Среда, 25 Октомври 2017   
Македонскиот народ е мудар и неможе тукутака лесно да се скрши, ниту да се исплаши

svekrva-nova
Свекрва

Нема посветол момент во историјата на македонскиот народ од неговата борба за слобода. Македонија беше последната која на еден дел од својата територија создаде своја држава. Меѓутоа, ние како да го заборавивме жестокиот пример од Беласица во 1014 година. И денес постојат непријатели околу нас кои не би се откажале од нова Беласица, од создавање на нови слепци во Македонија кои би го повеле македонскиот народ и неговата држава во пропаст.

Повеќе од дваесет години ЕУ, НАТО и САД ја држат Македонија настрана со врзани раце поради непризнавањето на Грција на македонското име, јазик и идентитет. Во неможност да се најде решение за македонското прашање, тие ја држат земјата подалеку од евроатланските интеграции и бараат политички слепци кои за разни бенефиции би го смениле и името и идентитетот на македонскиот народ и држава.

Имено, денес не мора со вжештено железо да им се вадат очите на Македонците. Сјајот на понудените бенефиции (пари) се доволни за некого од политичката елита при здрави очи да стане слеп и да го поведе народот во бездна. Потребно е само да го смени името за да исчезне Мекедонецот од картата на Европа и еднаш за секогаш да се реши македонското прашање.

Не претчуствувајќи ја замката, дел од народот изморен од чекањето да стане дел од ЕУ и НАТО и заведен од ветувањето дека наскоро ќе се реши македонското прашање и ќе дојде подобра иднина, почна да го следи заслепениот водач, не предчуствувајќи дека тој ги води во пропаст.

Како јагнина во трло, опкружен со глутница волци, дел од македонскиот народ од страв побара спас во водачот кој води погубна политика. Всушност, тој ги води директно во челуста на глутницата која нема да се колеба своите заби да ги зарије длабоко во македонскиот врат.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е политичка марионета на Западот и предводник на оваа погубна политика, превзеде се што е потребно „стадото“ да го однесе на кланица. За да се избегне било каков отпор на „стадото“ превземени се низа мерки, како што се закани, уцени, поткупи и т.н.. Бидејќи нема посветол момент во историјата на еден народ од неговата борба за слобода, за да некој не се сети на своите претци и нивниот аманет, актуелната власт дури ги укинаа и наградите 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба!?

Изгледа СДСМ е уплашен многу од своите налагодавачи, бидејќи без срам и перде, оние кои до вчераа зборуваа за некаков режим, сега воведоа режим и спроведоа локални избори со низа неправилности.

Иако се забележани голем број на закани, уцени, физички напади, смртен случај, поткупување, полнење на кутии, бугарски воз, полицијата, медиумите под контрола на власта и странските набљудувачи молчат.

Сите, вклучувајќи ги ОБСЕ/ОДИХИР и американската амбасада говорат за фер и демократски избори, кои за жал беа далеку под нивото на оние избори, какви што ги организираше ВМРО ДПМНЕ додека беше на власт.

Всушност, се покажа дека изборните резултати на локалните избори одржани на 15 октомври се резултат на изборниот инжинеринг на СДС во спрега со надворешните центри на моќ. Овие резултати покажаа дека тогаш не загуби ВМРО ДПМНЕ, туку најголем губитник е македонскиот народ.

Имено, многу брзо ќе се почуствуваат последиците од политичката слепотија на оние што гласаа за СДСМ, на оние кои подлегнаа на уцените, заканите или се полакомија за пари.

Впрочем, со прифаќањето на Тиранската платформа и Договорот за добрососедство, Зоран Заев отворено ја најави распродажбата на македонските национални интереси.

Е богами, тоа секој ќе го почуствува на своја кожа, бидејќи денес се осудуваат оние кои си ја сакаат државата, семејството, оние кои го сакаат мирот, стабилноста и просперитетот на земјата, а се пуштаат на слобода криминалците и убијците. Со пуштањето на бандите на СДС се создадоа услови како во времето во 1924 година, кога разни банди потикнати од разни центрите на моќ ги ништеа македонските дејци, кога нивните лешеви беа речиси секодневна појава.

Од доаѓањето на власт, СДС креира страв и несигурност во земјата, за да не се попречи спроведувањето на планот нарачан од центрите на моќ, а тоа е промена на името и идентитетот. Односно да се прифатат сите услови од страна на нашите соседи, а не да се постигне компромис. За да се спроведе тоа, потребно е македонскиот народ да стане малцинство во земјата, односно безгласна буква. Затоа се размислува за трајно населување на мигранти, кои би добиле државјанство и би биле гласачка машина на сегашната актуелна власт.

Македонија не смее да ја заборави Беласица 1014 и не смее да дозволи политички слепци да ја водат земјата. Единствен начин да се сопре лудилото кое доведе до пад на економијата, до создавање на страв и несигурност е враќање на оние кои не се политички слепци и послушници, а чиј фокус на интерес е насочен кон доброто на македонскиот народ.

Едноставно, на Македонецот му е потребно ВМРО кое отсекогаш било и ќе биде главниот заштитник и стожер на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија.

Македонскиот народ е мудар и неможе тукутака лесно да се скрши, ниту да се исплаши. Сега му е потребна сплотеност и заедно со ВМРО како политички преставник на нивните интереси, да се спривстават на редефинирањето на државата.

Потребно е само мудро, чекор по чекор, повторно освојување на изгубените позиции.

Таков момент е вториот круг во локалните избори, па секое освоено градоначалничко или советничко место преставува уште еден чекор поблиску до спречување на СДС во нивните намери за редефинирање на Македонија.

Во името на своите претци, македонскиот народ мора да го сочува својот образ и едногласно да каже не за намерата на СДС, а таа е промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.