Сабота, 28 Октомври 2017   
Не казнивте сите нас, лојалните членови, ја казнивте идеологијата на ВМРО и ја казнивте Македонија

Robert Klenkoski-Berlin  GermanijaРоберт Кленкоски, Берлин-Германија

Главни политички прашања за кој треба да се разговара

450.000 гласачи го дадоа својот глас за ВМРО, некој ги спречија со уцени и закани, некој несмеат да се огласат во соседството а илјадници ги има и во дијаспората. Сите ние сме ВМРО.

Тие што сакале да го казнат Никола Груевски, па не излегле да гласаат, не казнивте сите нас, лојалните членови на партијата, ја казнивте идеологијата на ВМРО и ја казнивте Македонија.

На ВМРО-ДПМНЕ и се потребни вистиски лидери, кој и во тешките времиња ќе бидат лојални спрема партијата и нема да и штетат во овие моменти, поготово не за свој интереси.

Тактично пред изборите да се отвори тема за реформи има само една цел, да се искористи моментот и да се презентира новиот лидер.

Да ги запрашам самонаречените реформатори, пошто пред изборите најавија дека не сакаат да бидат кандидати за изборите и дека тоа не биле мотивите на нивната акција, дали би кандидирале нивни член на наредните лидерски избори во ВМРО-ДПМНЕ?

Треба да знаеме кој се мотивите што те влечат толку, што ваквите дебати моравме да ги почнеме пред локалните избори?

Каква е таја реформа во која истовремено се повикуваат членови и симпатизери да ги бојкотираат локалните избори и да не гласаат за својата партија ВМРО-ДПМНЕ?

Дали стварно мислите дека кандидатите од другите партии се подобри од нашите кандидати што ќе ги преземат фунциите на локалното ниво за наредните години?

И јас барам од мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, да има дискусија после вториот круг на изборите со соодветни мерки, но како прво, барам членовите на ВМРО-ДПМНЕ под хитно да ги користат овие локални избори за да не им ги оставиме и овие избори на нашите политички противници!

Членовите кои не гласаат за својата партија, да размислат, дали стварно избрале за себе вистинската партија и не само тоа, треба да бидат консеквентни и да ја напуштат одма таја партија, се друго е неискрено и изговор!

Никола Груевски бил одговорен и верувам дека ќе ги извлече потребните заклучоци и од овие избори. За почеток од моја страна барам, како претходните што барале јавно а не во институциите на ВМРО-ДПМНЕ:

  1. Никола Груевски да не се повлекува од лидерската функција на ВМРО-ДПМНЕ додека не се анализираат сите точки од изборите 2016 и 2017 и се најдат соодветни реформи за репозиционирањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ.
  2. ВМРО-ДПМНЕ да се мобилизира и во вториот круг за да се зачуваат овие општини од партиските противници. Тие ќе бидат потпора од каде ќе тргнеме кон нови победи.
  3. По изборите да се направат реформи во ИК и по општинските комитети во кој една третина во овие структури да бидат ветерани-стари членови.
  4. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ несмеаат никакви преговори да водат или дозволат промена на името и идентитетот на Македонија.
  5. Отворање на дијалог за обединување на конзервативните партии во Македонија.

Во последниве години се водеше една валкана кампања против ВМРО-ДПМНЕ и точно е дека на изборите имаше и незадоволни наши членови, но идеологијата која не обединувала како едно семејство, пак ќе не врати на вистинскиот пат.

Нашиот глас ќе биде порака на сите кои потпишаа или ќе потпишат штетни договори за Македонија, го делат македонскиот народот, за оние кои името не им значи ништо и на оние кои наместо со труд, главниот адут им е притисокот и популистички празни ветувања.

Порачувам до сите, ветерани, УМС, УЖ, симпатизери и граѓани кои си ја сакаат својата општина и својата татковина, да не се разочаруваат. ВМРО има и ќе има уште подобри економисти, визионери и лидери во борбата за нашата држава, за МАКЕДОНИЈА.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.