Среда, 13 Декември 2017   
Дојде време да ја спасуваме Македонија од Македонци!

svekrva-nova
Свекрва

Зоран Заев и врхушката на СДС, ставајќи се во служба на странски центри на моќ ги загрозија националните интереси на македонскиот народ и држава. Поддржани од нив, на крајно сомнителен начин ја презедоа власта во замјата.

Денес тие апсат глумци, пејачи, интелектуалци, пратеници, членови на Македонски Патриотски Здруженија само затоа што ја сакаат и се чуствуваат Македонци.

Чуствувајќи одговорност за она што се случува, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски поднесе неотповиклива оставка. Иако органите на партијата не сакаа да ја прифатат, соочени со фактот дека одлуката на лидерот е конечна, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи шеснаесеттиот вонреден конгрес на партијата да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово, на кој ќе се избере нов лидер на партијата.

Согласно Статутот на партијата на него ќе учествуваат 544 делегати од редовниот 15-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Куманово.

Повлекувањето на Груевски од лидерската позиција, преставува голема загуба не само за ВМРО ДПМНЕ, туку и за Македонија.

Од доаѓањето на лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ во 2004 година, Никола Груевски и неговиот тим, редеа само успеси. Од 2006 година, ВМРО ДПМНЕ цела деценија редовно ја добиваше довербата на народот на парламентарните и локалните избори, се до 2016 година, кога под влијание на надворешни центри на моќ се спроведоа нерегуларни избори, со кои со сила на власт беше доведена опозицијата предводена од лидерот на СДС Зоран Заев.

Чуството на лична одговорност за изборните порази кај Никола Груевски е логично и морален чин да си даде оставка. Но, таа се дава во време кога тој му е потребен на македонскиот народ, бидејќи, новата власт на Зоран Заев го стави на лицитација не само името и идентитетот, туку и целата држава.

На тој пат на Заев мора некој да му застане на патот. Дојден е часот кога треба да се спасува Македонија од Македонци.

ВМРО ДПМНЕ е доволно силна и организирана партија и може на демократски начин да одбере од своите редови лидер со морален кодекс на Македонец кој нема да ја витка кичмата.

Од сите потенцијални кандидати, по се изгледа дека во овој момент најдобро котира вториот човек во партијата, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Како и зад секој политичар така и зад неговото име можете да најдете текстови кои треба да го дискриминираат и елиминираат од политичката сцена. Сепак, овој доктор по технички науки кој доаѓа од Машинскиот факултет во Скопје и поранешен советник за енергетика на Груевски има интелектуален капацитет и кредибилитет за да го обедини членството и вистински да го наследи својот поранешен претседател на лидерската позиција на ВМРО ДПМНЕ.

Новиот лидер на ВМРО ќе се зафати со тешка задача да ги продолжи големите идеали во време кога е тешко да се биде Македонец.

Тој треба не само да обединува, туку и да го спречи бесмисленото апсење на синовите на Македонија и да го спречи “леењето на братска крв“ предизвикана од владеењето на врхушката на СДС, зошто Македонците не се компири и пиперки кои лесно се сеат и за едно лето ќе изникнат.

Дојде време да ја спасуваме Македонија од Македонци. Борбата е внатре среде македонското население – таму каде што треба секогаш да бидат насочени нашите усилби и мисли. Борците за Македонија мора да се обединат, за да се спречат ударите на Заев, за кого одамна Македонија не постои.

Но, за да се направи сето тоа, членството мора да биде единствено и целосно да ја даде својата поддршка на новиот лидер кој треба да ги продолжи светите идеали на нашите претци.

Кратка биографија на Генералниот секретар на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Роден е на 29.09.1977
Брачен статус:Оженет, татко на две деца.

  • 2001 – 2002 Главен и одговорен проектант на термотехнички инсталаци
  • 2002 – 2004 Помлад асистент на Машински факултет, Скопје
  • 2004 – 2009 Асистент на Машински факултет, Скопје
  • 2009 – 2014 Доцент на Машински факултет, Скопје
  • 2014 Вонреден Професор на Машински факултет, Скопје
  • 2016 Претседател на управен одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ
  • 2017 Советник на Претседателот на Владата на Република Македонија
    за енергетика

Образование:

Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика
Титула/степен на образование: Доктор по технички науки-машинство
Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Оптимизациона синтеза на лостови механизми
Титула/степен на образование: Магистар по машински науки

Дополнителни активности:

  • Дел од Републички изборен штаб на изборите 2011,
  • Ко претседател на комисијата за енергетика во период 2010-2012
  • Дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016
  • Претседател на кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ од 04.2017

Член на конгрес 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски и член на конгрес 2015

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.