|
|
Раздели и владеј |
Политичкиот инжинеринг е во фаза на „раздели и владеј“, се подготвува основата на долготрајното владеење со Македонија. Многубројните групации и поединци се опфатени со манипулација и со совршена пропаганда, не приметуваме дека ние самите им обработуваме! Со провокација на пеење химни и грубото превземање на собранието го провоцираа народот за тој да ја покрене познатата правна грешка. Не само што ги осудија, него со тој акт ги уплашија голем дел од народот и државните структури. Отпорот го срушија и политичите противници ги ставија во немоќ. Следеше познатата провокација со појавување на групации пред најавените локални избори, кој одвнатре ја црнеја партијата и членството го повикаа на бојкот. Криминалните структури, деформаторите и нашата мека политика им го донесе познатиот резултат. Сега следат и на локалното поле масовни откази во сите државни структури со цел и последниот отпор да се крене неорганизирано и направи уште една правна грешка. На сите полиња и со сите нивни структури се борат да деформираат и да не разделат. Нивните ги ќорат со обеќавања, им бараат стрпливост како и време. Време кое се користи за одмазда и носи каос и анархија. На крај ќе следи тотален полициски режим. Да бидеме сигурни, последиците ќе ги сноси македонскиот народ! Македонци, време е да се разбудиме, да дадеме отпор, да не дозволиме невини да затвораат. Да се организираме и да се обединиме со масовен отпор, да не чекаме да тропнат и на нашата врата! Дијаспората мора да се активира во овој отпор, се работи за нашата Македонија, за нашите роднини и пријатели, за иднината на Македонија. Отпорот започна на 28 ноември со протест пред основниот суд Скопје повикан од ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски здруженија. |