Среда, 29 Ноември 2017   
Никој не ќе може да го искорени чуството сосема Македонците да не бидат Македонци

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во контекст на настаните кои се случуваат во последно време во земјата, на делувањето на пропагандата во решавањето на македонското прашање, потоа на Договорот за добрососедство со источниот сосед, Законот за јазиците и т.н., црквата како да ни се повторува минатото од крајот на 19 век. Од овој период, собено се интересни ставовите на српскиот конзул во Скопје Владимир Кариќ за пропагандите во Македонија. Ако се направи осврт на неговите дела (М. М., Осврт кон политичко-публицистичката продукција на В. Кариќ за Балканот, ИНИ, Гласник, г. 58, бр 1-2, 2014, стр. 93), можеме да видиме дека како ништо да не се сменило. И тогаш, како и денес, создадена е една каста која дебело профитира за спроведување на одредени агенди. Сепак, колку и да се мачат да не сопрат да одиме напред, никој не ќе може да го искорени чуството сосема Македонците да не бидат Македоци.

Имено, Владимир Кариќ  (2. XI 1848 – 8. I 1894) е српски географ, педагог, публицист и дипломат. Во 1868 година дипломирал право на Големата школа во Белград. Неговата кариера започнала како практикант во судот во Шабац. Потоа бил службеник, учител и се занимавал со просветна дејност до 1888 година, кога бил назначен за службеник во Министерството за образование и верски прашања. Во 1889 година, поради покажаните резултати во поглед српската просвета во Стара Србија и Македонија, бил назначен за началник на новоформираниот Просветно-политички оддел при Министерството за надворешни работи на Србија. Одделот бил формиран за да ја прошири српската пропаганда во Македонија. Истата година, на 13 октомври, Кариќ бил назначен за српски конзул во Скопје, по што развил широка активност за српската пропаганда во Македонија. Меѓутоа, поради неговите методи дошло до несогласувањето со новиот министер за надворешни работи, по што Кариќ го напушта Скопје во октомври 1892 година.

Иако бил еден од најдобрите кадри во српската дипломатија, кој добро ја познавал состојбата во Македонија, Владимир Кариќ бил изложен на напади во својата земја дека малку направил во спроведување српската пропаганда во Македонија. Како одговор на овие напади, под псевдонимот Шумадинац, Кариќ објавил една брошура со наслов „Друштво за експлоатирање на народниот патриотизам на Балканскиот Полуостров“, во која категорично ги одбил нападите од страна на некои весници дека не направил доволно за одбрана на српските интереси во османлиската држава.

Во брошурата, српскиот конзул дал една интересна анализа за дејноста на трите пропаганди во османлиска Македонија: грчката, бугарската и српската. Тој не се осврнува само на дејноста на српското друштво „Свети Сава“ на територијата на Македонија, туку истовремено говори и за сличните методи на работа на другите државни пропагандни организации (друштвата „Св Кирил и Методиј“ и „Братство“ од Бугарија, тајниот атински силогос од Грција и други).

Во фокусот на неговата анализа се наоѓа материјалниот интeрес кај учесниците на овие организации. Кариќ меѓудругото констатирал дека „овие патриоти‘ имаат целосна хиерархија во својата организација... Некои работат и на големо: како претприемачи, потоа има и потпретприемачи; дури постојат и некои што работат за дневница...“

Критикувајќи ја работата на овие „патриотски друштва“, определувајќи ги нивните членови како даватели и приматели на парични услуги, Кариќ истовремено говори и за населението во Македонија кое за пари им се продавало на српската, бугарската и грчката пропаганда. Тој притоа ќе заклучи дека: „географската положба на Македонија и нејзиниот етнографски мозаик овозможиле во голема мера да се развијат сите видови пропаганди: верската, политичката и народносната. Оттука, не е за чудење што во Македонија, покрај нејзиното чесно население, во текот на долг временски период се создал еден слој на луѓе кој живеел од овие пропаганди како од занает. Истите тие, истовремено работеле за сите пропаганди, било тоа за една по една или пак наизменично, или пак за сите заедно во исто време... Едноставно тие биле без вера и народност, па без никаков проблем денес биле со Бугарите, утре со Србите, задутре со Грците, а верата ја менувале без никаква совест.

