Среда, 11 Октомври 2017   
Двајца кандидати кои се разликуваат еден од друг по изборните ветувања

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Се наближува крајот на изборната кампања за следните локални избори, кои како што е познато ќе се одржат во недела на 15 октомври.

Во градот под Марковите кули за градоначалничката фотеља ќе се борат актуелниот татко на градот Марјан Ристески кој од прилепчани ќе го бара 4-от едно по друго градоначалнички мандат и ортопедот Илија Јованоски, актуелен директор на Ј3У Општа болннца "Борка Талески" - Прилеп.

За актуелниот татко на градот Марјан Ристески кој е номиниран од актуелната опозиција на централно ниво ВМРО ДПМНЕ има многу да се пишува во суперлативи за неговиот ангажман од сите сфери на општественото живеење во градот Перој Прилеп.

Во оваа прилика ќе наведиме само некои започнати и следствено на тоа реалзирани проекти.

На самиот негов старт во 2005 година кога на избори го победи психијатарот Сашко Пирганоски од неговоро ангажирање како татко на градот под Марковите кули локалната финансиска каса ја затекна во финансиска була. Исто, така, јавните претпријатија кои беа и се под Локалната самоуправа беа во тоа време во финансиски колапс.

За само неколку- месеци ревносниот градоначалник Марјан Ристески со неговиот успешен менаџерски тим изврши финансиска консолидација на Јавните претпријатија и финансиската каса на Локалната самоуправа.

Во оваа прилика само да нагласиме дека ЈКП Водовод и канализација имаше заостанати 2-5 плати за вработените и неплатен долг за данок кон државата.

ЈКП Комуналец наследи финансиски долг по основ на неплатен долг на данок од 32 милиони денари.

ЈКП Пазари исто така, се соочуваше со финансиски проблеми, а тогашното претпријатие за улици и патишта на чело со нарцисоидната личност С.Д. која сега е вгнездена во општинската самоуправа во Кривогаштани прикажуваа лажни ситуации за реализација во поглед на уредување и асфалтирање на сите улици во градот и населените места.

Верувале или не тогашното претпријатие за улици и патишта асфалтирало во проценти само 5% асфалтирани улици.

Со диригентската палка на градоначалникот Марјан Ристески се исплатија личните доходи на вработеиите во водоводното претпријатие во овие 12 години од неговото владеење на чело со првиот човек на ЈКП "ВИК" Сашко Николоски развршена е целосна промена на азбестните цевки и следствено на тоа целосна реконструкција на атмосферската и канализациона мрежа.

Надголем зафат на ЈКП "Вик" е изградбата на Пречистителна станица.

Менаџерскиот тим на ЈКП Комуналец на чело со директорот Златко Ристески - Џекчето од 2005 година редовно ги плаќа давачките по основ на Данок на ДДВ кон државата и наследениот данок од претходната гарнитура со исплата на рати е намале во овие 12 години за цели 7 милиони денари и сега изнесува 25 милиони денари.

Изграден е современ Царински терминал. Набавени се нови возила за собирање на отпад. Пуштена е во употреба Градската капела на новите Градски гробишта и во тек е изградба на мала капела на старите гробишта. Во тек е изградба на фабрика за рециклиран отлад, а следствено на тоа е извршена санација на градската депонија до близина на селото Алинци.

секоја урбана заедница се уредени парковските површини и направено е целосно партерно и хортикултурно уредување.

Кандидатот за Градоначалник Марјан Ристески со неговиот менаџерски тим на ЈП ПУП ги асфалтира во буквална смисла на зборот сите улици и артериско поврзување на истите до населените места кои гравитираат со општина Прилеп. ЈП ПУП воведе Градски превоз а посебна атракција за младата популација во летните месеци е туристичкиот воз.

Во ЈКП Пазари е санирана финансиската була на претпријатието. Се изгради трговско - деловен простор, а далеку прочуениот прилепски пазар е целосно покриен и уреден по сите Европски стандарди. За брзо време во некогашниот млечен пазар ќе се изгради современ деловен објект.

Започната е целосна реконструкцила на Градскиот стадион “Гоце Делчев" кој истиот е гордост на љубителите на најспоредната работа во светот - фудбалот. Изграден е фудбалски стадион на Могилата на непобедените и фудбалско игралиште со вештачка трева во населбата т.н. Типска.

Изграден е голем импозантен црковен објект во населбата Точила под името СВ. Петка и изградени се три црковни параклиси на различни места во градот. Во населбата Тризла за населението со муслиманска вероисповед е изградена Џамија.

Отворени се индустриските зони Прилеп 1 и 2 и во завршна фаза е отворањето на МЗ Прилеп 3 и 4. Исто така, изградена и ТИРЗ во близина на селото Алинци. Во овие ИЗ и ТИРЗ постепено од ден на ден никнуваат производствени капацитети со домашен и странски капитал.

Изградена е нова општинска зграда од океански тип. 3а жал, истата надворешно е осквернавена со јајца и бои од т.н. ланска шарена револиција.

Ова се само дел од реализираните проекти на Марјан Ристески кој мошне успешно 12 години Прилеп го направи најубав град на Балканот и во буквална смисла Европска метропола.

Кандидатот за градоначалник од редовите на плавите момчиња Илија Јованоски ветува дека ќе ја реконструира спортската сала Македонија каде ќе изградел базен и под надзор на стручен тим ќе се прави хидротерапија. Во оваа прилика да го потсетиме И.Ј. дека сега и во иднина не може да го оствари овој проект од причини што спортската сала Македонија е под државна капа.

Нагласува дека нема реконструкција на водоводната и канализациона мрежа. Најдобро е Ј.И. да се обрати кај надлежните во ЈКП "МК" кои ќе му кажат да не ветува брда и долини од причини што е извршена целосна реконструкцијј на атмосферската и канализациона мрежа.

Исто така, Јованоски нагласува дека актуелното владеачко мнозинство во Градот под марковите кули на чело со ревносниот градоначалник Марјан Ристески прави финансиски махинации со надалеку прочуената манифестација Пиво фест.

Средствата собрани од автомобилската такса и за закупен квадратен метар од пиварниците и скараџиите се легнати во општинската каса.

На крајот најдобро е со чесна борба а не подмитување на ромското население со животни намирници (фатени високи личности од СДСМ на дело и истите објавени на социдалните мрежи со цел да се добие глас повеќе од противникот и чесно и поштено да се седне на градоначалничката фотеља.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.