Среда, 29 Ноември 2017   
Македонија треба да даде голема жртва за да се затвори црковното и македонското прашање!

svekrva-nova
Свекрва

Грците и гркоманите во минатото ни ја одзедоа Охридската архиепископија, а денес сакаат да ни го одземат името и идентитетот, искрата на нашата иднина. Меѓутоа, колку и да се мачеа не можат сосема да го искоренат чуството дека ние сме Македонци.

Пред 250 години Охрид беше престолнина на патријаршијата основана од Јустинијан (535), а едно време и светилник на просветлувањето на славјанскиот род. Не губејќи го семето на славните прадедовци, долго време ги испраќаше по цела Македонија и во соседните земји најдобрите учители за да го шират божјото слово, но, и да учат на туѓ јазик и туѓа политика.

Грешката беше скапо платена во 1767 година, кога грчките фанариоти во соработка со Турците ја укинаа Охридската архиепископија, а македонските епархии беа приклучени кон Цариградската патријаршија. Измина доста време за да македонските дејци ја сватат својата заблуда и да почнат да делуваат.

Во текот на 19 век, откривајќи ја својата заблуда, македонските учители се вратиле на своите корени, воспитувајќи го народот во училиштата на својот мајчин јазик. Така во Охрид, во еден период, поворно се слушаше народниот говор, а тоа им пречеше на грчките владици, кои не дозволуваа богослужба и школување на славјански јазик.

Ваквата политика на патријаршијата, во втората половина на 19 век, го предизвика македонскиот народ кој масовно почна да се откажува од Цариградската патријаршија. Охриѓани еднодушно решија да го протераат грчкиот владика. Но, не само во Охрид, тогаш почнаа да се будат и да ги бараат своите права и од цела Македонија. Така на пример, „на 25 март 1969 година, Прилепската окружност го отфрли грчкото иго и ја побара од проклетите фанариоти грабнатата пред еден век народната своја Охридската аргиепископија на 20 јуни 1867 година....“

Бунтот против грчката Патријаршија се прошири на Балканот и стана општославјански против елинизмот. Македонците започнаа со отфрлање на јурисдикцијата на Цариградската патријаешија. Но, наместо возобновување на Охридската архиепископија, во 1870 година се формира Егзархијата, која потоа од славјанска стана бугарска. Тоа не му беше по воља на македонскиот народ, кој во повеќе наврати се обиде да ја возобнови. Меѓутоа, стравот на фанариотите од обновата на некогаш славната Охридска архиепископија беше голем. Тоа значеше не само обновување на Јустинијановата црква, туку и појава на Македонецот на политичката сцена, што беше спротивно на интересите на малите балкански држави и големите европски сили, кои имаа аспирации кон територијата на Македонија

И покрај пречките, по Втората светска војна започна обновата на  Охридска архиепископија, како Македонска православна црква. Меѓутоа, кога македонскиот народ сметаше дека затвара една многу важна страница од својот живот, како пречка на нејзиниот пат се појави Српската православна црква. Таа до ден денес, ја спречува афирмацијата на МПЦ- ОА во светот, што е причина таа да преземе радикални чекори. По прогласувањето на афтокефалност на Македонската православна црква во кули 1967 година, деновиве МПЦ - ОА  побара од Бугарската православна црква и набрзина доби согласност како црква мајка да и биде застапник во врска со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Интересен но рискантен потег, ако се знае дка источниот сосед признава еден народ и две држави. Но, не е само овој потег на новата влада на Заев рискантен Тука во игра тој ја стави Тиранската платформа и промена на името во корист на барањата на јужниот сосед.

Договорите потпишани со Бугарија, Законот за јазиците и т.н. укажуваат дека под диктат на Западот се создава оска Тирана-Скопје-Софија, која треба да се спротистави на оската Атина – Белград. Новата влада на Заев во потесен контекст со овие потези очекува брзо решавање на црковното прашање и името, а потоа на сила втурнување на Македонија во НАТО. Меѓутоа, во поширок контекст, како да не забележува дека ова може да предизвика не само раскол во православието, туку и на жесток судир на Истокот и Западот на територијата на Македонија.

Во оваа брзопотезна шаховска игра, покрај црковното прашање, во игра е и името. Доаѓањето на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Скопје и неговите изјави дека новата влада на Македонија би била задоволна со името Нова Македонија или Северна Македонија, укажува дека веќе постои некаков договор околу името, кој набрзо ќе биде објавен.

Меѓутоа, старите велат дека брзата кучка слепи кучиња раѓа. Историјата на Охридската аргиепископија и македонското прашање кое со векови го бранова полуостровот и е причина за неколку војни, треба да ни е опомена дека барајќи ги роговите да не ги изгубиме и ушите!

Ако се има во предвид грчката историја, ретко кој успеал да ги надитри овие трговци, кои одавна ја отворија Пандорината кутија заради македонското прашање. За таа да се затвори, македонскиот народ ќе треба да даде многу голема жртва за да се реши црковното и македонското прашање поврзано со името. Маките, низ кои македонскиот народ ќе поминува овие месци ќе бидат големи. Меѓутоа, колку и да се тешки, тие не ќе можат сосема да го искоренат чуството дека ние сме Македонци.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.