Во ситуација кога во Македонија од една страна имало цел еден „еснаф“ кој својата егзистенција ја темелел врз паричните средства од балкански пропаганди, а од друга страна и т.н. патриоти во нивните центри (Белград, Софија и Атина) егзистирале од “патриотизмот“ сосема нормално е што ниту една пропаганда во Македонија не можела да фати корен.

Лоцирајќи го заедничкиот материјален интерес на “патриотските“ групи во соседството и во земјата, Кариќ го потенцирал следното: „ ...овие луѓе се без совест, без татковина, без народност, без вера и без држава, зошто да се грижат дали народот ќе пати, кога тие си нашле

убаво засолниште во Софија и во Белград и кога имаат слободни карти да шетаат насекаде и кога можат да ги критикуваат не само српските конзули туку и српските и бугарските министри, па дури и турските министри и истовремено да им се закануваат на нив.“

Покрај ова, Кариќ уште тогаш ја погодил сржта на т.н. „верски“ борби што се воделе во Македонија меѓу Егзархијата и Патријаршијата. Според него, тоа беше  борба меѓу елинството и славјанството, кое подоцна погрешно било именувано како бугарско. Главна причина беше во грчката Патријаршија, која почна да се претставува не како орган на големата православна христијанска црква која треба да ги опфати сите народи и сите јазици во Отоманското Царство, туку таа се претвори во слепо орудие на панелинизмот.

Согледувајќи ја вистината на теренот, српскиот конзул бил длабоко разочаран од односот на грчката политика и Патријаршијата, кон него и неговото дело. Оттука тој бил сè повеќе свесен дека во Србија требало да започне процес на потиснување на „вештачко исфорсираниот грчки култ“. Тој сметал дека ориентацијата на српската надворешна политика требала да се канализира кон договарање и преговарање со другите балкански фактори, како што се Бугарите, Романците и Турците.“  Своите ставови тој ги објаснил во својата публикација „Србија и Балкански савез“, која епишувана во текот на 1892 година во Скопје, а публикувана во Белград во 1893 година.

Во оваа публикација Кариќ ја застапувал идејата дека Србија, работејќи на исполнување на своите „историски задачи“, прво ќе мора да издејствува договор со Бугарија. Имено, ваквата билатерална спогодба меѓу двете земји требало да претставува база за создавање на идниот балкански сојуз преку кој би се вршел политички притисок врз грчката држава. Кариќ дава и свое видување во кое потенцирал дека „Судбоносна била историската грешка што Србите и Бугарите не успеале да станат еден народ...“

Погледнато од денеше аспект, речиси да имаме идентична ситуација. Повторно имаме друштва - организации, денес наречен граѓански сектор, кои егзистира од донации, парични средства  од земјата и странство. Луѓето во овие организации, под мотото коректор на власта, свесно или несвесно честопати спроведуваат различни агенди за туѓи интереси. Добро обучени и модерно опремени, со можности да шетаат насекаде по светот, луѓето на навледаиниот сектор добро ухлебени и од власта, но “оперирани од патриотизам“, честопати забораваат на својата земја и на сопствениот народ, а нивните постапки се спротивни на интересите на народот и државата.

Денес, како да ги следиме визиите на Кариќ и трчаме во прегратката на источниот сосед за да создадеме еден амалгам, кој би можел да се спротивстави на елинизмот кој ни го оспорува името и идентитетот. Меѓутоа, како да не сфаќаме дека денес барајќи спас од Атина, можеме да влетаме во друга замка, каде можеме да изгубиме се што го карактеризира македонскиот народ и неговата држава. Сепак, како што вели Тодор Кусев за весникот “Македонија“ од 28 јануари 1867 година, колку и да се мачат да не сопрат да одиме напред, никој не ќе може да го искорени чуството сосема Македонците да не бидат Македоци.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.