Среда, 20 Декември 2017   
Научно патување на етнографот А. Стоилов во Серско

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Етнографот на Втората бугарска армија патувал Антон Поп Стоилов Ников  (15.II 1869 – 9. VIII 1928), по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна патувал низ Охрид, Скопје, Велес, Крива Паланка, Серско и Драмско во потрага по историски и етнографски споменици со кои требал да го покаже бугарскиот карактар на Македонија.

Во периодот од 13 септември до 2-ри октомври 1916 година, тој ги обиколил градовите и околината на Демир Хисар (Валовишта), Драма, Филипи, Сер и други места. За  своето научно патување во Серско тој во своите извештаи ќе напише:

„ ... Градот Сер е еден од најстарите градови во Источна Македонија. Се споменува од Херодот во V век пред Христа. Во минатото, тој играл важна улога…. Освоен бил од Турците во 1419 година. Судбината на градот во време на турското владеење е сосема непозната. Веројатно тој станал внатрешен град и живеел со локалните занаети за потребите на локалното население. Подоцна, кон крајот на XVIII век, почнал во него да се одржува панаѓур на памук и жива стока. На овој саем доаѓале трговци од Австрија, Босна, Романија и Бугарија и градот малку по малку се издигнал. Токму во тоа време се иселуваат влашки семејства од Москополе и се населиле во Сер. Тие како трговци извршиле силно влијание да се подигне грчката пропаганда во градот... До тоа време, градот имал чисто .... (македонски – н.з) колорит: бидејќи постојано му се зголемувало населението од преселниците (Македонци – н.з) од околните ... села. Во втората половина на 19 век  ... (Македонците – н.з) почнале да се претопуваат под влијание на грчката пропаганда, поддржана ... од турската власт, така што градот добил грчка физиономија, иако во жилите на населението течела ... (македонска – н.з) крв, со исклучок на 6-7 семејства, преселени од Москополе и Јанина. (Македонскиот – м.з) елемент се задржал само во крајните маала Горна и Долна Каменица и Арабаџиска. Во 70-тите години на (19 век) во Сер се признавале до 150 (македонски –н.з) куќи, но тие наместо да се зголемуваат, постојано се намалувале и на крајот на 1912 година едвај останале 20, и тоа сиромашни семејства.

Во никој друг град, со исклучок само на Мелник и Лагадина во Македонија погрчвањето на (Македонците – н.з.) не земал таков голем замав како во Сер. За Грците Сер станал втора Атина, каде до 1912 година навистина му обратиле внимание да му дадат чист грчки карактер. И во тој поглед успеале: имаа машка и женска гимназија, многу основни училишта, 28 цркви, седиште на митрополит, гимнастичка сала, театар, 10 аптеки, многу лекари, видни интелектуалци, убави училишни простории - со еден збор, сите културни потреби, кои го тераа вообразениот Серски "Елин" да гледа со презир на сето (македонско – н.з) во градот...

... Преродбата во Сер започна во 1870-тите, кога Грците беа многу понапред... Егзархијата (формирана 1870 год.) од Цариград, осознавајќи за културното и политичко значење на Сер како седиште на простран санџак, не се сепна од материјалните жртви и жестоките прогони на Грците. Создаде важен културен центар со уредена општина, 2 основни училишта, 1 мешовита гимназија и 1 машко педагошко училиште со пансион. Во последните години имаше голем подем.., кој изврши силно влијание на околните (македонски – н.з) градови. Педагошкото училиште даваше голем број наставници за Серскиот санџак. Тоа се здобило со адаптирани простории, кабинети, библиотека и сл. Со еден збор, во културна смисла ние бевме добро позиционирани во Сер до Првата балканска војна. И што стана со она што го создадовме по Втората балканска војна во 1913 год.?

За време на Првата балканска војна, Сер страдаше од пожар од страна на локалните Грци: целиот грчки кварт изгоре, а остана само турскиот, Горна и Долна Каменица и Арабаџиската маала – крајните квартови. Градот остана под грчка власт во последните три години. Поголемиот дел од турското население избегало за време на Првата валканска војна, а сега во нивните куќи се сместени локалните Грци и бегалци од Ксанти, Мелник и Димoтика. Истото важи и во преживеаните (македонски – н.з.) куќи и јавни згради. Просториите на педагошкото училиште и интернат беа преправени од страна на грчките воени власти во болницата на Црвениот крст, а (егзаргхиската – н.з.) црква..  во коњушница. Од богатите училишни кабинети и библиотеки ништо не остана. Едноствен спомен дека тука имало ... училиште е зачуваниот натпис под олуците на старата зграда до црквата за IV класното училиштето, кое гласи:

stoilov1

Овој натпис случајно е зачуван: не може да се избрише, бидејќи е потребна висока скала и е тешко е да се постави. По него фрлаат со нечистотија и кал. Дека не можат да трпат ништо (славјанско- н.з), покажува и следново. Во изгорениот дел на градот во еден хотел на сочуваниот ѕид со натпис на (славјански – н.з) и француски "Македонија" – (славјнаскиот – н.з) дел е замачкан и останал само францускиот...

