава“, читаме: „Античките Македонци како посебен народ имале сопствен јазик и култура, а се одликувале од другите племиња и по својата облека, обичаите и начинот на живеењето“.

 Во истиот учебник (стр. 102) во врска со ликот на најславниот македонски цар, истакнати се неговата величина, патриотизам и космополитизам: „Александар III Македонски (336 – 323 година пред н.е.), подоцна наречен Велики, ја издигнал Македонија во светска сила, освојувајќи ги областите од Македонија до Египет и Индија.

 Заслугите на Александар Велики Македонски се потенцирани и во учебникот „Историја за петто одделение“ од група автори, чиј рецензент е д-р Елеонора Петрова – Митевска (во тоа време член на најтесното раководство на СДСМ, а потоа член на Советот за култура на оваа партија), објавен во издание на Табернакул (Скопје, 2005). Во овој учебник посветена е посебна лекција за ликот на Александар III Македонски, во која меѓу другото, читаме:

„Александар бил најголем војсководец и освојувач во историјата. Со своите походи тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија. Создал огромна држава која се протегала на три континенти. Европа, Азија и Африка. Поради неговите освојувања подоцна Римјаните му го дале прекарот „Велики“.

 Постојат и други вакви податоци кои исто така, во интерес на просторот, ќе ги оставиме за некоја следна прилика.  По изнесувањето на овие факти, сега би требало да се очекува активистите на СДСМ да ја обвинат сопствената партија за „антиквизација“ на учебниците по историја што самите ги финансирале.

Но, да се вратиме на етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите. Овие разлики се повеќе од очигледни. Некои од нив се:

  1. Античкиот народ Тракијци (кој според официјалната бугарска историографија е составен дел од денешната бугарска нација) отпаѓа од етногенезата на македонскиот народ бидејќи најголемиот дел од Тракијците живееле на територијата на денешна Бугарија.
  2. Античките Македонци отпаѓаат од етногенезата на бугарскиот народ затоа што тие никогаш масовно не се населиле во тогашна Тракија со чиј народ често војувале.
  3. Турко-монголските Бугари, како признати предци на денешната бугарска нација, целосно отпаѓаат од етногенезата на денешните Македонци. Турко-монголските Бугари, то ест вистинските Бугари, никогаш масовно не се населиле во Македонија што значи дека Македонците и да сакаат не можат да бидат Бугари затоа што немаат бугарска крв и гени во себе.  Доколку турко-монголски Бугари (како припадници на жолтата раса) се измешале со Македонците, тогаш денешните Македонци би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса. Но, тоа секако дека не е така. Од илустрациите со ликовите на вистинските етнички турко-монголски Бугари, јасно се гледа дека ниту еден денешен Македонец (според антрополошките карактеристики) не личи на нив (со сета почит кон нив и нивната култура).
  4. Првите бугарски ханови, то ест најдлабоките официјално признати жили на етничкиот корен на денешната бугарска нација: Телец, Токту, Паган, Омуртаг, Винех, Умор,Телериг, Кубрат и другите како нив, никако не можат да бидат првите крвни предци на денешната македонска нација, затоа што добар дел од нив немале ни стапнато во Македонија, а некои од нив и жестоко војувале против македонското население. Првиот признат владетел на денешната бугарска нација ханот Кубрат, не само што никогаш во животот немал ни слушнато за Македонија, туку тој немал ни стапнато во Европа, бидејќи сиот свој живот (исто како и неговите монголски  предци) си живеел во својата татковина Азија. Значи надвор од умот е да се тврди дека овој хан е етнички предок на денешните Македонци, а со тоа и на Гоце Делчев.

Доколку некој забележи дека и денешните Бугари се „словенски народ“, тогаш должен е да објасни како е можно тој „словенски народ“ за свои први крвни предци да признава луѓе кои припаѓале на жолтата раса?  Ако го прашате кој било денешен Бугарин да ви ги наброи првите бугарски владетели, тој ќе ви ги  посочи токму турко-монголските бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Омуртаг, Телец, Токту, Паган, Цок… и други, кои припаѓале на жолтата раса. Впрочем турко-монголскиот Бугарин Аспарух не случајно во Бугарија не така одамна беше прогласен за „најзначајниот Бугарин на сите времиња“. Притоа, овде веднаш се забележува една голема нелогичност. Имено, најголем дел од денешните Бугари припаѓаат на белата раса, а како свои крвни предци третираат луѓе кои припаѓале на жолтата раса! Ова помалку е и смешно. Тоа е исто како кога некои етнички Швеѓани (припадници на белата раса) денес би прогласиле некој црнец од Африка за свој „етнички предок“ (со целата почит кон сите раси и народи во светот). Ова е уште еден доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел се потомци на Тракијците и на Словените, а не на Бугарите од Азија, чие етничко име им било наметнато во одреден историски период.

 

5.Постојат повеќе средновековни извори, кои зборуваат за војна и за непријателство помеѓу Македонците и Бугарите како два одделни етникума, како и за континуирани грабежи во Македонија од страна на Бугарите.

Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на Македонија од страна на бугарскиот цар Симеон во 10 век, напишал: Во месец септември бугарскиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија сѐ и ги исекоа овошките.

 За пустошењата од страна на војските на бугарскиот цар Симеон во Македонија, византискиот историчар Лав Ѓакон во својата Историја запишал: Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот повторно настапил со својата војска против Цариград. Притоа ги опљачкал Тракија и Македонија, каде сѐ опустошил и разурнал.

 Македонците страдале од Бугарите и во времето на таканареченото Второ бугарско царство (12 и 13 век). За злоделата што бугарскиот цар Калојан ги правел врз македонскиот народ авторот Владислав Граматик  напишал:

Тој Калојан при секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустосеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението.

(Повеќе податоци за ова на: You Tube, Aleksandar Donski History channel,

ETNOGENETSKITE RAZLIKI POMEGJU MAKEDONCITE I BUGARITE – dokumentaren film).

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top