Среда, 29 Ноември 2017   
Прогонета Македонка - „The Saint Paul Globe“ од 8 мај 1904 година

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Македонската жена многу одамна ја заслужила почитта и високата позиција која ја има во македонското општество. Таа отсекогаш била столб на семејството и вековен чувар на традициите и културата на македонскиот народ.

Таа била истовремено добра сопруга и мајка, но и жена борец секогаш спремна да го брани своето огниште, својот пород, својата земја. Рамо до рамо со мажите, македонската жена со оружје во рака ја бранела честа и слободата на македонскиот народ.

Во текот на Илинденското востание 1903 година странските списанија пишуваат за македонската жена која равноправно со своите сопрузи и браќа се бори на бојното поле против османлискиот аскер и башибозукот.  

"Жените борци се појавуваат често во историјата, но во ниту една модерна војна жените не зеле толку активна улога како во сегашната македонска револуција....“ – пишува во статијата посветена на македонските жени борци во весникот  „The Saint Paul Globe“ од 8 мај 1904 година.

Некои од најпознатите херојски дела во борбите против Турците во овој период биле извршени токму од нив. Мажите се повлекувале кога „жената доаѓала со света заклетва да умре во борба против Турците, бидејќи таа, или нејзината сестра или мајка, претрпеле неискажливи злосторства од рацете на Турците“, - говорат сведоците на овие настани за странскиот печат.

Нивната борба, нивната голгота која ја преживуваат за време на борбите ја овековечуваат не само новинарите со своето перо и фотографите со своите слики, туку и сликарите со своите цртежи. Овие цртежи ги сретнуваме и во списаниата на македонската емиграција во Бугарија.

На цртежот „Македонска прогонета од Турците“ преставена е македонската жена и мајка која во 1903 година бегајќи пред турската потера, во своите раце држи дете и на рамо носи пушка додека се искачува по стрмната планинска патека. Импресивна слика за македонската жена, која многу зборува.

Иако е борец, македонската жена не заборава дека истовремено таа е и мајка и дека треба да го спаси својот пород. Во тој момент, таа е лавица која граби кон слободата за да го зачува своето чедо кое треба да ја продолжи македонската лоза и да раскажува вистината за македонскиот народ, вистина која сите негови соседи сакаат да ја закопаат.

Таа е свесна дека битката со надмоќниот непријател може да ја изгуби, но исто така знае дека дојденецот не може да ја добие војната доколку нејзиното семејство е поголемо, побројно. И во најтешките времиња таа не се плаши да раѓа, да создава нов живот, да го шири со својот сопруг своето семејство. И покрај сите ужаси кои ги носат двете Балкански војни, Првата и Втората светска војна таа излегува како победник. Македонскиот народ опстана, а луѓето од колено на колено ја пренесуваа вистината за македонскиот народ.

Шеесет години од последната Втора светска војна, македонската жена како да се замори, како да заборави дека потекнува од македонката Лидија првата која го прифати христијанството и како да заборави на верата, надежта и љубовта. Љубовта кон децата, кои се надеж за нашата иднина. Во трката со глобализацијата, уморена од сите претходни битки, како и од изгубената верба за подобра иднина, таа подзастана. Како да ја снема нејзината храброст да има повеќе од едно или две деца, што е под биолошкиот минимум за опстанок на еден народ.

Од 1950 година до денес статистиката покажува дека македонскиот народ има рецесија во наталитетот. Намалениот наталитет кој континуирано опаѓа покажува како македонскиот народ рапидно старее. Бројките предупредуваат и доколку не се превземат  навремени мерки македонскиот народ ќе влезе во иверзибилен шок, процес од кој нема враќање. Зато му е потребна навремена инфузија додека македонскиот народ не закрепне и додека повторно не почне да го следи природниот пат. Некогаш е потребно да се потсети на причините за да се ослободи од стресот кој го довел во оваа состојба. Затоа денес секој нека го погледне цртежот на „Прогонетата Македонка“, можеби тој ќе ги потсети новите генерации дека кога можеле нивните претци да имаат свое повеќедетно семејство, зошто да неможеме денес и ние да го имаме истото кога живееме во многу подобри услови. 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.