Среда, 22 Ноември 2017   
Секој од нас за Македонија направил онолку колку што можел да сработи

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Секој човек сам за себе, со своја мисла и со свое убедување. Но, вообичаено, многумина стануваат едно, кога ги обединува една моќна идеја, една моќна реалност. Како Македонија на пример. Сите ние, Македонци, каде и да сме, обединети сме (или треба да бидеме обединети) за нашата Македонија.

Она што може да внесе квалитативна полемика меѓу нас е различниот пристап или концепт за нашата заедничка идеја, додека квалитативна полемика може да внесе секој кој квалитетно размислува, но и пред сè, квалитетно работи.

Секој од нас за нашата Македонија прави или направил онолку колку што можел да сработи.

Некој не направил ништо иако можел, но овој последниов се задолжил себе си да го знае и да го почитува она што го прават другите.

Во тој контекст, него би го вметнале во категоријата демагози, а под нив ќе ги подразбереме сите оние „мислители“ кои само зборуваат и плукаат по сите и ништо не прават, бидејќи ниту со мислите тие не и` помагаат на нашата заедничка реалност, туку попрво и` одмагаат. Тоа нив ги разликува од мислителите кои со добра мисла ги поттикнуваат работниците во остварувањето на практични резултати.

Демагогот е човек кој не знае да мисли.

Демагогот користи туѓи мисли за да го покаже својот ум. Неговите зборови звучат вистинито зашто се нечија туѓа мисла, но истовремено се осудени на пропаст токму заради тоа што се туѓи, а сè што е туѓо бидејќи не е свое, за кратко останува онаму каде што припаѓа, во заборавот, на буниште.

Вакви демагози, Господ ни дал и во Македонија, но и надвор од неа, во дијаспората.

Најпрво, таквите како нив плукаат по сè и по сите кои нешто позитивно ќе направат за Македонија, а кога ќе треба да се соочат со него тој или тие не ја избегнуваат таа ситуација, туку напротив инсистираат да се сретнат со него.

Имајќи веројатно такви мисли во главите- ако воопшто нешто мислат, почнуваат да плукаат по сите и се чудат како некој кој постоел и работел за Македонија, бил и сè уште е со истата мисла и идеал.

Заради овие нешта, тие демагозите, не можеле да сфатат и разберат зошто и како некој бил и останал на истата линија цело време, зошто не се сменил, на пример, како тие што се менуваат во зависност од нивните лични потреби?

Демагозите нема никогаш да знаат, зашто демагогот не знае да мисли и да работи, а со тоа и вистински да ја чувствува единствената идеја за Македонија.

Демагозите никогаш нема да сфатат зошто некој бил и останал близок со идејата на Драган Богдановски (иако понекогаш имале различни ставови за одредени работи), чиј што лик и ден денешен го величи и континуирано потсетува на неговото значење.

Овие демагози се сепак паметни луѓе, но мора да разберат дека со демагогија која само навидум звучи како вистина (од каде што произлегува краткиот рок на траење), не се стигнува никаде. Ниту се стари, ниту престарени да сфатат дека единствената опција ни е Македонија.

Да веруваш во некоја идеја, макар за некого да е погрешна, сепак тоа е првиот чекор кон напуштањето на демагогијата и занимавањето (опсесивно) со туѓите животи, особено кога се тие недостижни за неговата лична историја. Вербата која ја исполнува секоја човекова клетка, тоа е вистинскиот пат кон успехот, таа создава принципи, принципи кои креираат карактер, а не карикатура.

Сепак најважно од се` е доколку не се поднесуваме меѓу себе или имаме различни политички погледи кон Македонија, заради различни идеали или идеологии, едно треба и мора да не` обединува, а не да разединува: не смееме да плукаме еден во друг, затоа што тоа не е од интерес за Македонија, за која сите постоиме и работиме, нели?

Секој од нас за Македонија направил онолку колку што можел да сработи. Ако немаме доблест да ги почитуваме заслугите на поединци или групи, мизерно е да ги оцрнуваме, тоа не е од корист за Македонија, за државава за која се удираме во гради.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.