Среда, 04 Октомври 2017   
Како и ЕУ, така и СДСМ стално ветуваат, но никогаш не исполнуваат

svekrva-nova
Свекрва

Неодамна лидерот на поранешниот коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ во власта, а сега на СДСМ, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партиски собир говореше за соработката со СДСМ. Откако доби уверување од Заев дека албанскиот јазик ќе стане официјален на цела територија на земјата и стана дел од власта, сега Али Ахмети за престојните локални избори вели дека поддршката со новиот коалиционен партнер СДСМ ќе биде обострана во општините каде еден од партнерите нема шанса за победа. Вакви аранжмани се направени за повеќе градови (Скопје, Битола, Охрид и др.)

Имено Ахмети го повика членството и албанското население за градоначалник на Скопје да гласа за кандидатот на СДСМ, бидејќи СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство. Истовремено тој вети дека советниците кои ќе бидат избрани ќе ја уживаат безрезервната поддржка од власта и ја поздрави одлуката за заедничка листа на албанските партии кои се натпреваруваат за локалната власт, притоа укажувајќи дека обединувањето на силите е голем чин. Исто така Ахмети најави свој личен ангажман таму каде што Албанците се помалку бројни за тие да ги здружат силите за да се постигне целта.

Она што на поголемиот дел од обичните граѓани им е јасно за целта на одреден дел од албанската елита во земјата, изгледа на лидерот на СДСМ Зоран Заев и тие што го следат не им е јасно или пак не сакаат да знаат заради лични интереси. Но, не е далеку денот кога изгласувањето на Законот за употребата на јазиците, односно албанскиот јазик на целата територија ќе биде почеток за каталонскиот синдром.

Познавајќи ја дволичноста на ЕУ, потребно е македонскиот народ да биде многу внимателен. Како и ЕУ, така и СДСМ стално ветуваат, но никогаш не исполнуваат. Ветувањата на СДСМ за 500 евра плата, вработувања и т.н., беа само мамка за да се добие и остане на власт се додека не се спроведат плановите на центрите на моќ, а тие не се најсресќни за македонскиот народ. Овде не е доведено само во прашање името и идентитетот, туку и опстанокот на македонската држава.

Всушност, за да се спречат несаканите последици од погубната политика на СДСМ потребна е голема мобилизација не само на членството на ВМРО ДПМНЕ туку на сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност. Потребна ни е огромна сплотеност за да го одбраните суверенитетот и независноста на македонската држава.

Во овој случај, особено е потребен широк ангажман на основачите и ветераните на ВМРО ДПМНЕ, за да се победат сите зла кои се исправени пред македонската држава и народ. Сега е потребно тврдокорните ветерани, столбот на ВМРО ДПМНЕ, кои се вградија во македонската држава, повторно како во деведесетите години на минатиот век да застанат зад државотворните вредности на Македонија и на македонската нација, да застанат во одбрана на секоја педа на македонската земја, да бидат пример на младите поколенија како се сака татковината.

Ветераните на ВМРО ДПМНЕ отсекогаш биле во првите редови на македонскиот народ во неговата бескомпромисна борба против немакедонските активности. Денес кога борбата за опстанок се сведе на локално ниво, каде коалицијата на СДСМ и ДУИ не се занимаваат со актуелните проблеми на граѓаните, туку ја исцртуваат линијата Подмоље - Групчин, ветераните мора високо да го кренат својот глас, да воспостават кохезија на македонскиот народ и да го поведат по вистинскиот пат на европската и светската сегашност.

Сега ни се потребни вистинските вредности кои ги красат ветераните, исконското македонско: богољубие, македонољубие и човекољубие. Тројство кое ги краси правите Македонци, кои со честа и достоинството се пред сопствените животи.

Во пресрет на локалните избори, сведоци сме како СДСМ во својата кампања ветува се и сешто. Им ветува на соседите, им ветува на домицилното албанско население, им ветува на граѓаните работи кои ниту мисли, ниту можи некогаш да ги оствари. Остава само тешко бреме врз сопствениот народ. Нема и неможе да има простување за сето тоа што го има направено и за сето она што планира да го направи.

Сега е време на одлуки, време кога со заокружување на бројот 13 ќе го одбереме својот градоначалник, свои советници, ќе ги одбереме оние кои ќе знаат да се грижат не само за својата општина, туку и иднината на земјата.

На 15 октонври да им дадеме можност на оние кои знаат, кои можат, кои се докажале и кои зад себе имаат резултати, а не на оние кои не можат да спроведат ниту еден проект. Не може да им се довери раководење на оние кои се докажале само со својата погубна политика, на оние кои знаат само да уништуваат капацитети, да отпуштаат вработени, да ги бркаат младите од земјата и да го рапродаваат името, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ, да ги распродаваат столбовите на македонската државност.

На овие избори сите ние одлучуваме во какви општини сакаме да живееме, во каква Македонија да ги растеме нашите идни поколенија. Затоа да ги поддржиме кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, а едно големо НЕ за кандидатите на Зоран Заев и коалцијата на СДСМ, која е спремна да ги погреба општините и државата.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.