|
|
НЕКОИ ПРАШАЊА ЗА ИМЕТО ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ НЕКОИ ПРАШАЊА ЗА ИМЕТО ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР! Европската Унија и НАТО Алијанста не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Ако сите од петни жили се борат против корупција во државата, мора да ги потсетиме дека ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМА КОРУПЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ, ЕДНАКВА НА ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО, ДЕЛО ШТО НИКОГАШ НЕ ЗАСТАРУВА! НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ВЛАСТА Е МЕНЛИВА И МИНЛИВА, САМО ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА СЕ НЕПРОМЕНЛИВИ И ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ! Секој обид за дестабилизција и контролирана нестабилност на Македонија започнува и завршува со промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Рекомпонирањето на Владата на вонредните парламентарни избори беше со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, заради членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата! И не се избираат средства да се оствари таа цел! Тоа го потврдува и опозицијата. Ако рекомпонирањето на Владата е со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, зошто опозицијата и натаму е за безусловно пристапување на Македонија во евро-атлантските интеграции, ако се знае дека услов за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и за членство во НАТО Алијансата е промена на името на државата и идентитетот на нацијата? За волја на вистината, Резолуцијата 817/1993 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност и Резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 година на Генералното Собрание за членство на државата Македонија во Обединетите Нации не прејудицираат промена на името на државата Македонија туку разговор за разликата за името на државата Македонија со Владата во Атина поради добра волја на Македонската Влада за тоа да разговара, ниту упатуваат на договор за ново меѓународно име, затоа што “поранешна Југословенска Реублика Македонија“ е само времено обраќање во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина! Македонија во Обединетите Нации е примена со апликација број S/25147, под името Република Македонија! Патем, и одлуката на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година го суспендира суспензивното право на Грција за членство на Македонија во меѓународните организации под државното име Македонија! |