Среда, 04 Октомври 2017   
Охридската архиепископија за време на византиското владеење

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Во 1084 година за архиепископ доаѓа гркот Теофилакт (1084 - 1107). Во желба да ја истисне славјанската книжевност која ја негуваше македонското свештенство, тој почнал со преработка на црковно-славјанските книжевни списи на грчки јазик, меѓу кои и Житието на Климент Охридски  и Житието на петнаесетмината тиверополски маченици. Теофилакт ги сменил сите епископи од македонско потекло и ги заменил со Грци. Под притисокот на државните власти тој дозволил да се ограничи автокефалноста на Охридската архиепископија.“  - пишува  протојерејот д-р Славко Димевски, еден од најдобрите познавачи на историјата на Македонската православна црква.

Делото на протојерејот д-р Славко Димевски (1920-1994) преставува вистинско светило кое ја осветлува Историјата на Македонската православна црква. Тоа свети во секој македонски дом без разлика каде тој се наоѓа. Во публикацијата „Од минатото на Македонскиот народ“, објавена во 1969 година во Скопје, во делот за Охридската архиепископија за време на византиското владеење, тој со тогашните податоци кои ги поседува, ќе го забележи следното:

„Во 1018 година Македонија наново подпадна под власта на Византија. Меѓутоа, Византискиот цар Василиј II не ја уништи црквата во поранешната Самуилова држава. Тој ја свел само на ранг на архиепископија со седиште во Охрид. За прв архиепископ Василиј II го потврдил поранешниот игумен на дебарскиот манастир Јован, со потекло од Македонија. Исто така, тој ја потврдил и дијацезата на Охридската архиепископија, притоа задржувајќи домашното свештенство, со што го сочувал и обележјата на македонско-славјанската црква.

Под управата на Охридската архиепископија останале 31 еперхија: во Македонија (без Солун и Халкидики), Албанија, Епир, Тесалија, Србија и подунавска Бугарија, што значи дека Охрид останал важан центар за поголем дел на Балканскиот полуостров, сличен на Цариград, Ерусалим, Антиохија, Александрија и др.

После смрта на Василиј II (1025) година престанала и толерантната политика према Славјаните. Гркот Лав I (1937 – 1056, н.з.) доаѓа на охридскиот архиепископски престол после смртта на Јован (1037). Тоа предизвика отпор против византиските власти. Во 1940 година веќе се кренало востание кое го предводи Петар Дељан. Ова востание, како и она подоцнежното на Ѓорѓи Војтех во 1072 година, завршија неуспешно. За тоа време на охридскиот архиепископски престол се смениле три архиепископи, по потекло Грци: Теодул I (1056 – 1065, н.з), Јован II Лампинос (1065 – 1078, н.з) и Јован II Аинос (1078 – 1084, н.з.). Сите овие архиепископи ја сметале црквата за грчка и ширеле грчка култура и грчко влијание меѓу славјанските верници, потиснувајќи ја славјанската книжевност во втор план.

Во 1084 година за архиепископ доаѓа гркот Теофилакт (1084 – 1107, н.з.). Во желба да ја истисне славјанската книжевност која ја негуваше македонското свештенство, тој почнал со преработка на црковно-славјанските книжевни списи на грчки јазик, меѓу кои и Житието на Климент Охридски  и Житието на петнаесетмината тиверополски маченици.

Теофилакт ги сменил сите епископи од македонско потекло и ги заменил со Грци. Под притисокот на државните власти тој дозволил да се ограничи автокефалноста на Охридската архиепископија. 

Уште во време на архиепископот Лав во Македонија почнаа да се доселуваат грчки монаси, така да дошло до зголемување на бројот на манастирите. Исклучок преставувало монаштвото во северна Македонија, во областа помеѓу Вардар, Брегалница и Биначка Морава. Во овој дел се подигнати многу македонски манастири, како што се Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски.

После генерацијата која ги негувала книжевните работи, а која ја сочинуваа Климент, Наум, Константин Презвитер и монахот Храбар, во Македонија дошло до извесен застој во XI и XII  век, бидејќи високиот грчки клер ја форсирал грчката книжевност и дека поголем дел од монаштвото бил грчки. Сепак, од ова време е позната охридската препишувачка школа во која се употребувала македонската редакција на црковно-славјанскиот јазик.

До создавање на кнежеството на Стрез (1207 – 1214, н.з.) на охридскиот архиепископски престол се смениле повеќе архиепископи кои сите биле со грчко потекло, освен двајца: еден покрстен Евреин (Лав Мунг, 1108 – 1120, н.з) и еден Македонец. Засега се познати десет архиепископи кои сите освен еден го пљачкале македонскиот народ.

Во втората половина на XII  век започна падот на Византија, а со тоа ослбодителното движење на славјанските народи на Балканскиот полуостров. Во Рашка владателот Стефан Немања успеал да ги обедини српските жупании и во 1170 година да се прогласи за голем жупан. Во Бугарија во 1175 година избувнало востание, кога асенови го создале Второто бугарско царство. Веќе наредната 1176 година се создава самостојната бугарска црква – Трновската патријаршија.

