Среда, 20 Декември 2017   
Господ нека и е напомош на ВМРО и на Македонија

robert-klenkovski

Роберт Кленкоски - Берлин, Германија

На Македонија после овие катасрофални три години, со наметнат раздор меѓу граѓаните,совршена пропаганда и мешањето во избори, и се потребни високо квалитетни тимови кој ќе се спротистават на силите што сакаат да го успорат нашиот напредок.

Нашите намери биле и ќе останат, сплотено да се бориме, да ја градиме нашата татковина, со човечко достоинство и просперитет. Нашите деца се нашата иднина и нема да им оставиме на нашите противници да не делат и распарчуваат!

Размислував и ги споредував можните кандидати, нашите најдобри кадри, кој можат да им се спротистават на овие сили, на овие неспособни политичари кој ни ги наметнаа, кој ги помогнаа со огромен капитал да ни ја преземат нашата иднина и да не вратат во времето кога почнавме да ја градиме нашата иднина, да не вратат во рацете на диктатурата и стравот.

"Розова револуција" (Грузија, 2003), "Портокалова револуција" (Украина, 2004), "Кедри револуција" (Либан, 2005), "Зелена револуција" (Иран, 2009), "Арапска пролет" (Тунис, Египет, Либија, 2010-2013), "Еуромаидан" (Украина, 2014) како и нашата "Шарена револуција" не се случајни, него совршен политички инжинеринг!

Филип Петровски, го ценам и е еден од најголемите личности кој се осмелија да го изразат револтот во нашата средина, револтот кој сите од нас го чуствуваме, револтот кој најдобро може да го транспортира до нашиот локален противник и да го конфронтира со факти и наметнатите проблеми.

Филип мора да го поддржиме и треба да го поддржиме во нашиот тим. Во нашиот тим кој ќе им се спротистави со единство, стратегија и политички кадри кој заслужуваат и се дел од нашата одбрана.

Во таа одбрана ни се потребни сите членови и симпатизери на ВМРО, ни се потребни обединети кадри, потребна е една обединета дијаспора како и сите браќа и сестри.

Да им се даде рака и на нашите братски партии, да се прогласи Љупчо Георгиевски како почесен претседател.

Нашиот татко, Драган Богдановски и нашиот најуспешен Претседател, Никола Груевски го заслужуваат нашиот најголем почит и со нивно прогласаување за почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ да тргнеме сплотено во најголемата битка за нашата партија, за нашата Македонија.

Битка која треба да ја води еден лидер, кој обединува, кој знае да води еден огромен тим на поединци. Еден лидер кој ја познава дипломатската борба. Еден лидер кој ќе изгради мост со младите кадри, татко и лидер кој во неговиот тим ќе ги донеси моралните реформи кој ни се потребни за доброто на Македонија, за доброто на сите во Македонија.

Христијан Мицкоски заслужува да го поддржиме, да го поддржиме силно и да им кажеме дека зад него сме сите, ветераните, младината, десниот и левиот блок, како и либералните меѓу нас. Ќе имаме тим кој стои зад и пред него. Христијан Мицкоски ќе не обедини во средината, со срце, со љубов и храброст, за подобра Македонија.

Сигурен сум дека само со еден тим на млади, со еден дел на ветерани и еден дел на непокорните, со крената глава и со идеологијата која не обединувала како едно семејство, ќе им се спротиставиме и ќе ги вратиме лошите духови таму каде што им е местото, во црната историја.

Господ нека и е напомош на ВМРО и на Македонија, АМИН!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.