... На север од Сер, на една височинка постои стара тврдина, на која му се припишува фактот дека веројатно бил поправена од српскиот крал Стефан Душан, кога тој, во 14 век, ја проширил својата земја до реката Места. Од оваа тврдина има урнатини и кула. Од западниот ѕид на кулата има натпис со грчки букви, но не и славјански, како што мисли професорот Јор. Иванов. Кулата е затоа од византиско време. Надписот е направен од цигли; на двете страни има тркала како сонцето, а помеѓу нив е цртеж од цигли, кои се нешто како човек со сфера, сонцето веројатно го држи во раката. Ова лице мора да претставува некој цар.

Еве натпис:

stoilov2

Од овој натпис може да се прочита со сигурност + πύργος… κϑησεν (= кула ... изградена). Грчкиот византолог Папагеоргиу го прочита во овој натпис: Πύργος αὐγούσιον βασιλέως ὄν ἔκτη(σ)σγευ Ὀρηστης = кула изградена од Август Орест [*].

На североисток од градот Сер, на растојание од 2 1/2 часа во Боздаг, се наоѓа познатиот манастир "Продромос" - "Св. Јован Претеча". Овој манастир во минатото и сега игра и игра важна улога: тоа беше поддржувач на грцизмот во Серско. Под покровителство на турската власт, користејќи се со големи привилегии, околните (македонски – н.з) села Лакос, Фраштани, Долно и Горно Броди, Баница, Трлис и др. ги држел во свои раце, одржувајќи ја грчката пропаганда во нив. Тие му се и бесплатни селски наемни работници на имотите кои се состојат од два чифлика во полето, источно од Сер, и многу маслинови дрвја околу манастирот. По палењето на Лакос и Баница од страна на грчките војници за време на Втората балканска војна, нивното население беше сместено во просториите околу манастирот со цел да се притаи.. Во него живеат 20 калуѓери, повеќето (Македонци – н.з) од околните села, некои од нив ... гркомански фанатици.

Манастирот е основан во 1300 година во времето на византискиот император Андроник Палеолог II. Основана е од некој монах Иван од Зихненско... Тука е и гробот на последниот цариградски грчки патријарх Генадиј, кого Турците го затвориле во манастирот по падот на Цариград во 1453 година. Починал во 1456 година. Моштите на ктитор на манастирот св. Јован Зихненски, како и неколку други светии на број 15 се чуваат во манастирот.

Во 1900 година, на П. Иванов, агент на серската бугарска агенција, му расправал за Методиј од с. Зарове (Солунско), ... дека додека бил монах во манастирот "Продромос" (1870), имало два гроба на двајца патријарси. "На еден од гробовите, пишува тој, на мермерната плоча имало натпис дека таму почиваат останките на патријарх Евтимиј." Овие сведоштва тој ги изнесе во неговата статија "Каде починал последниот бугарски патријарх Евтимиј Трновски?" Без да отиде да го провери местото, П. Иванов, кои не и верувал и на научната руска експедиција на чело со Т. Успенски, П. Миљуков, П. Лавров и др., која се произнесе дека тука нема гроб на патријарх Евтимиј Трновски, а нашла само гробница на патријарх Генадиј Схолари (1453-1456), тврди дека имало таков гроб со натпис врз мермерна плоча. Навистина, мојата најтешка потрага по наоѓање на таква гробница на патријархот Евтимиј беше неефикасна. Го видов гробот на патријарх Генадиј со грчки натпис што не наоѓам за потребно овде да наведувам, толку повеќе што прашањето за гробот на патријарх Евтимиј неодамна се разјаснува - погребан бил во Бачковския манастир, како оправдано отпочна прашањето проф. В. Н . Златарски во статијата "Каде и како бил заточен бугарскиот патријарх Евтимиј?", прашање, за кој неправедно беше обвинет во заблуда од многумина наши книжевници.

Во манастирската црква има многу скапоцени антиквитети. На пример, иконите "Св. Богородица " и "Спасител "на иконостасот, како и високоуметничката икона "Симнување на телото на Исус Христос од крстот" и др. Првите две икони се опковани со сребро и убава орнаментика. Вредни се иконите и на иконостасот и опковани со сребро, "Св. Јован Претеча", донација на еромонах Пахомиј ... од селото Вронди (Горно Броди) во 1779 година и "Св. Богородица" од 1612 година. Интересна по своето резбарство е јужната врата и две полици направени од мајсторот Костадин во Трапезунд во 1621 година.

