|
|
Како се случи изборната катаклизма |
Во градот под Марковите Кули на било кои изборни соочувања (локални, парламентарни или претседателски на општини кога излезноста на доминицилното население е над 70% веднаш се добиваат 2 заклучоци, и тоа, дека населението е задоволно од актуелната политичка гарнитура или сака промени за подобро утре на својот роден град. Во конкретниов случај зо градот под Марковите кули на неодамна одржаните локални избори излезноста беше над 71%. На прв поглед кај симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ се доби заклучок дека актуелната владејачка гарнитура на чело со сега некогашниот градоначалник Марјан Ристески кој рака на срце во неговите 12 години на владеење како татко на градот Херој Прилеп во буквална смисла на зборот со своите реализирани проекти го направи Европски град. Но, за жал, од час во час со пристугнувањето на резултатите предноста на реномираниот ортопед Илија Јованоски кој беше номиниран од страна на плавите момчиња драстично растеше на неговото конто од 51,07% (23.607) гласачи наспроти сега градоначалникот во заминување Марјан Ристески со 45,25% (20.970) гласачи. На крајот од изборниот ден разликата беше околу 2700 гласачи разлика за ортопедот и воедно актуелен директор на прилепскиот медицински центар “Борка Талески“, Илија Јованоски. Во оваа прилика се прашувам каде отидоа четири, пет и дури шест илјади гласачи од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Прогнозата беше ако излезе гласачкото тело на ВМРО ДПМНЕ и истото да не биде подло и го заокружи бројот 13 на гласачкото ливче победата на Марјан Ристески немаше да биде доведена во ниту еден момент во прашање. Во оваа прилика сакам да направам една мала дигресија во сега далечната 2009 година кога психијатарот Јохан Ѓорѓиоски формира советничка листа од тогашната не многу позната новоформирана партија СДУ на Лазар Еленовски. Верувале или не докторот Ѓорѓиоски собра доволно гласови на тогашните локални избори да влезе за советник на прилепскиот градски совет. Што сакам да кажам од горе наведеното дека. психиЈатарот Јохан Ѓорѓиоски доби гласови на неговото реноме кое го има како лекар и психијатар - психо - терапевт во прилепската болница. Аналогно на ова и сега актуелниот Градоначалник на Прилеп, ортопедот Илија Јованоски доби неколку гласови како успешна личност во неговата лекарска фела. Но, тоа е само едно од негативните последици за изборниот пораз на Марјан Ристески. Не е спорно дека Марјан Ристески направи многу за градот под Марковите кули. Имено во секоја урбана заедница направи инфраструктурна ренесанса. По тоа не беше доволно неговиот прилепски електорат да му даде доверба и во наредните 4 - години да биде татко на градот. Да почнеме по ред: За време на предизборната кампања директорот на ЈП ПУП пасиониран по музиката си одржуваше приватни концерти, и со самото тоа во втор план ги постави работите во тамошната фирма каде директоруваше. Исто така, имаше голема ароганција со средувањето на урбанистичките планови на доминицилното прилепско население. По комуналното претпријатие имаше пренатрупаност од вработени, и аналогно на тоа Управниот одбор и менаџерскиот тим на фирмата мораше да превземат нелогични радикални мерки кон вработените со цел да се подмират личните доходи. Со еден збор кажано во конкретниот случај капитенот на екипата, а тоа е таткото на градот немаше околу себе ростер кој ќе му ја кажуваше реалната слика на терен. Марјан Ристески остави многу реализирани проекти во својот роден град. Останува ортопедот Јованоски со добар тим околу себе да продолжи по стапките на Ристески (мислам на реализираните проекти) и со тоа успешно да се справува со предизвиците кои стојат пред него. За поразената екипа останува час поскоро да се рекомпонира од една и да види на дело каде погрешила од друга страна. Песочниот часовник тече од 16 октомври 1460 дена веднаш за миг ќе поминат. Некои мислат дека има време но за жал истите се лажат оти потребни се драстични промени во редовите на патриотските момчиња. П.С. рибата по квалитет не е вкусна од главата. |