Среда, 27 Септември 2017   
100 дена губитничка влада

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во првите 100 дена од владеењето на новото владино мнозинство на чело со СДСМ и аболицираниот лидер, и воедно премиер 3.3. прават кардинални потези со далекусежни подледици по својот доминицилен народ.

Планот 3-6-9 е намаливање на финансиската моќ на народот од една и разнебитување и продавање на националните чувства на македонскиот народ по цена да се остане само и само на власт од друга страна.

-Во Законодавниот дом со Европско знаменце а тоа значи по брза постапка да се донесе Законот за јазиците каде во догледно време албанскиот јазик треба да стане втор официјален јазик во Република Македонија.

Овде иронијата да биде уште поголема народните избраници од плавиот табор се повлекоа да дебатираат по оваа точка на дневниот ред со единствена цел истата да помине за брзо време.

Од идниот месец се укинува задолжителното плаќање на РДТ такса и истиот ќе се финансира од Буџетот на Република Македонија, аналогно на тоа, истиот радио дифузен сервис ќе биде под контрола на Извршната власт.

Се донесе Законот за стечајците каде на истите му се овозможува во иднина да добиваат минимален финансиски надоместок.

Сигурно аболицираниот лидер 3.3. и неговата мецена, а сега актуелен пензионер Б.Ц. прават потези за време на подготовките за избори само со единствена цел да го придобијат електоратот да гласа за нив на следните редовни локални избори.

Но, обичниот народ не е повеќе наивен и истиот знае дека фирмите кои пропаднаа се од времето на владеење на плавите момчиња (1994—1998 година) кога се направи најголемиот арамилак во тоа време на претпријијата со општествен капитал. Па така, преку ноќ едните останаа на улица а другите вртоглаво ги набилдаа преку ноќ своите финансиски конта и станаа во вистинска смисла на зборот олигарси.

Овде иронијата да биде голема некои личности се откажуваат од примањата на личните доходи од Извршната власт а во исто време добиваат тендери со 7 цифри изразени во Европската валута евро.

Аболицираниот лидер удри и по обичниот земјоделец каде најави дека ако истиот не произведе повеќе земјоделски култури од претходната година нема да има за него субвенции.

Лицето 3.3. ги посети затворите во Република Македонија каде и тој требаше да издржува затворска казна за аферата “Глобал“, а познато е дека во тоа време истиот беше аболициран од тогашниот претседател на Република Македонија, лицето Б.Ц.

Неговата констатацијата беше дека истите се пренатрупани со затвореници Па така, по брза постапка на Владина седница помина Законот за амнестија каде осудениците до 6 месеци треба да се ослободат а на оние со повисоки казни да се намали за 30% од изречената казна.

Секој ден лицето 3.3. ја задолжува финансиски земјата кај Меѓународните финансиски институции.

Пред парламентарните избори лицето З.З. ветуваше 100.000 денари личен доход за лекарите специјалисти. Зоки факт е дека тоа не може да се оствари во денешни услови кога здравствената каса се финансира само од државните институции и Јавните претпријатија и мал дел од добро стоечките приватни фирми во Република Македонија.

Во оваа прилика Ве молам кога ќе дојдете во Градот под Марковите кули немој да го повторите ветувањето на нарцисоидната личност за време на претходните локални избори кога истиот ветуваше изградба на 300 акумулации. Иронијата да биде уште поголема пред неколку денови во Прилеп се пушти фабриката Акомпласт дело на ВМРО ДПМНЕ а лентата сечеше лице од извршната власт.

Исто така, направивте кардинални потези во прилепскиот монопол каде сега некогашното раководство финансиски го закрепна прилепскиот Тутунски Комбинат.

Иронијата да биде уште поголема новото поставено раководство каде особено една личност од станатите е на забот на времето и истата таа личност беше во првиот ешалон на некогашното раководство ка Прилепскиот монопол кое за нечесното работење двоецот ТЦМ и Д.Б одлежија затворски казни.

На крајот со едеи збор кажано првите 100 дена се губитнички на актуелната власт во Република Македонија.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.