|
|
Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји |
Говорот по повод педесетгодишнината на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во кој претседателот Таки Фити го истакна славјанството и неговата важна улога во постанокот и опстанокот ма македонскиот народ, како и најавите кои доаѓаат од Министерството за култура за остранување на повеќе споменици од проектот „Скопје 2014“ („Александар“, „Филип“, портата „Македонија“ и др.), укажува дека новата власт предводена од Зоран Заев го започнува процесот на уништување на македонизмот. Ваквиот став преставува враќање назад кога во времето на социјализмот македонската историја започнуваше со доаѓањето на Славјаните на Балканот и се потенцираше само значењето на мисијата на св. Кирил и Методиј, потоа Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија и др. Во таа историја бегло се избегнуваше античкиот период од времето на Александар, како да е тоа друга цивилизација која егистирала на овој простор и која воопшто немала врска со денешниот македонски народ. Имено, во тој период, под диктат од Белград, македонска историја се пишуваше така за да не се иритираат соседите, особено Грција. Меѓутоа, денес кога велиме дека Македонија е независна и суверена земја, незамисливо е под диктат на Атина и Софија да ја редефинираме македонската историја. Нивното барање да се отсранат спомениците на Филип и Александар бидејќи наводно биле дел од грчкпто културно наследство, како и да се избрише зборот македонски секаде каде што постои, значи да ги исечеме сопствените корени од кои ја црпиме својата животна енергија и сила. Под притисок, уцени и закани на соседите и меѓународната заедница, новата власт на Заев ја свитка кичмата и се спрема да напише нова историја. Оттука таа ги разгледува можностите за остранување на спомениците, а можеби и низа документи каде се спомнува зборот македонци, македонски јазик, македонска држава и т.н. Но колку и да се обидуваат денешните власти да го избришат македонизмот, историјата покажала дека Македонецот на овие простори и покрај сите обиди за негова асимилација останал од антиката до денес, секогаш поврзувајќи се со Александар и Филип. Тоа никој не може да го смени и така ќе остане во иднина. Тоа го покажуваат низа историски споменици. Така на пример во правилата на Македонскиот востанички комитет од 1878 година, меѓудругото стои: „Ние востанавме како поборници на слободата. Со наша крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со наша девиза „Слобода или смрт!“ Потоа, во 1880 година во протоколарното решение на привремената влада на Македонија „Единство“ се вели: „.. единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики е лишена од секаква помош..“. Бројни се примерите каде македонскиот народ во својата борба за слобода и создавање на самостојна и национачна држава ја поврзува својата историја со древните Македонци, со Аристотел, Филип и Александар, но и со Самуил, Кирил и Методиј, Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија. Сепак, денешната ситуација во Македонија, најдобро ја отсликува Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година во кој се вели: „Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета го цивилирала човештвото и Азија.. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица, толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа денес е само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат прикриени со покривот на заборавот. Гробот и’ го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина... Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт. Вистински Македонци, верни деца на татковина! Зае ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“ Овој манифест покажува дека историјата како да ни се повторува. И денес имаме Македонци кои заборавиле на своето потекло, на Александар, Филип, Аристотел, Кирил, Методиј, Гоце Делчев, Ќосето, Мајка Тереза и т.н. Денес бескичмената врхушка на СДСМ без срам ја распродава земјата. Тоа се лица кои ја напуштиле својата мајка Македонија. Но, таквото однесување на Заев ќе ги обедини Македонците и ќе дојде денот кога тие ќе тргнат да ги избркаат убијците од оваа земја, на луѓето кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи. |