Вторник, 05 Декември 2017   
Претседателе Груевски,НЕ ЈА ПРИФАЌАМЕ ПОНУДЕНАТА ОСТАВКА!

8

Македонска нација

Говор на Манојил (Мане) Јаковлески на денес ( 5.12.2017) организираниот протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

Драги браќа и сестри!

Денес сум исправен пред вас, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и истомисленик на околу 40.000 ветерани кои во тие бурни времиња одлучивме повторно да ја оживееме идејата на нашите дедовци за независна Македонија.

И токму таа партија, која успеа да го оствари тој вековен сон на нашите претци, денес повторно како во минатото е изложена на најбрутални притисоци, сакаат да ја уништат ВМРО,

САКААТ ДА УНИШТАТ НЕШТО ШТО Е НЕУНИШТИВО!

Иако како орли се нафрлиле на ВМРО од сите страни, ве уверувам а и ним им порачувам: НЕМА ДА ИМ УСПЕЕ!

ВМРО - ДМПНЕ не е само политичка партија, ВМРО е идеологија, кое имало свои успони и падови но секогаш после секоја голема криза, повторно се појавувало - уште посилно.

Почитувани, Денес протестираме затоа што Заев и надворешните центри на моќ затворија мајка на три малолетни деца, првенци од Миланската Скала, глумци, лекари, режисери, НАШИ браќа од патриотските здруженија и пратеници во Парламнтот.

Како што тргнале уште ќе апсат, ќе го полнат македонскиот затвор со Македонци, исто како во времето кога нивните предци го полнеле идризово и голи оток.

За разлика од тогаш, денес сме многу кои сме задоени со идеалот за самостојна Македонија, нема место сите да не собере.

Денес, преку окупираните институции се празнат затворите од криминалци и терористи, а се полнат со македонски патриоти, чија единствена вина е, таа што си ја сакаат својата земја.

Ова што го прават денес е, како да се разбудија Духовите на информбирото.

А до каде ќе оди оваа хистерија, ќе зависи од сите нас што на ова студенило одлучивме да го кренеме својот глас и од сите оние кои со душа и срце си ја сакаат Македонија!

Денес, македонската држава е нападната од странски центри на моќ, заедно со домашните петоколонаши насочени кон уништување на идеалот на ВМРО, организација која претставува единствена пречка за разнебитување на македонската држава.

Јас тука пред сите Вас, повикувам на Македонско национално помирување, во спротивно ќе биде како во историјата, пресметка меѓу македонци, меѓу леви и десни.

НИКОГАШ ама баш никогаш не сум размислувал за освета меѓу Македонци, можеби така ме научил таткоми, бог да го прости, ама ова што го прави Заев и челниците на СДС нека запаметат:

ВРЕМЕТО ЌЕ ИМ ПОМИНЕ, ВМРО повторно ќе се врати, како што се враќаше во историјата, нека берат памет што прават.

Нека се опаметат и нека не си играат со ВМРО и Макеонија, зошто ќе дојде денот кога ќе им биде наплатено со камата.

Почитувани, заради многуте неправди што ни ги прават ве повикувам да бидеме единствени, да ги збиеме редовите и да бидеме уште погласни!

Кога сме заедно не ќе можат да не скршат.

Правите ВМРО-вци научиле да се борат.

Правите ВМРО-вци се злопамтила.

Правите ВМРО-вци не забораваат НИКОГАШ!

Апелирам, по апсењето на претениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, останатите пратеници треба да се повлечат и да остават хунтата на чело со Заев да сноси одговорност за постапките за распродавање на државата.

Почитувани, СДС заедно со Соросовата инсталација во Македонија со или без Никола Груевски ќе продолжат со игранката за разнебитување на државата.

Затоа Никола Груевски не смее сега да се повлече од претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради тоа, Претседателе Никола Груевки, направи освежување во раководствата на партија со стари членови, ама ТИ како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не смееш да се повлечеш, капетанот не го напушта бродот кога тоне.

Претседателе Груевски,НЕ ЈА ПРИФАЌАМЕ ПОНУДЕНАТА ОСТАВКА!

Издржи и зедно да ја вратиме партијата и државата кај народот, тоа е наша должност.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.