Среда, 08 Ноември 2017   
Кузман Јосифовски – Питу за декларацијата на ОФ за македонското прашање

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во 1942 година по иницијатива на Бугарската работничка оартија (БРП) започна да се создава Отечествениот фронт како широка политичка организација на патриотски, демократски и антифашистички сили на Бугарија. Во август 1943 година е формиран Национален комитет на ОФ од претставници на БРП, леви земјоделци и политички круг „Звено", а подоцна и од други. Главен збор во него имаа претставниците на БРП.

Во декември 1943 година, по издавањето на Манифестот од Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ) до народот на Македонија и поддржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, Националниот комитет на ОФ издаде декларација за македонското прашање.

Меѓутоа, двосмисленоста на оваа декларацијата на ОФ, која била спротивна на програмата изнесена во Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и на одлуките на АВНОЈ, ќе предизвика реакција на членот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија (ЦК на КПМ) Кузман Јосифовски – Питу.

Во дел од извештајот на Кузман Јосифовски - Питу до ЦК на КПМ од 30 декември 1943, 3 јануари 1944 година, тој го изнесува своето мислење за декларацијата на Отечествениот фронт на Бугарија за македонското прашање во кое се вели:  

„ ...Меѓу останатиот материјал што е за нас [само него го отворив и еден заеднички со Сергеј (Бојан Б'лгаранов, член на ЦК БКП – з.з..)], има и еден документ на Отечествениот фронт по Макед(онскиот) вопрос.

... Јас овој пат си го искажувам мнението по тој документ. Како документ е чекор напре што по прв пат Отеч(ествениот) фронт се изјаснува по макед(онското) прашајне и ние како таков го поздравуваме.

Но по неговата прогресивност и како прием ке најди сега и таков утицај можи да изврши ваков каков е и каков требало да биди ке речам неколку збора.

Документо далеку заостанува от документите на В.Ш. на Н.О.В. на Ј., А.В.Н.О.Ј. и II скупшт(ина) - на сите незини решенија по разрешувајнето на националното прашајне во светлоста на Нар(одно) ослоб(одителната) борба, кој се јасни, сажети, принципиелни и реални, сошто е видна нивната прогресивност чврстина на Нар(одно) ослоб(одителниот) фронт и утицајот на организаторката и раководителката на нашата ком(унистичка) партија. Со вопросниот документ не е таков случај.

Нејаснотата е во двосмисленоста на сиот документ и многу места се дури реакциони.

1.  Во целиот документ се збора само за Македонија нигде не се споменува или признава макед(онски) народ ами само население.

2.  Како да македонски дејци немало во меѓусебните истребленија пред а нарочно после 1903 г.

3.  Подвлекувањето да Македонија била „лулка на болгарското возраджање", како да е то некоја резерва за големоболгарите, оти то истото го подвлекуваат српските хегемонисти и наш Југ, Царско Скопље, колевка итн.

4.  Како да балканските војни и светската 1914-18 г. се воделе за ослободувањето на Макед(онија), а не за поробувањето!

5.  Издигнат лозунгот за самоопределението на македонскиот народ, ами самото самоопределението на Македонија..., а по таму - нито пак целосно приобштаване км којато и да е балканска држава.Што значи фактички не признавање самоопределението, а бидејќи сега се рајѓа и вејке изградува една напредна братска заедница, нова федеративна, демократска Југославија како предуслов на Јужнославјанскиот Сојуз и Балканска федерација, како на некого от Отеч(ествениот) фронт то да не му се бендисува!

6.  Не канењето на болг(арските) окуп(аторски) војски, полиција и власт да е напушта Македонија, исто документо го окарактерисува како двосмислен и нерешителен и у многу реакционерен.

7.  Документо издаден после московската конференција и Техеран, каде јасно и гласно се загарантира, слободата, независноста, самоопределението на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи (да не го и спомињаме пакто Сов(јетско)Чешки) се спомиња како гаранција за стопанска, политичка и културна слобода на народите Атланската карта.

8.  Со ни дума не се спомиња на нар(одно) ослоб(одителното) движење на нар(одите) од Југосл(авија) и нивните успеси кој ги поздрави целото јавно мнење на демократското човечество.

9.  Паролата „да живее братското споразумение на Болгарија с балканските народи" е не определена - каква Блгарија, мала или голема? Зашто не блгарски народ?

Демек сето ова потврдува неопределеноста и не одлучноста на Отеч(ествениот) фронт по македонскиот вопрос.

Јас ги разбирам другарите, брајката кога пишуват оти имале мака и изгубиле време и труд кога ги убедиле сотрудниците от буржоаз-партији, за да издадат еден и ваков документ. Вие кажете си последната дума. Јас ке разговарам по него и со А. (Анка - Мара Нацева, член на ЦК КПМ) и Д. (Делче - Бане Андреев, член на ЦК КПМ) Ке го умножиме. Истиот ке се штампа во Раб(отничко) дело („Работническо дело", орган на БРП)  и во билтенот на Отеч(ествениот) фронт. Ваш П. (Питу - Кузман Јосифовски)“ (Извори. Том, I, Ки. 3, стр. 114-116.)

Од извептајот на Кузман Јосифовски – Питу се гледа дека тој јасно ги дефинира изнесените двосмислени ставови во декларацијата на ОФ за македонското прашање. Всушност тој укажува дека ставот во кој се дава право на самоопределување на Македонија, а не на македонскиот народ, значи не признавање на на македонскиот народ и негово самоопределување, што е спротивно на конференциите во Москва и Техеран, каде се гарантира слободата, независноста и самоопределувањето на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи.

Отогаш изминаа повеќе од половина век, но политика на Софија во однос на македонското прашање речиси да не е измената. Меѓутоа, ако за време на Втората светска војна македонските комунисти јасно ги препознаваа целите на овој сосед, нивните денешни наследници не можат или не сакаат да ги согледаат. Оттука  последиците при потпишување на договори во кои јасно не се дефинира постоење на македонски народ и јазик можат да бидат погубни за Македонците.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.