Среда, 13 Декември 2017   
Обединување!

Доста е членови на ВМРО-ДПМНЕ, доста е Претседателе Груевски, доста е мои пријатели од Иницијативата за Реформи, доста е Господине Кекеновски од  Фродем, доста е Претседателе Георѓиевски, доста е Љубе Бошковски од Обединети за Македонија, доста е Пратеници, Координатори, доста е Движење, доста е од игри, местења, шеми, доста е од отстранување на ВМРО од ВМРО-ДПМНЕ, доста е од омаловажување и бркање на чистите,чесните и патриотските настроени Македонци, доста е од сите ваши шаховски партии и потези, доста е од уништувањето, ДОСТА Е ОД СИТЕ ВАС.

Да се собериме сите и да се договориме за иднината на МАКЕДОНИЈА, нека биде ова последна шанса за сите Вас, да ни докажите на сите дека навистина мислите за доброто на сите нас, на МАКЕДОНИЈА.

Зарем не се плашите од клетвите, плачот, страдањата и од безизлезот во кој се втемелија вашите членови, вашите роднини, комшии, зарем не се плашите од пишаниот исторски збор и записите кои ќе ги оставите во наследство на Македонските поколенија, не се плашите од прашањата на вашите деца, внуци, правнуци и поколенија, кога во очи че Ве гледаат и че ве прашат - зошто така постапивте, зошто така се однесувавте, зошто не се договоривте и зошто ја нема МАКЕДОНИЈА.

Господине Груевски, ако имате мака со уцени и други незгоди, кажете за да решиме се, заедно, со штит од ВМРО.

Господа од Иницијативата за Реформи, многу сте во право кога барате реформи во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ, и за други работи сте во парво, но, да го направиме тоа достоинствено и без продавање на сопствената кожа.

Господине Кекеновски, и за Вас има место во ВМРО-ДПМНЕ, секако дека има, и тоа што е Ваше че го добиете.

Господине Георѓиевски, бевте икона во ВМРО-ДПМНЕ, покажете дека не сме биле во заблуда сите тие години.

Господине Бошковски, бевте големиот брат на сите, сите Ве гледавме како наш заштитиник, време е да не заштитите.

Верувајте дека не вреди и не е христијански, ниту природно за ниеден ВМРОЕЦ, да ја уништува сопствената партија и сопствената држава, поради нетрпеливост кон една личност,  за дадена и ветена моќ, ветено богатсво или друга причина.

Јас бев Амбасадор на Република Македонија во Република Турција, Потсекретар на И.Е. 5, Раководител на Пошта, Кандидат за Пратеник, Советник, и се видов и се поминав и со сите Вас на оној или овој начин имав контакт, искуство или комуникација. И не само со Вас, истото го имав и со сите горе спомнати и останати, и многу работи поминаа како негативни, како неповолни политики за МАКЕДОНИЈА. Кога можев јас да се справам со сите предизвици, закани, групации, странски служби и организации, во интерс на мојата држава, и не се предадов, не попуштив и не дозволив омаловазување и грдење на Македонија, тогаш Вие сигурно ќе можете да престанете со сето ова.

Кога секој член е спремен да застани зад Македонија и во минатото зад сите Вас, сега е време вие сите да застанете зад членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ДОСТА Е од празни зборови, ДОСТА Е од употребување на членовите и на Македонија како алатка за политички игри и договори, ДОСТА Е од Вас.

Пред да одете сите во позитивната историја на ВМРО-ДПМНЕ, направете уште едно добро и донесете единство и иднина на ВМРО-ДПМНЕ и на МАКЕДОНИЈА.

Во спротивно ќе одете во негативната историја на ВМРО-ДПМНЕ и на МАКЕДОНИЈА, и членовите ќе си преземат мерки да се расчисти се, на начин кој ќе биде чесно, достоинствено, христијански и патриотски, само во корист на МАКЕДОНИЈА.

Сите застануваме зад Вас, да Ве браниме од сите, од странци, од групации, од мафии и од закани, ако ние членовите на ВМРО-ДПМНЕ сме спремни тоа да го направиме за Вас, тогаш од Вас бараме да направите голем чекор за обединуванје и реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

НИ ВРЕМЕТО НЕ Е НАШ СОЈУЗНИК - ОБЕДИНУВАЊЕ!

goran-taskovski
Горан Тасковски

Поранешен Амбасадор на Р.Македонија во Р.Турција

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.