Среда, 18 Октомври 2017   
Во Македонија има и слобода и демократија

robert-klenkovski
Роберт Кленкоски

На почеток на ова отворено писмо сакам да изразам голем почит и благодарност на сите граѓани, на институциите и политичките субјекти за успешно спроведените локални избори.

Ви ја честитам победата, ја добивте оваа нова позиција достојна за вашиот кредибилитет и добра, имагинативна програма што сте ја претставиле во изборната кампања. Се надевам дека ќе можете да ги имплементирате што е можно повеќе од планираните иновации и дека вашата нова канцеларија ќе ви даде не само загреани дискусии, туку и многу успешни приказни.

Граѓаните одлучувале ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери да ги реализира безбројните проекти, сега ја одлучија насоката во која ќе се движи државата и да бидеме сигурни, македонскиот народ секогаш суверено ќе одлучува за својата иднина.

СДСМ заедно со коалиционите партнери победи во повеќето општини во Македонија и првиот предизвик на ВМРО ДПМНЕ треба да звучи, да ги анализираме и да ги адресираме дефицитите.

Да се најде еден виновник е очекувано од партиските противници, но контрапродуктивно за ВМРО ДПМНЕ и Македонија!

Над 335.762 гласови се дадени за нашите градоначалници од граѓани на Македонија, кои веруваат, имаат надеж како и доверба во нашата работа. Досегашниот економски развој и перспектива за подобар живот бил големиот мотив, својот глас повторно да го дадат на нашата коалиција која произлегуваше со проекти и решенија.

Нашата работа привлече странски инвеститори и започна да биде атрактивна и за туристичката индустрија. Постигнатата доверба и атрактивност е долг и ценовно интензивен процес кој треба да се продолжи. Напорите за привлекување инвеститори би требало новата влада да ги интензивира и прошири, за се повеќе граѓани да го видат бенефитот без разлика како се партиско определени.

Економската инвестиција во инфраструктурата, туризмот и културата се многу пати критикувани но едноставно морални како и единствени со повратни бенефити за иднината. Проектот „Скопје 2014„ не беше популарен ама придонесува во градските и државните каси преку зголемување на наплатениот данок од туристичката индустрија не само нови работни места, туку и доби поголема атрактивност и за други индустриски гранки.

Големите инвестиции и политички одлуки ја донесоа Македонија во таква состојба што не само соседните влади не гледаат како голем економски конкурент во иднината, кој мора да се забави.

Навистина сме горди на сите реализирани проекти кој на нашите идни генерации сепак им олеснуваат еден непопуларен дел во изградбата на нашата иднина.

Во последниве три години нашите политички конкуренти активно ги користеа овие непопуларни инвестиции и ширеа омраза за да го преземат лидерството.

ВМРО ДПМНЕ треба понатака конзервативно да делува, да гледаме во иднината и да имаме напредок.

Сигурен сум дека со демократски процес и по пат на дискусии ќе најдеме пак консензус во нашата партија.

Сите членови и поддржувачи од Македонија и македонската дијаспора се бореле и ќе се борат за нашето демократско национално единсто и за доброто на Македонија.

Реформите се фундаментални градежни блокови на нашата демократска партија и праведно општество и нетреба популистички да се бараат пред јавните медиуми.

Треба да ги анализираме не само нашите досегашни чекори туки и чекорите на нашите политички противници. Грешки и тенденции мораме порано да ги откриваме и одма да се спротивставиме или да ги исклучиме. Во овој процес морална е соработка на сите лидери, така што на крајот сите да се задоволни од процесот и да се донесе заедничка одлука за напредок на партијата.

Барања за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се моментално контрапродуктивни. Ги замолувам членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат со ваквите барања а господинот Груевски да помогне во анализата и демократскиот процес во партијата.

Во една демократска партија како ВМРО ДПМНЕ мора да има дебата за репозиционирањето. После тој процес ако е потребно и морално следат договорените промени.

На крај на ова отворено писмо, му благодарам на господинот Груевски и целиот тим што активно се борат за нашата ВМРО ДПНЕ и Македонија и сакам сите да ги потсетам, дека историјата ќе ја пишуваат нашите идни генерации.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.