Најважните старини во овој манастир се ракописните споменици, добро сочувани и наредени во камена кула. Постојат четири пергаментни хрисовула на грчки јазик од Андроник Палеолог II и III (биле 7), 100 пергаментни ракописи со религиозна содржина, 200 хартиени ракописи, неколку кондики (повеќето преписи), многу старопечатни книги, преписи на султански фермани, препис на хрисовула од Стефан Душан и други. - 1500 примероци. Меѓу хартиените ракописи има два хронографа од 1611 и 1626 година За жал, меѓу ракописите во оваа библиотека не најдов ниту еден славјански ракопис, иако во литературата во првата половина на XIX век постојат докази дека ги има во овој манастир. И денес, кого и да запрашате од нашите стари книжевници, ќе ви каже дека слушал од луѓе кои престојувале во него, дека виделе такви славјански споменици, но без детали. Научниците мора да бидат многу внимателни на приказните на луѓето, инаку ќе погрешат. Во случајот едно зборува во корист: монасите на овој манастир биле и се речиси сите (Македонци- н.з) од околните села и градчиња и како такви во нив често пати проговорал националниот дух и тежнеењето за (славјанска – н.з) книга, толку повеќе што говорниот јазик им бил (славјански, македонски – н.з), слушале само (македонски – н.з.) говор од околното население, а тоа ми дава причина да мислам дека тука имало славјански споменици, главно ... од поново време. Уште повеќе се формира кај мене убедување за тоа дека во манастирот е одамна постоело училиште, тоа било посетувано претежно од (Македонци-н.з), од кои некои станувале важни пионери на грчката пропаганда во Источна Македонија како учители, свештеници, трговци и сл .; а  други пак вжарени патриоти како Браќа Гологанови, П. Сарафов, Н. Падарев, К. Мавродиев и ред други (сегашниот ѓумурџински митрополит Теодосиј Гологанов е воспитаник на овој манастир).

Значи, зошто сега не постои ниту еден (славјански – н.з) ракопис? Претпоставувам дека и денес се чуваат, но монасите ги кријат. Едно темелно пребарување на манастирските магацини веројатно ќе ги открие нашите антиквитети...

... Наведените два хрисовула, иако се пишувани на грчки јазик, имаат важно значење за номенклатурата на соседните места околу манастирот. Така во хрисовула од Андроник Палеолог II се споменуваат имињата: Ζιχνῶν (Зихна) πόλιν Σερρῶν (денешниот град Сер), τὸ ὄρος τοῦ Μενῖμεως (денешната планина Боздаг, Смајница) Φροντίς (с. Горно Броди) τὸ Νεοχώριον (дн. Ново село, Неохори при ез. Тахино) и др. Интересно е да се трага каде биле населбите на (македонските – н.з.) села, што се споменуваат во овој хрисовул како χώριον Γαστιλέγος, τὸ χώριον Βαρνάρους, τὸ χώριου Βουλγαρϊτζοῦς и др.

Многу се интересни исто географските имиња наведени во хрисовулата од Стефан Душан (тие се потцртани). На пример освен наведените кај Андроник, тука се среќава денешното село Лакос (τοῦ Λακοῦ), Градиште кај Крушево (ὁ Γραδίστος), село Мелникич (τὸ Μελενικιτζϊον). Интересно е и истовремено драгоцено е за науката, дека во времето на овие двајца странски цареви за (македонскиот – н.з) народ во тие места во првата половина на XIV век биле принудени да пишуваат Δημητρϊου τοῦ κρϊλάτος, τοῦ Τζέρνη, τῆς Πλανϊκης, Πράσακα (дн. Просек) Sphalenus, Poleanay и други. - чисто (славјански – н.з.) термини на имиња, а тоа покажува дека во почетокот на XIV век, кога тие места биле под туѓо владеење, (славјански – м.з) елемент бил силен, можеби многу посилен отколку што го гледаме денес.“

Како и во другите делови на Македонија, од каде пронајденото македонско културно наследство е однесено во Бугарија, така и тука етнографот на Втората бугарска армија препорачува: „Ако сегашните политички околности се изменат, на мислење сум, видените од мене старини, како и други кои ќе се најдат, веднаш да се приберат од комисија во состав: етнограф на 2-ри армија Антон П. Стоилов, професорите Гаврил П. Кацаров и Јордан Иванов и П. Чилев, учител во првата машка гимназија во Софија, како експерт за грчки јазик. Таа комисија да одреди од седиштето на Втората армија веднаш штом Грција официјално ќе мине на страната на Согласноста или ние ќе отвориме војна против неа.“

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.