|
|
Никола Груевски ја има мојата поддршка |
Манојил (Мане) Јаковлески Среќко Поповски, авторот на „Ловџиска“ Саботажа (сезина 4. бр 7) емитувана на 06 ноември 2017 година на ТВ Алсат-М во емисијата 360 степени, во својот видео прилог монтиран на непрофесионален начин, вметнува исечок од моја изјава од кој се создава слика дека јас како еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ барам оставка од Никола Груевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=68&v=qx6_YeoWBuc) Задачата им е да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ, па во тој налет на бес да плукаат и по сопствената земја и по се што е Македонско. Да плукаат по се она што не дефинира како луѓе создадени од ова парче земја Македонија. Целта им е да навредуваат дел од Основачите на ВМРО-ДПМНЕ, токму тие кои деведесеттите години се бореа за самостојна Македонија, а тие навредувачите-лигушите тогаш, а богами и денес, сеуште се недефинирани во своите чувства. Имајќи го предвид токму тоа, не можам да бидам сигурен дали тие, плукачите, се во конфликт со ВМРО-ДПМНЕ, или пак се во конфликт со самите себе, иако некако сум на мисла дека сепак е ова последново! Во нивните постапки нема трунка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава, за туѓи и за лични интереси. Ваквата постапка на овој т.н. независен новинар, поранешен раководител во Генералниот секретаријат за време на Владата на Владо Бучковски, има за цел да предизвика смут меѓу обичниот народ, членовите на ВМРО ДПМНЕ и да им даде поддршка на т.н реформатори на партијата кои бараат смена на лидерската позиција. Иако на сите ни беше јасно со што се соочуваме во последните три години, сакам да повтором дека за поразот на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните 2016 и локалните избори 2017 година навистина: не треба да ги бараме виновниците од страна, кој што ни згрешил за да ги изгубиме изборите, туку треба да се свртиме меѓу нас за да видиме каде се нашите грешки. Но исто така сакам да потенцирам дека Никола Груевски ја има мојата поддршка. Имено, како партија ВМРО ДПМНЕ своите најголеми успеси ги доживува по доаѓањето на Никола Груевски на чело на партијата. Под негово раководство, од 2006 до 2016 година, ВМРО ДПМНЕ победи на сите последователни редовни и предвремени парламентарни, локални и претседателски избори. Тоа што се случи на парламентарните избори во 2016 и локалните во 2017 година е само резултат на изборен инжинеринг поддржан од надвор, со единствена цел СДСМ да дојде на власт на централно и локално ниво за да во името на брза интеграција во НАТО и ЕУ го смени името и идентитетот на македонскиот народ, Единствено во овој момент кој преставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата е ВМРО ДПМНЕ и неговиот лидер Никола Груевски, зад кој стојам не само јас како еден од основачите на партијата, туку и огромен дел од македонскиот народ. Свесни за тоа, многумина, како и сега со овој видео прилог, се обидуваат на секаков начин да направат раздор во ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на настаните кои следуваат. Меутоа, ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната од надвор и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат ни поголеми сили, а не некакви маргинални и платени соросови новинарчиња. Македонците не забораваат, Македонија е вечна! ВМРО-ДПМНЕ Вечно! АМИН! |