Второто бугарско царство кое и самото било со краток век, за кратко време ја опфаќа и Македонија. Бугарските владари не се осмелиле да ја укинат Охридската архиепископија, меѓутоа ја смалиле нејзината дијецеза во корист на Трновската патријаршија. Особено Колојан, после победата над латинскиот цар Балдвин (1205 - 1206), откако ја зазел цела Македонија, ги смалил границите на Охридската архиепископија на најмала мерка. Во исто време ги протерал сите епископи со грчко потекло и ги заменил со епископи со славјанско потекло кои ги хиротонисал Трновскиот архиепископ.

После Колојановата смрт (октомври 1207), Второто бугарско царство се распаднало. Тогаш во Македонија, во Просек (Демир Капија) се утврдил севастократорот Стрез, кој со помош на големиот српски жупан Немања успеал да ги придобие за себе и соседните македонски градови, меѓу кои и Охрид.

Откако завладеал со еден дел на Македонија, Стрез ги регулирал и односите со Охридската архиепископија. Впрочем, таа била многу мала и нејзината јурисдикција се простирала само на територијата на Стрезовата кнежевина, но била ослободена од притисокот на Трновската архиепископија. Стрезовиот интерес и интерсот на Охридската архиепископија потполно се поклопија поради што тие заедно настојуваа да се сочува независноста како на кнежевството, така и на архиепископијата. За време на Стрезовото владеење Охридската архиепископија успеала да под своја управа врати некои изгубени епархии кои преходно ги одземала Трноваската епархија.

После Стрезовата смрт (1215) неговото кнежество меѓусебно го поделија Солунското латинско кралство и Епирската деспотовина. Тогаш Охридската архиепископија ги исгубила јужномакедонските епархии – мегленската и струмичката. Оваа состојба траела се до оној момент кога Охрид подпаднал под власта на епирскиот деспод Теодор. Теодор ја штител архиепископијата и таа можела успешно да се бори против никејскиот патријарх за да може да поврати некои одземени епархии. За време на деспотот Теодор архиепископијата имала доминантна положба во државата и успеала да ја прошири својата дијацеза, да ја поврати повторно скопската, серската и сервиската епархија. 

Во тоа време почнала борбата меѓу епископите од грчко и славјанско потекло. Во врска со таа борба во Охрид бил свикан архиерејски собир, под претседателство на архиепископот Хоматијан, на кој архиерите се поделиле во два табори. На чело на грчкиот табор стоел воденскиот митрополит, додека славјанкиот го водел мегленскиот митрополит. Спорот се водел околу признавање на епископскиот чин на епископите кои ги поставил Калојан. Бидејќи се замешал деспот Теодор Комнин спорот бил решен со компромис. Епископите Славјани кои ги поставил Колојан требало да ги напуштат епархиите, така што на нивно место да бидат ракоположени домашни епископи од македонско-славјанско потекло.

Зајакнувањето и ширењето на српската држава доведе до нови промени во Охридската архиепископија. Во 1219 година Српската голема жупа се оддели во црковен поглед од Охридската архиепископија и формира своја автокефална Српска архиепископија, со најмладиот син на Немања, Сава како архиепископ.

После битката кај Клокотница (1230), кога бугарскиот цар Асен II го заробил епирскиот деспот Теодор и ги завзел неговите земји заедно со Охрид, Охридската архиепископија повторно го изгубила значењето на првостепена црква на Балканскиот полуостров, остапувајќи го своето место на Трновската архиепископија. Афтокефалноста на Охридската архиепископија ни овај пат не била нарушена, освен што било намалено нејзиното влијание, а можеби била одземена и некоја епархија.

Охридската архиепископиа доживеала удар и по пропаста на бугарскиот цар Асен II. Тогаш дијацезата на архиепископијата во територијален поглед подпаднала под три церства. Во нејзина јурисдикција останале само епархиите во деспотовината на Михаил II, кои се поклопуваат со областите која таа ги држела за време на деспот Теодор.“

Протојерејот д-р С. Димевски во овој дел од историјата на Охридската архиепископија ни посочува како грчките архиепископи за време на византиското владеење преку неа се обидувале да ја уништат македонската и да ја наметнат грчка култура и грчко влијание меѓу славјанските верници. Сепак, и покрај сите уништувања на ракописи со македонска редакција на црковнославјанскиот јазик, како и други извори, останале доволно факти  кои ја осветлуваат историјата на македонскиот народ и неговото опстојување низ вековите.

Денес од соседните држави се бара ревизија на македонската историја, а со тоа и гасење на  светилото кое свети во секоја македонска црква, во секој македонски дом било каде и да се наоѓа. Точно е дека има нови откритија, нови историски извори, кои бараат корекции, но не може да се дозволи како во времето на Теофилакт да се уништуваат македонските корени. Не смее да се дозволи како за време на владеењето на Византија, наместо Константинопол и Цариградската патријаршија, денес Атина и Софија да ни ја пишуваат нашата македонска историја. Ако се дозволи тоа денес, тогаш ќе дозволиме засекогаш да згасне македонскиот светилник, македонското име, идентиет, јазик и културата на македонскиот народ.

(извор: „Од минатото на македонскиот народ – Охридска архиепископија“ , Скопје, 1969, стр, 56- 59) 

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.