Среда, 22 Ноември 2017   
Ако некој мисли дека при контролиран хаос лесно може да се угаси балканскиот пожар, многу се лаже

svekrva-nova
Свекрва

“Чадорот“ не ја одразува актуеллната политика од земјата каде доаѓа.

Во последните неколку години сведоци сме на активно мешање на „чадорот“ во внатрешните работи на Македонија. Спротивно на волјата на мнозинскиот народ, под неговата закрила беше изведена шарената револуција и една политичка партија заменета со друга за да истата спроведе одредена програма со која се редефинира македонската држава.

По доѓањето на власт на социјалдемократите, со обилна поддршка на „чадорот“, сведоци сме како денес се распродава земјата: на едни името и идентитетот, на други јазикот и црквата, а на трети територијата. Ваквата политика која може да предизвика хаос на Балканот не е во интерес како на македонскиот народ, така и за земјата од каде доаѓа „чадорот“. Тогаш во чиј интерес се спроведува овој проект за разнебитување на земјата?

Ситните, политички пресметки и игри меѓу позицијата и опозицијата допринесуваат уште повеќе до ширењето на омразата во земјата. Токму тоа е она што “чадорот’ проповеда и го турка во Македонија. Но, тие не се вредности на стратешкиот партнер, а “чадорот“ очигледно не ја претставува својата земја, туку одредена групација која има свои интереси,

Тоа го покажуваат и изјавите кои доаѓаат од земјата на “чадорот“. Тие се спротивни со активностите на својот преставник во Македонија.  Додека властите на најголемата светска сила говорат дека на прво место е правото на сите нации да ги стават своите интереси и дека не сакаат никому да му го наметнат нивниот живот, дотогаш нивниот преставник се обидува да го наметне “својот’ поглед и начин на живот на Македонците.

Ваквиот начин на спроведувањето на политиката, каде има активно мешање во внатрешниот живот на земјата е неприфатливо, особено ако двете земји се пријатели и имаат договор за стратешко партнерство. Сето тоа, наведува дека стратешкиот партнер има испратено во земјата несодветна личност која работи спротивно на интересите на двете земји. Всушност тој ја преставува својата земја кај својот домаќин во негативно светло.

Се смета дека тој стои позади новата влада на Зоран Заев зад која стои Договорот со Бугарија, Законот за употреба на јазиците (албанскиот), спремноста да се преговара за името и идентитетот со Грција, Сето тоа е направено се со цел земјата да се приклучи брзо кон НАТО и ЕУ. Меѓутоа, ако покрај тоа постои и негирање на македонски народ од видни преставници на СДС, тогаш видлива е намерата на актуелната власт да се стават на распродажба националните интереси, сметајќи дека тенденцијата на процесот на глобализација во која ќе се бришат границите и идентитетите на народите ќе продолжат.

Меѓутоа, концептот на глобализација веќе полека се напушта, а нациите се повеќе се свртуваат кон себе гледајќи притоа како да го зачуваат сопствениот идентитет. По мигрантско-бегалската криза, голем дел од европските држави членки на ЕУ, како прв приоритет ја ставија безбедноста и сигурноста на сопствените граѓани.

Но, додека Европа се затвора и нејзините држави се грижат за својот идентитет, елитата на актуелната власт во земјата, под влијание на “чадорот“, наместо да се сврти кон сопствениот народ, кон економијата и вработувањето, се повеќе ги провоцира соседите, ставајќи го на распродажба идентитетот, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Сепак, огромното мнозинство Македонци не сакаат да го продадат своето име и идентитет, бидејќи, народот не сака да исчезне. Народот не е наивен и оддалеку ги уочува лагите на актуелната власт и “чадорот“. На власта веќе не и помага ни засилената пропаганда на контролираните медиуми, ни ветувањата за повисоки плати и подобар живот.

Македонците се свесни дека чадорот со актуелната власт започна опасна игра на Балканот.

Отварањето кон соседите и разните ветувања, се повеќе ги зголемува апетитите на соседите и ја прават Македонија како место за нивна жестока конфронтација. Се остваруваат најавите дека Македонија ќе стане линија на фронтот меѓу Истокот и Западот.

Омразата која се повеќе се шири низ светот, се повеќе се доближува кон Македонија. Со последните постапки на власта, потикнати од чадорот, потребна е мала искра за пламне пожар во и околу земјата, кој потоа многу тешко ќе може да се гаси. Ако некој мисли дека при контролиран хаос лесно може да се угаси балканскиот пожар, многу се лаже. Тоа го покажуваат војните низ историјата.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.