Историја

МАКЕДОНСКО ПЕЧАЛБАРСКО МИНАТО: Пандо од Брусник во 1933 г. имал три ресторани на главната авенија Вудворд во Детроит

Печалбарството во Македонија, општо, како и она од регионот на Битолско има долга традиција.

Цариград бил првиот печалбарски град, а соседните земји Србија, Грција, Бугарија и Романија ќе се откријат откако ќе ја стекнат својата независност и откако економскиот подем во нив ќе ја избрише неразвиноста. Во последните децении на минатиот век ќе се отрие и САД, потоа и Австралија.

Заминувањето одело во бранови. Силен печалбарски бран започнал паралелно со андартскиот терор. Во 1907 година осумте регистрирани агенти од Битола за САД и Канада ќе испратат 3.630 лица. Вториот /1918-1927/ ќе биде уште посилен.

Брусничани главно заминувале за САД и Канада. Исклучоци ја откривале и Франција, а за Австралија во раниот печалбарски период не заминал ниту еден.

Неквалификувани, без основно познавање на јазикот на туѓата земја, со други навики и обичаи, тешко и мачно се вклопувале во новата средина. Избирале главно физички работи и учествувале во подигањето на железнички пруги, работеле во јагленокопите, во фабриките а сосема малку се определувале, заради слабите заработувачки за работата што најдобро ја познавале – земјоделството.

Ја прифаќале и кафеанската и ресторанската работа. Но ретки биле оние што имале сопствени кафеани и ресторани (еден од нив бил Пандо Андонов, кој во 1933 година во Детроит, во главната авенија Вудворд имал три ресторани).
Во туѓа земја се концентрирале во колонии. Ги имало најмногу во Детроит и во Гери, Индијана.

На печалба заминувале по оформувањето на семејството и по добивањето на првото или второто дете. Оној што еднаш бил секогаш планирал и за повторно заминување. Мотивацијата била од материјални причини, но и постојаниот и непреболен повик по побогатата и поразвиена средина.

Банкарските и другите малверзации, големата економска криза, како и несоодветниот начин на живеење кој секогаш претпочитал испосништво им ги тенчеле заштедите или сосема ги банкротирале. Но имало поединци кои се враќале и како богаташи, еден од нив кој во Брусник донесол 3.200 жолтици искачувајќи се на тој начин на челното место на ранг-листата на богатите печалбари од Битолско бил Лазо Матловски – Кубуро.

Во педесеттите години од овој век започнал и најновиот и најсилниот бран поврзан со иселеништвото. Скоро сите што се одлучуваат за напуштање на родната грутка заминуваат без повратен билет. Меѓу оние што заминале на привремена работа во Шведска, Германија, Франција и во други европски земји денес се раѓа и третата скоро наполно отуѓена генерација.

Торонто во Канада станува нов иселенички центар, а Мелбурн и Сиднеј во Австралија.

Од книгата „Брусник“ од Александар Стерјоски, Брусник, 1992. (Подготви Марко Китевски)

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top